Свет
Четворица загинати во хеликоптерска несреќа во Ретердам
Најмалку четири лица загинале во недела во паѓање на хеликоптер во близина на ротердамското пристаниште, пренесоа холандските медиуми
Очевидците изјавиле дека хеликоптерот од типот „еуросептер ЕЦ130“ паѓал директно надолу во песокот на брегот од Северното Море.Полицијата соопштила дека двајца повредени патници биле спасени од остатоците на хеликоптерот, пренесе DPA.Засега непозната е причината за уривањето на хеликоптерот, кој бил изнајмен за фотографска серија над пристаништето, изјавил портпаролот на пристаништето. “
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украина: Подготвени сме да влеземе во ЕУ и НАТО наместо Унгарија
Украина е подготвена да го пополни секое празно место во Европската Унија (ЕУ) и НАТО доколку Унгарија одлучи да го повлече членството во овие организации за да се приклучи на блоковите предводени од Русија, соопшти денеска украинското Министерство за надворешни работи.
„Украина би била подготвена да го пополни празното место во ЕУ и НАТО доколку Унгарија одлучи да го напушти во корист на членството во евроазиската Заедница на независните држави или на Организацијата на договорот за колективна безбедност“, се наведува во соопштението на украинското Министерство.
Коментирајќи ја изјавата на унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто дека одлуката на Украина да го прекине транзитот на руски гас преку нејзина територија ги зголемила цените, украинското министерство рече дека изјавите се дел од „политички мотивирана информативна кампања насочена кон домашната потрошувачка“ потсетувајќи дека Европската комисија изјави оти одлуката нема негативно влијание врз енергетската безбедност на ЕУ или потрошувачките цени.
„Единствената причина за предизвиците на европскиот енергетски пазар отсекогаш била Русија“, се вели во соопштението обвинувајќи ја Москва дека со децении ја користи енергијата како оружје, како и дека уценува и ја поткопува енергетската безбедност. Во соопштението се додава дека Унгарија треба отворено да признае дали нејзин приоритет е зајакнувањето на Русија пред ЕУ и САД.
На 1 јануари истече петгодишниот договор меѓу Москва и Киев за транзит на руски гас преку Украина по што Украина одби да го продолжи договорот во интерес на националната безбедност.
ЕУ ги почна пристапните преговори со Украина во декември 2023 година. Киев поднесе барање за членство во НАТО во септември 2022 година, неколку месеци откако Русија почна специјална воена операција во Украина.
Свет
Вулкан еруптира во Индонезија
Вулканот Семеру на индонезискиот остров Јава повторно еруптира исфрлајќи пепел на небото над регионот Лумајанг, јавува „Анадолија“.
Според локалните власти, повикувајќи се на Геолошката агенција на Министерството за енергетика и минерални ресурси, вулканската пепел достигнала висина од еден километар.
„Сеизмографот забележа максимална амплитуда од 22 мм, а ерупцијата траеше 165 секунди“, соопштија локалните власти.
Властите ја прогласија областа на осум километри околу Семеру за зона за евакуација.
На 3.676 метри надморска височина планината Семеру е еден од најактивните вулкани во Индонезија, чии ерупции често резултираат со смртни случаи.
Индонезија, која се наоѓа на огнениот прстен на Пацификот, има највисоко ниво на сеизмичка активност и вулкански ерупции во светот со повеќе од 120 активни вулкани.
Регион
Невообичаена сообраќајка во Врање: таксист однел постара жена до гробишта, па ја удрил со автомобил
Невообичаена несреќа се случила на гробиштата Шапранац во Врање, кога таксист возел постара жена, а потоа од невнимание ја удрил со автомобилот.
Таксистот донел жена која се движела со помош на бастун (78), и ја оставил пред црквата на гробиштата Шпаранац. Кога сопатничката излегла, возачот тргнал во рикверц со автомобилот без да ја забележи жената.
Откако ја удрил автомобил, жената паднала и се здобила со скршеница на бутната коска.
Според информации, против таксистот ќе биде поднесена кривична пријава за тешки кривични дела против општата безбедност.