Економија
Еврото зајакна поради надежите за напредокот на самиот на ЕУ

Еврото во понеделникот поддршката за растот на меѓународните пазари на валутите ја доби од новиот план за штедење на Италија и очекувањата дека лидерите на Европската унија ќе договорат сеопфатна програма за надвладувањето на должничката криза во еврозоната.
Еврото во понеделникот поддршката за растот на меѓународните пазари на валутите ја доби од новиот план за штедење на Италија и очекувањата дека лидерите на Европската унија ќе договорат сеопфатна програма за надвладувањето на должничката криза во еврозоната. Еврото во текот на денот во однос на американскиот долар зајакна за 0,3 отсто и со него се тргуваше за 1,3440 долари. Доларот, пак, ослаби во однос на јапонскиот јен за 0,18 отсто на 77,82 јени. Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Николас Саркози под притисокот да ги усогласат ставовите во врска со централизирањето на надзорот на буџетите на земјите членки на еврозоната., коишто во понеделникот се состанаа во Париз за да ги изработат предлозите кои ќе ги изложат на самитот на Европската унија на 9-ти декември. Инвеститорите ги охрабри и веста дека италијанскиот премиер Марио Монти во неделата го претстави планот за мерки за штедење во вредност од 30 милијарди евра. Многумина се надеваат дека ЕУ ќе преземе до петокот некои чекори во насока на фискалната унија, а се очекува дека ќе биде постигнат договор за промена на европскиот договор кој би обврзувал на буџетска дисциплина во 17-члената еврозона. Таквиот исход, сепак, е далеку од извесност, имајќи ги предвид тешкотиите во обидите да се постигне договор меѓу толкав број земји членки. Во центарот на вниманието на инвеститорите е и заседавањето нa Европската централна банка (ECB) коешто ќе се одржи во четврток, еден ден пред самитот на ЕУ. Се очекува намалување на каматните стапки и нови мерки за зголемување на ликвидност ана банките. Иако намалувањето на каматните стапки во нормални околности би претставувала лоша вест за еврото, аналитичарите сега очекуваат дека единствената европска валута ќе се најде под притисок на продажбата доколку ECB не презема акција за поддршка на стопанството и ублажување на должничката криза. „Парадоксално е што еврото, доколку ECB и не ги намали каматните стапки, веројатно позначително ќе ослаби, бидејќи инвеститорите ќе оценат дека централната банка сериозно ја потценува кризата со којашто е соочена“, се вели во соопштението на Мансур Мохиудин, валутен стратег во швајцарската „UBS“ за клиентите што ја пренесува Reuters.Анкетата на агенцијата во која учествувале 73 економски аналитичари, покажува дека постои 40-процентна веројатност дека ECB идните шест месеци ќе ја покрене програмата за купување државни обврзници на паднатите членки од еврозоната за што ќе користи свежи емитирани пари, на што досега се спротиставуваа европските политичари./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
СДСМ: Инфлација од 4,4 проценти беснее и во август, власта не носи ниту една мерка

Растот на трошоците за живот не запира, статистиката повторно регистрира зголемување на инфлацијата и цените на мало, реагираат од СДСМ.
Како што истакнуваат, според најновите податоци на Државниот завод за статистика, инфлацијата на годишно ниво, односно август 2025 година споредено со август 2024 година, бележи зголемување од 4,4%. Најголемо зголемување има на трошоците за храна и безалкохолни пијалаци од 6,2 %.
„Во истиот период, цените на мало поскапеле за 4,1%. Дури за 6,7% се зголемени цените на мало за прехранбени производи.
Ова е реалноста која ја живеат македонските граѓани – животот станува сѐ поскап, инфлацијата ја јаде куповната моќ.
Ова е резултатот од погрешните и аматерски економски политики на владата предводена од Христијан Мицкоски.
Колку и да сака премиерот Мицкоски да прикаже дека во државата добро се живее, статистиката не лаже, граѓаните ја чувствуваат сиромаштијата на свој грб.
Оваа влада покажа дека ниту има стратегија, ниту капацитет да ја заузда растечката инфлација. Жално е што владата на ВМРО-ДПМНЕ покажа дека нема желба да им помогне на граѓаните и да преземе конкретни мерки за заштита на животниот стандард“.
Според опозициската партија, додека граѓаните прават математики како да го протуркаат месецот, власта се расфрла со народни пари за свои луксузи и партиски интереси.
„Нема пари за повисоки плати, но има пари за милионски тендер за скапа опрема за промоција и организирање на настани.
СДСМ постојано предупредува на растечкиот тренд на инфлацијата и понуди конкретни решенија за раст на платите и намалување на цените, кои владејачкото мнозинство не ги прифати. Сега повторно бараме владата да преземе итни мерки за заштита на животниот стандард, граѓаните не смеат да бидат жртва на погубните политики на оваа власт“.
Економија
Поскапуваат бензините и дизелот

Од ноќеска на полноќ цените на бензините и на дизелот ќе се зголемат за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 10.9.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 37,148 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,245 ден/кг и сега изнесува 37,148 ден/кг.
Економија
Славески на средба со извршниот директор на АФИ: Поттикнување на финансиската вклученост како предуслов за економскиот развој

За време на Глобалниот форум на Алијансата за финансиска вклученост (АФИ), кој се одржува во Намибија, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари средба со извршниот директор на АФИ, Алфред Ханиг. На средбата се разговараше за напорите на Народната банка за подобрување на пристапот до финансиски услуги, зголемување на финансиската писменост и промовирање на дигиталните финансиски канали.
„Финансиската вклученост е клучен предуслов за повисока економска активност и доход. Народната банка континуирано работи на олеснување на пристапот до финансии, заштитата на потрошувачите и промовирaњето на дигиталните и зелените финансии,“ истакна гувернерот Славески.
Според последните податоци од Светската банка, 84% од населението над 15 години во земјава поседува сметка, што претставува највисоко ниво во регионот на Западен Балкан. Користењето дебитни и кредитни картички расте, при што 76% од граѓаните ги користат за плаќања, а 62% од сопствениците на сметка вршат онлајн плаќања.
На средбата беше истакнато дека натамошното унапредување на финансиската вклученост, особено кај младите, жените и ранливите групи, е од стратегиско значење за економскиот развој и стабилноста на земјата.
Гувернерот Славески и извршниот директор на АФИ, Ханиг се согласија дека размената на искуствата и соработката меѓу централните банки и меѓународните институции ќе придонесе за натамошно зајакнување на финансиската вклученост и зголемување на довербата на населението во финансискиот систем.
АФИ е глобална мрежа за финансиска вклученост, која опфаќа централни банки и финансиски регулатори од 84 земји во светот, овозможувајќи размена на знаење и искуства, како и развој на ефективни политики за финансиска вклученост.