Македонија
Граѓанскиот сектор незадоволен од предлог-законот за здруженија и фондации
Предлог-законот за здруженија и фондации кој денеска ќе се најде пред Собранието е ограничувачки, регресивен и содржи недоследности.
Предлог-законот за здруженија и фондации кој денеска ќе се најде пред Собранието е ограничувачки, регресивен и содржи недоследности.
Ова е заклучокот од денешната јавна дебата за новиот предлог-закон за здруженија и фондации која ја организирање Фондација Институт отворено општество, а на која присуствуваа претставници од невладиниот сектор, експерти и претставници од Министерството за правда.
Владимир Милчин, извршен директор на Фондацијата „Институт отворено општество“ нагласи дека сегашната форма на предлог-законот за здруженија и фондации буди чувство на разочараност од исходот на учеството на невладините организации во неговото креирање.
Милчин истакна дека сегашниот предлог-закон е многу различен од она што било дискутирано во работната група во која учествувале и претставници на граѓанскиот сектор.
„Главна цел на новиот предлог закон треба да биде зголемување на учеството на граѓанскиот сектор во процесот на донесување на одлуки, па затоа очекувавме дека законот ќе биде полиберален и потранспарентен. Но, од она што може да го видиме, нашите надежи беа илузорни“, нагласи Милчин.
„Со новиот предлог-закон извршната власт сака да преземе функции и надлежности кои не и припаѓаат, а фактот дека пратениците кои беа поканети не присуствуваат на оваа дебата покажува дека тие бегаат од соочување со граѓанскиот сектор“, нагласи Милчин.
На дебатата присуствуваше и Загорка Поповска од Министерството за правда која рече дека Министерството во процесот на изработка на новиот предлог-закон работело како партнер со невладиниот сектор, а не како спротивставена страна.
Поповска додаде дека сите забелешки биле земени во предвид и дека Министерството за правда се обидело да ги вметне во новиот предлог-закон.
На јавната дебата беше заклучено дека во новиот предлог-закон постојат знаци кои укажуваат на рестриктивност и ја ограничуваат улогата на граѓанскиот сектор во општеството и дека се среќаваат одредби со кои се нудат поограничувачки решенија во споредба со важечкиот Закон за здруженија и фондации.
Најголем акцент беше ставен на недоследностите околу статусот од јавен интерес како институт кој досега не постоеше во правниот систем, како и на можностите на граѓанските асоцијации да учествуваат во јавниот живот и во креирањето политики и прописи и усложнување на организационата структура на здруженијата и фондациите./крај/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.