Македонија
Крлиу: Очекуваме проширувањето на Алијансата да биде соодветно адресирано
чекуваме дека проширувањето на Алијансата соодветно ќе биде адресирано во Новиот стратешки концепт, а тоа се и очекувањата на другите земји од регионот, изјави вечерва Државниот советник за политичка безбедносна соработка и мултилатерални односи, Оливер Крлиу
По официјалното започнување на семинарот посветен на Новиот стратешки концепт на НАТО во организација на македонското МНР, Оливер Крлиу посочи дека Стратешкиот концепт е важен за Македонија и изрази надеж дека со него ќе се продолжи проширувањето на Алијансата. „Проширувањето на НАТО беше огромен успех и нема никаква причина тој процес да не продолжи. Тој треба да се засили со сите заинтересирани земји за членство во НАТО, особено оние кои навистина го заслужуваат тоа“, рече Крлиу. Од семинарот кој треба да продолжи во текот на утрешниот ден тој очекува да се фрли како што рече повеќе светло врз очекувањата на земјите кои се кандидати за членство во НАТО. „Очекуваме анализи, ставови, пред се од членките на НАТО од Повелбата за партнерство, тоа се Хрватска, Албанија и се разбира САД да фрлат малку повеќе светло на она што може да се очекува и што се идеите на земјите кои се кандидати за членство“, рече Крлиу. Тој додаде дека со другите аспиранти, Босна и Херцеговина и Црна Гора се очекува размена на мислења околу тоа што ќе значи за регионот Новиот стратешки концепт на НАТО и како идните членки да го најдат како што истакна своето место таму. Генерално стратешкиот концепт според Крлиу треба да ги содржи новите идеи за трансформацијата на Aлијансата и нејзино прилагодување на новите предизвици и опасности со кои се соочува евроатланската заедница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

