Свет
Талибанци се разнесоа при прерано активирање на бомба
Четворица талибанци загинаа при прерано активирање на бомбата со која планирале да изведат акција во покраината Забул, Јужен Авганистан.
Четворица талибанци загинаа при прерано активирање на бомбата со која планирале да изведат акција во покраината Забул, Јужен Авганистан.
Иранската власт потврди дека талибанците рано изутрина поставувале експлозив на патот во дистриктот Сахџој, но бомбата од непознати причини експлодирала прерано.
Според авганистанските медиуми , талибанците ги интензивирале нападите а последна неуспешна мета им беше мировната конференција која се одржа вчера во Кабул во присуство на 1.600 племенски и верски водачи.
Полициските и воените сили задолжени за обезбедувањето на конференцијата во огнена пресметка убија двајца напаѓачи и уапсија еден со што нападот беше спречен./крај/ин/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Поправени финските телекомуникациски кабли во Балтичкото Море
Финската Елиса денеска објави дека ја завршила поправката на двата подводни телекомуникациски кабли кои беа оштетени на 25 декември во Балтичкото Море.
На 26 декември, Финска го заплени танкерот Eagle S што превезуваше руска нафта поради сомневање дека го оштетил подводниот кабел за напојување „Естлинк 2“ меѓу Естонија и Финска и четирите телекомуникациски кабли на Божиќ со влечење сидро на морското дно.
„Двата кабли на Елиса сега се поправени“, изјави портпаролот на финската телекомуникациска групација, додавајќи дека и двете линии биле прекинати.
Eagle S беше донесен во заливот во близина на финското пристаниште Порво, каде што полицијата моментално собира докази и го испрашува екипажот.
Поправките на кабелот за напојување „Естлинк 2“, кој беше оштетен заедно со телекомуникациските кабли, се очекува да траат околу седум месеци, соопштија операторите „Фингрид“ од Финска и „Елеринг“ од Естонија.
Европа
Австрискиот претседател го задолжи шефот на крајната десница да формира влада
Австрискиот претседател Александар Ван дер Белен денеска изјави дека му дал задача на лидерот на десничарската Партија на слободата (ФПО) Херберт Кикл да формира коалициска влада, откако не успеа обидот на центристите да формираат коалиција без ФПО.
„Го задолжив да започне преговори со (конзервативната) Народна партија за формирање влада“, рече Ван дер Белен во телевизиска изјава по средбата со Кикл.
Народната партија, единствениот потенцијален коалициски партнер на ФПО, веќе најави дека ќе се согласи на коалициски преговори со Кикл.
Раководството на владејачката австриска Народна партија (ОВП) на вонреден состанок во неделата го избра поранешниот секретар Кристијан Штокер за привремен наследник на канцеларот Карл Нехамер, кој најави оставка ден претходно по неуспешните преговори за формирање нова влада без екстремната десница.
Европа
Започнува судењето на Саркози за наводниот пакт со Гадафи
Поранешниот француски претседател Никола Саркози, двапати осуден во одделни случаи откако ја напушти функцијата, ќе се соочи со ново судење поради обвиненијата дека прифатил нелегално финансирање на кампањата во наводниот пакт со починатиот либиски диктатор Моамер Гадафи.
Кариерата на Саркози е во сенка на правните предизвици по неговиот пораз на претседателските избори во 2012 година, но тој останува влијателен и е познато дека редовно се среќава со претседателот Емануел Макрон.
Жестоко амбициозниот и енергичен 69-годишник, кој сакаше да биде познат како „хипер-претседател“ додека беше на власт од 2007 до 2012 година, беше осуден во два случаи, обвинет во друг и под истрага во уште два.
Новото судење започнува набргу откако Високиот апелационен суд на Франција ја отфрли неговата жалба на 18 декември против едногодишната затворска казна за злоупотреба на влијание. Ќе ја издржува во домашен притвор. Саркози ќе биде присутен на судот во Париз и планира да присуствува на почетната фаза од сослушувањето, изјави за АФП извор близок до Саркози кој сакаше да остане анонимен.
На 12 осомничени, вклучително и поранешни блиски соработници на Саркози, им се суди дека склучиле пакт со Гадафи за нелегално финансирање на победничката кандидатура на Саркози на изборите во 2007 година. Доколку биде прогласен за виновен, Саркози се соочува со 10 години затвор за прикривање на проневера на јавни средства и незаконско финансирање на кампањата. Судењето ќе трае до 10 април.