Регион
Јорданец се заканувал дека ќе ја отвори вратата на авион за Белград

Јордански државјанин со американски пасош се обидел да упадне во кабината на пилотите во авионот на „Луфтханза“ кој летал од Франкфурт во Белград, но бил совладан од патниците и персоналот, јавуваат српските медиуми.
Авионот безбедно слетал во Белград, а полицијата патникот го пренесла во Полициската управа во Белград, каде е во тек негово сослушување.
Драмата започнала над небото на Австрија, кога Јорданецот се заканил дека ќе ја отвори вратата на авионот. Тој најпрвин тропал на вратата на кабината на пилотите, викајќи „Ќе ја отворам вратата на авионот“.
Сепак патниците успеале да го совладаат, па авионот безбедно слетал во Белград попладнево во 12.45 часот.
Според првичните информации, екипажот на авионот не го пријавил инцидентот на контролата за летање. По полетувањето полицијата влегла во авионот и го извела патникот по име Лакен од авионот.
Српски „Курир“ пишува дека во авионот биле и играчите на ракометниот клуб „Војводина“.
„Лакен сакаше да ја отвори вратата и да предизвика хаос. Цело време зборуваше да го изгубил разумот и дека сака сите да одиме кај Алах. Ситуацијата беше напната. Лакена го обезбедуваа играчи на ракометниот клуб „Војводина“ и авионот безбедно слета во Белград“, изјавил извор за „Курир“.
Останатите патници не знаеле што се случува и дознале за инцидентот откако тоа им го соопштила полицијата на аеродромот. Ракометарите се враќале од гостување во Порто, каде во саботата играа натпревар во Лигата на шампиони./крај/мф/ффс
Извор: Танјуг
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Црна Гора го прогласи 14 август за Ден на жалост поради смртта на војникот

Владата на телефонска седница одлучи задутре, 14 август, да го прогласи за Ден на жалост поради смртта на војникот, кој денес загина при превртување на цистерна додека помагаше во гаснење пожар.
Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Регион
Објавен идентитетот на војникот кој загина во Црна Гора кога се преврте цистерна за гаснење пожар

Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Помладиот водник Божовиќ бил припадник на 1-ви пешадиски баталјон, оженет и татко на четири деца. Тој бил во Армијата од 2006 година и бил митралезец на 120-милиметарски минофрлач.
Повредениот водник Иковиќ, исто така припадник на 1-ви пешадиски баталјон, бил лекуван и префрлен на медицинска помош. Тој има сериозни повреди, но во моментов е во стабилна и свесна состојба.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Фото: Принтскрин
Регион
Додик ја откупи едногодишната затворска казна

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, ги исплати парите што ги искористи за замена на едногодишната затворска казна што ја доби по конечната пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник, објави Кликс.ба.
„Одлучувајќи по барањето на одбраната на осудениот Милорад Додик за замена на изречената затворска казна со парична казна, Судот, во согласност со законските прописи, донесе одлука со која, по изјавата на Обвинителството на БиХ, беше усвоен горенаведениот предлог на одбраната, а затворската казна на осудениот Милорад Додик беше заменета со парична казна“, соопшти Судот на БиХ.
Додик платил 36.500 КМ 18.662 (евра), или 100 КМ за секој од 365-те дена што требало да ги помине зад решетки.
Покрај затворската казна, на Додик му е забрането и политичко дејствување во траење од шест години. Поради овој дел од пресудата, Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина му го одзеде мандатот како претседател на Република Српска.
Одлуката на Комисијата денес ја прими неговиот адвокат, Горан Бубиќ, кој поднесе жалба. Се очекува одлуката на Жалбениот совет да биде објавена следната недела.
фото: принтскрин