Свет
Ја разграбаа Македонија, а сега го сакаат и Бунарџик

Сојузот на стопански комори се спротивстави на иницијативата на Стопанската комора нејзини фирми-членки да ги користат бенефициите во слободната економска зона Бунарџик.
Сојузот на стопански комори се спротивстави на иницијативата на Стопанската комора нејзини фирми-членки да ги користат бенефициите во слободната економска зона Бунарџик. Според претседателот на ССК, Венко Глигоров, фирмите што биле наведени од Стопанската комора за учество во зоната имаат најмалку право да бараат еднакви услови со светските брендови.
– За време на транзицијата, тие по непазарни услови и со сомнителни трансакции ги презедоа фабриките и големите фирми и буквално ја разграбаа речиси цела Македонија – вели Глигоров.
Се прашуваме, велат од Сојузот, дали и тогаш бараа од Владата еднакви услови за внатрешните и за надворешните инвеститори.
Како што вели Глигоров, ССК ја поддржува Владата да дава повластени и еднакви услови за домашни и за странски инвеститори, но само ако постојат цврсти критериуми за инвестирање, а фирмите да поднесуваат цврсти докази дека повластувањата нема да бидат злоупотребени.
Фирмите, смета Глигоров, што имаат намера да инвестираат во Бунарџик треба да поднесат елаборат за тоа што ќе работат и дали нема да го прекршуваат Законот за конкуренција, потоа колку нови работни места ќе отворат и колку извоз ќе се прави.
За Владимир Тодоровиќ, член на раководството на ССК и сопственик на „Тинекс“, подобро би било кога Владата би им дала подобри услови на светските брендови.
– Тие ќе формираат финални производи наменети претежно за странскиот пазар, а нивните производи ни приближно нема да им бидат конкуренција на домашните. Интересни би можело да бидат телефонијата и автомобилската индустрија – вели Тодоровиќ.
Сојузот на стопански комори изрази загриженост по барањето на Стопанската комора, кое, како што се наведува во соопштението, „ свесно или несвесно може да ги одврати светските брендови за инвестирање во Македонија“.
Стопанската комора најави дека ќе достави иницијатива до Владата дел од слободната економска зона Бунарџик да користат „Мермерен комбинат“, „АМАК – СП“, „Леов компани“, „Гранит“, „Ренова“, „Фершпед“, „Витаминка“, „Топлификација“ и „ИГМ Треид“.
Од Владата велат дека се уште не ја добиле иницијативата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Прекинати летовите на главниот аеродром во Бангладеш, избувна пожар

Властите во Дака ги прекинаа сите летови на Меѓународниот аеродром Хазрат Шахџалал, главниот аеродром во Бангладеш, по пожар во товарниот дел. Талха Бин Засим, портпарол на Противпожарната служба и Одделот за цивилна одбрана, изјави дека 32 противпожарни возила биле распоредени за гаснење на пожарот, кој започнал денеска попладне.
Управата за цивилно воздухопловство на Бангладеш ги прекина сите летови веднаш по инцидентот, наведувајќи дека операциите ќе останат запрени до понатамошно известување.
Покрај националната противпожарна служба, единици од Воздухопловните сили и Морнарицата на Бангладеш се придружија на напорите за гаснење на пожарот, според Одделот за односи со јавноста меѓу службите.
Причината за пожарот сè уште не е позната.
Снимките од местото на настанот покажаа црн чад како се извишува над аеродромот.
Како одговор, државната авиокомпанија „Биман Бангладеш ерлајнс“ пренасочи четири од своите летови, кои требаше да слетаат во Дака, кон аеродромите во Силхет и Чатограм.
Свет
Од јануари до септември годинава, Албанија пречекала 10.228.686 туристи

Министерот за туризам, култура и спорт, Бленди Гонџја, на социјалните мрежи објави дека „од јануари до септември годинава, Албанија пречекала 10.228.686 туристи, што претставува зголемување од 6 отсто во споредба со истиот период минатата година“.
“Овој позитивен тренд сведочи за одржливиот развој на туристичкиот сектор и за заедничката посветеност на промоцијата на Албанија како гостопримлива и сè поатрактивна дестинација”, напиша Гонџја.
Додава дека од албанските алпи до долгата крајбрежна линија, земјата нуди комплетен туристички пакет за секој тип туристи, а секоја година се шири и мапата на земјите од кои доаѓаат.
“Туристите ја избираат Албанија не само поради нејзините прекрасни плажи и поволната клима, туку и поради нејзините планински предели со импресивни природни пејзажи, антички градови со историска и културна вредност, како и нејзиното гостопримство и традиционална кујна”, оценува тој.
Според него туризмот станал активност што трае цела година и не само што генерира значителни приходи за економијата, туку ја промовира Албанија како дестинација што е посетувана во текот на цела година.
Минатата година Албанија ја посетиле над 11,7 милиони туристи или 15,2 отсто повеќе од претходната. Очекувањата за годинава се над 12 милиони туристи, што, посочува Гонџа, ќе бидат остварени.
Свет
Во експлозија на фабрика во Русија загинаа три жени

Три жени загинаа во експлозија што се случи вчера во фабриката „Авангард“ во градот Стерлитамак во Република Башкортостан во југозападна Русија, изјави денеска гувернерот Радиј Хабиров.
-За жал, загинаа три лица, сите жени. Меѓу нив беше и млада жена родена во 2002 година. Две жени оставија зад себе деца. Компанијата ќе ја обезбеди потребната поддршка, а ќе биде исплатена и отштета. Изразувам искрено сочувство до семејствата на жртвите, објави Хабиров на социјалните мрежи.
Уште пет лица се хоспитализирани – две со сериозни повреди и три со умерени, но гувернерот потврди дека нивните животи не се во опасност.
Хабиров рече дека една од зградите е уништена во експлозијата и потврди дека немало напад со дрон.