Свет
Интерпол без барање за распишување за потерница за Шинаватра
Генералниот секретар на Интерпол, Роналд Нобл денеска изјави дека меѓународната полициска организација од Тајланд, до сега не добила барање за распишување потерница за поранешниот тајландски премиер, Таксин Шинаватра.
Генералниот секретар на Интерпол, Роналд Нобл денеска изјави дека меѓународната полициска организација од Тајланд, до сега не добила барање за распишување потерница за поранешниот тајландски премиер, Таксин Шинаватра.
„Ние мораме добро да размислиме, зошто тајландската влада бара да се издаде црвена потерница за кривично дело тероризам, за кое во таа земја е предвидено смртна казна. Ве уверувам дека ќе реагирам што е можно поскоро“, рече Нобл.
Судот во Тајланд во вторникот издаде налог за апсење на Таксин Шинаватра по обвиненијата за тероризам за наводна вмешаност во двомесечните демонстрации на неговите поддржувачи, во кои животот го загубија 88 лица.
Шинаватра деновиве престојуваше во Црна Гора, чие што државјанство и поседува.
Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ во интервју за агенцијата Асошиејтед прес (АП) рече дека Црна Гора нема да го испорача поранешниот тајландски премиер, бидејќи нејзиниот устав го забранува тоа.
Но, Црна Гора, според зборовите на нејзиниот премиер, сака да го изведе Шинаватра пред суд ако добие доволно докази од Тајланд.
Ѓукановиќ рече дека Шинаватра во неколку наврати бил опоменат да не ја користи територијата на Црна Гора за активности кои ги поткопуваат владите на другите земји“.
Тајландските иследници тврдат дека поранешниот премиер Таксин Шинаватра, кој беше соборен од власта со воен удар без пролевање крв во 2006 година, помогнал во планирањето и финансирањето на антивладините протести на црвените кошули, според информациите од државната новинска агенција на земјата.
Адвокатот на Таксин излезе со соопштение во кое се тврди дека обвиненијата покажуваат дека сегашната влада предводена од премиерот Абхaсит Веџаџива нема легитимитет. „Режимот на Абхасит, кој ја има поддршката на армијата, ја изопачи правдата на тој начин што поведе обвинение што не ја почитува логиката, правото и секоја надеж за помирување“, изјави адвокатот Роберт Амстердам.
Од неговиот самонаметнат егзил во странство за да избегне судски процес по обвиненија за корупција, Таксин минатата недела изјави дека не е лидер на Обединетиот фронт за демократија, официјалното име на опозицијата, и дека нивното барање за распишување нови избори не е дадено во негово име.
Тој додаде дека владата има одговорност да го пронајде и судски да ги гони сите одговорни за какви било терористички акти. „Никогаш не сум се согласувал ниту сум одобрувал употреба на насилство“, изјави тој. „Верувам во мирот. Ја сакам својата земја исто колку и секој припадник на оваа влада. Верувам во мирни и ненасилни средства за окончување на конфликтот и се противам на секаква употреба на сила“./крај/бл/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп им се закани на сите земји кои нема да го поддржат за Гренланд
Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе царини на земјите кои не го поддржуваат неговиот план САД да ја преземат контролата врз Гренланд.
„Можам да ставам царини на земјите ако не се согласат за Гренланд, бидејќи ни е потребен Гренланд за национална безбедност“, рече Трамп на тркалезната маса во Белата куќа за руралното здравје.
Трамп постојано изјавува дека САД апсолутно мора да го преземат Гренланд, со што дополнително ќе го зголемат притисокот врз Данска, на која формално ѝ припаѓа островот.
Неговата изјава доаѓа по состанокот во Белата куќа во средата, на кој присуствуваа данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен и министерката за надворешни работи на Гренланд, Вивијан Мотцфелд, заедно со американскиот државен секретар Марко Рубио и потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс.
Истиот ден, Врховниот суд на САД објави дека очекува во вторник да донесе долгоочекувана одлука за легалноста на царините на Трамп. Прашањето е дали претседателот може сам да воведе царини или за тоа е потребно одобрение од Конгресот.
Трамп зборуваше на состанок кој формално беше посветен на инвестиции во руралните средини, но за време на говорот, како што е неговиот обичај, тој се осврна и на други политички теми.
фото/Depositphotos
Свет
Макрон и Мелони предлагаат разговори со Путин, Стармер не сака
Британскиот премиер Кир Стармер „нема планови“ да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, како што предложија францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџа Мелони, изјави денес портпарол на Даунинг стрит.
„Премиерот нема планови да разговара со претседателот Путин. Неговата цел е јасно да ја поддржи Украина во постигнувањето праведен и траен мир и да ја стави земјата во најсилната можна позиција да ја продолжи борбата и да се движи кон мировни разговори“, изјави портпаролот за новинарите.
Портпаролот додаде дека рускиот претседател „досега не покажал знаци“ дека сака да ја заврши војната во Украина. Тој исто така нагласи дека британската влада има „редовен“ контакт со руската влада, особено преку нејзината амбасада во Москва.
Кремљ претходно го оцени како „позитивен“ фактот што некои европски земји изразија подготвеност да го продолжат дијалогот прекинат по почетокот на рускиот напад врз Украина во 2022 година. Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, ја критикуваше позицијата на Обединетото Кралство, велејќи дека „засега останува на радикални позиции“ и „не сака да придонесе за воспоставување мир“.
„Ставот на Лондон е деструктивен по природа“, рече Песков.
Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, изјави на почетокот на јануари дека „дојде време кога Европа треба да разговара и со Русија“, залагајќи се за европски „специјален претставник“ кој ќе им овозможи да зборуваат со еден глас.
Францускиот претседател, Емануел Макрон, во декември 2025 година изјави дека Европејците „ќе имаат корист од повторното разговарање со Владимир Путин“ како дел од „сеопфатен дијалог со Русија“, додека германскиот канцелар Фридрих Мерц потврди во средата дека „наоѓањето долгорочна рамнотежа со Русија“ ќе ѝ овозможи на Европската Унија „да гледа кон иднината со поголема доверба“.
Со оглед на тоа што американскиот претседател Доналд Трамп го обнови контактот со својот руски колега, застапниците на обновениот дијалог тврдат дека Европа, останувајќи настрана, ризикува да биде ништо повеќе од адут за преговарање во евентуално политичко решение за војната во Украина и, пошироко, во обновувањето на односите меѓу САД и Русија.
фото/епа
Свет
Зеленски: Украинскиот тим оди во САД за да разговара за безбедносните гаранции
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека украинската делегација е на пат кон Соединетите Американски Држави за да разговара за безбедносните гаранции и пакет мерки за зајакнување на напредокот на земјата.
Во исто време, тој изрази надеж дека документите за овие прашања би можеле да бидат потпишани на маргините на Светскиот економски форум во Давос следната недела, објави Ројтерс.
На прес-конференција во Киев, Зеленски, исто така, рече дека украинската делегација се надева дека ќе добие појаснувања од САД за ставот на Русија кон дипломатските напори поддржани од Америка за завршување на војната.
Во понеделникот, најавувајќи го состанокот, Зеленски рече дека го слушнал деталниот извештај на преговарачкиот тим за контактите со американската страна и наредил документот за безбедносните гаранции за Украина да се финализира.
Според него, украинската делегација дефинирала јасен план за дејствување за следните 14 дена, што вклучува подготовка на документи и подготовка за нивно евентуално потпишување, а текстот „достигнува ниво што ќе обезбеди стратешка одбрана на земјата“, пренесува Танјуг.

