Македонија
Фармерите бараат измени во Законот за данок на доход
Измени во спроведувањето за Законот за персонален данок на доход во земјоделството, кој за прв пат се спроведуваа од оваа година, побара денеска Федерацијата на фармери (ФФРМ).
Измени во спроведувањето за Законот за персонален данок на доход во земјоделството, кој за прв пат се спроведуваа од оваа година, побара денеска Федерацијата на фармери (ФФРМ).Според законот, сите земјоделци кои имаат бруто приход поголем од 1,3 милиони денари (21.500 евра) остварен во една година треба да регистрираат фирма.Оваа вредност се однесувана на приходот без разлика за која реколта станува збор, така што се пресметува се што легнало на сметка во даночната година,без разлика дали станува збор за исплата на две различни реколти.Земјоделството има сезонски карактер поради што во некои сектори често приливите на средства од продадени производи тешко се предвидува кога ќе бидат исплатени укажуваат од ФФРМ, поради што бараат да се укине обврската за регистрирање на фирма.„Земјоделците не бегаат од плаќање на данокот, но бараат да се отстрани лимитот, според кој земјоделец со остарен приход од 1,3 милиони денари е обврзан да премине во правно лице“, изјави претседателот на ФФРМ Ѓоко Данаилов.Тој посочи дека дополнителен проблем од овој закон е поделбата фармерите, на оние кои земјоделците им е основна дејност, и на оние на кои им дополнителна дејност.Согласно законот, оние фармери на кои земјоделството им е основна дејност, а не остваруваат приход поголем од 300.000 денари (5.000 евра) ослободени се од паушално плаќање на данокот.Оваа одредба не важи за фармерите чија дополнителна дејност им е земјоделието.ФФРМ укажува дека од страна на УЈП стечајците кои се занимаваат со земјоделие се третираат како фармери со дополнителна дејност и бараат измена, бидејќи нивна основна дејност е земјоделието.Поради овие причини ФФРМ јавно побара средба со министерот за финансии за да му ги посочи наведените проблеми. Федерацијата на фармери денеска побара и измени на програмата за рурален развој, укажувајќи дека треба да се вратат мерките за подигнување на оранжерии и за модернизирање на сточарските фарми. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение, свртел на место каде не смеел
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, согласно член 300 став 4, во врска со член 297 став 3 и став 1 од Кривичниот законик.
Обвинението се однесува на тешката сообраќајна несреќа што се случи на 14 септември, по полноќ, во скопското село Марино, во која животот го загуби 16-годишниот Матеј Димовски, а неговата 13-годишна сопатничка беше тешко повредена.
Според Обвинителството, по спроведена истражна постапка, обезбедени се сите релевантни докази и извршени се соодветни вештачења со кои се утврдени причините за несреќата.
Обвинетиот управувал патничко возило „Хјундаи Тусон“, при што не се придржувал до сообраќајните прописи и со своето однесување го загрозил јавниот сообраќај и безбедноста на учесниците.
„Осомничениот непрописно свртел со возилото, без претходно да се увери дека маневарот може да го изврши без да ги загрози другите учесници во сообраќајот“, наведува Обвинителството.
Во тој момент, во возилото удрил мотоцикл марка „Јијинг“, без регистарски ознаки и без вградени светлосни уреди, со кој управувал починатиот 16-годишник. Според официјалните наводи, мотоциклистот немал возачка дозвола, а ниту тој ниту неговата сопатничка не носеле заштитни кациги.
Како последица на тешките повреди здобиени во сообраќајната несреќа, малолетниот возач на мотоциклот починал, додека девојчето кое било сопатник се здобило со тешки телесни повреди.
Македонија
Скопје руши рекорди по загаденост, утрово е втор град во Европа
Според светскиот сервис IqAir Скопје утрово е на 20 место во светот, а второ во Европа по загаден воздух.
Доколку се следат податоците од апликациите кои ја мерат загаденоста на воздухот, Скопје и утрово е град со многу висока загаденост. Според светскиот сервис IqAir Скопје утрово е на 20 место во светот, а второ во Европа по загаден воздух.
Најзагаден воздух утрово дишат жителите на населбата Илинден.
Министерството за животна средина алармираше дека е надминат прагот на алармирање. Загадувањето во Скопје е децениски проблем особено во зимскиот период и времетраењето на грејната сезона.
Македонија
Студено утро со измерени -5 степени во Берово
Најстудено изутринава е во Берово, каде се измерени – 5 степени, по што следуваат Битола и Струмица, -4, Скопје-Петровец и Штип, – 3, Демир Капија, Велес и Куманово, – 2. Во Тетово, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Гевгелија, Прилеп, Mаврови Анови и Претор температура од – 1, Крива Паланка, Попова Шапка, 0, Охрид, 1, Виница и Kрушево 2, информира Управата за хидрометоролошки работи (УХМР).
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко со појава на магла. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.
УХМР најави дека до вторник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. По одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Од вторник кон крајот на денот и во следните денови ќе има повремени локални врнежи од дожд. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег.

