Свет
Полска: два дена жалост за жртвите од железничката несреќа
Полскиот претседател Бронислав Коромовски прогласи понеделникот и вторник ги прогласи за денови на национална жалост за жртвите во тешката железничка несреќа што се случи во саботата навечер.
Полскиот претседател Бронислав Коромовски прогласи понеделникот и вторник ги прогласи за денови на национална жалост за жртвите во тешката железничка несреќа што се случи во саботата навечер. Како што соопшти кабинетот на полскиот претседател, за денови на жалост се прогласени -ти и 6-ти март, која полското национално знаме ќе биде спуштено на половина копје а се откажани и сите спортски, културни и забавни настани. Во судирот на двата патнички воза на линиите Варшава-Краков и Пшемисл-Варшава со вкупно 350 патници кои се најдоа на иста пруга во саботата навечер во 21 часот кај местото Шчекоцин, 200 километри јужно од главниот град Варшава, загинаа 16 луѓе а околу 60 се повредени. Меѓу загинатите е идентификувана е американска државјанка, а според непотврдени информации меѓу жртвите е и една државјанка на Русија. Меѓу повредените се и шест граѓани на Украина, и по еден Молдавец и Чех.Засега се идентификувани 14 од жртвите на најголемата железничка несреќа во Полска во последните дваесет години./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Премиерката на Бангладеш: Сопствениците на фабрики да се откажат од луксузот заради вработените
Премиерката на Бангладеш Шеиха Хасина за време на своето обраќање по повод празникот Први мај ги повика сопствениците на текстилните фабрики и другите фабрики од Бангладеш да ги подобрат условите за работа на своите вработени со тоа што ќе се откажат од дел од својот луксуз.
„Сакам сопствениците (фабриките) да посветат посебно внимание на работниците, намалувајќи го малку нивниот луксуз, бидејќи работниците ви дадоа простор да водите луксузен живот со зголемување на производството со нивната напорна работа“, рече Хасина.
Таа, исто така, ги предупреди работниците да ги игнорираат повиците за штрајк бидејќи „на тој начин работниците понекогаш всушност си нанесуваат штета себеси, на своите семејства, на земјата и на сопствениците на фабриките“, пренесува агенцијата БСС.
Свет
Уривање на дел од автопат во Кина: Најмалку 24 лица загинаа, 30 се повредени
Најмалку 24 лица загинаа, а 30 се повредени при уривање на дел од автопат на југот на Кина, во провинцијата Гуангдонг, јавија кинеските медиуми.
„Осумнаесет автомобили паднаа по падината откако се урна дел од автопатот долг 17,9 метри околу 2 часот по полноќ“, се вели во соопштението на властите во градот Мејџоу во провинцијата Гуангдонг, пренесува АП.
Според американската агенција, околу 11:45 часот по локално време под урнатините биле пронајдени 18 автомобили.
Свет
Блинкен им порача на Израел и Хамас дека е време за прекин на огнот
Државниот секретар на Соединетите Држави (САД) Ентони Блинкен се состана со израелските лидери на 1 мај, за време на посетата на Израел, а во таа прилика му порача на претседателот на земјата дека „е дојдено времето“ за договор за прекин на огнот во војната во Газа.
Ова е седма посета на Блинкен од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас – палестинска група прогласена за терористичка организација од страна на САД и Европската Унија уште од октомври.
Блинкен се обидува да постигне договор кој би ги ослободил заложниците кои ги држат милитантите на Хамас во замена за прекин на борбите. Како дел од договорот се очекува да бидат ослободени и палестинските затвореници.