Македонија
Кривична пријава за адвокат од Скопје
Министерството за внатрешни работи кривично го гони скопскиот адвокат Киро Џерков осомничен за измама и фалсификување, соопшти МВР.
Министерството за внатрешни работи кривично го гони скопскиот адвокат Киро Џерков осомничен за измама и фалсификување, соопшти МВР.
Адвокатот зел околу 900 евра од жена која ја излагал дека покренал судска постапка за парично обештетување на нејзината ќерка, која претходно имала тешка сообраќајна несреќа.
Девојката во сообраќајна незгода во 2007 година се здобила со тешки телесни повреди, по што го ангажирале адвокатот да ги застапува во постапката за добивање надомест на штета од КЈУБИ Македонија Скопје.
Врз основа на поднесеното барање, од КЈУБИ на пријавениот му бил доставен Предлог вонсудска спогодба на износ од околу 7.300 евра на која сума оштетената не се согласила.
Семејството побарало адвокатот да поднесе приватна тужба за што адвокатот побарал околу 900 евра.
Во јануари 2008 година семејството ги уплатило парите, а по две години адвокатот им се јавил и ги информирал дека постапката е завршена и дека треба да се обратат кај извршител во Скопје за да ги добијат парите.
Семејството неуспешно неколку пати се обидувало да ја добие пресудата од Основниот суд 2 Скопје.
Затоа побарале проверка во архивата на судот за да видат дали постои таков предмет. Но, тогаш сфатиле дека се измамени. Под тој број бил заведен предмет кој се однесувал на други лица.
Исто така, лани адвокатот направил лажна исправа за која наплатил 9.000 денари, а оштетениот ја искористил во постапката за приватизација на градежно земјиште.
Адвокатот му дал фалсификувано решение за приватизација на градежно земјиште кое што го изготвил сам. За ова дело адвокатот ќе одговара за фалсификување на лична исправа./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава
Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, неделава забрани увоз на 22,3 тони киви наменети за индустриска преработка и издаде решение со наредба за нештетно уништување.
Како што информираат од АХЦ, станува збор за 22.340 килограми од овој вид овошје, увоз од Република Србија, за која пратка, со органолептички преглед од страна на инспектор за храна, утврдено е дека истата не е безбедна за увоз и за понатамошна преработка.
-На увозникот издедено му е решение со наредба за нештетно уништување на спорните количини киви, по добиеното известување од негова страна дека пратката не може да се врати во земјата извозник, стои во соопштението од Агенција за храна и ветеринарство.
Македонија
Променливо облачно со магла и малку сонце
Времето денеска ќе биде променливо облачно и тивко со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко со појава на магла претпладне. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Во понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. По одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Од вторник кон крајот на денот и во следните денови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег.
Македонија
Возете внимателно, маглата ја намали видливоста на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла од 100 до 200 метри има од Тетово – Скопје – Куманово – Кочани – Сарамзалино – Велес – Неготино – Д.Капија и магла со видливост до 50 метри има Битола – Прилеп – Ѓавато – Ресен – М.Брод – Кичево и Дебар, информираат од АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

