Економија
С&П не очекуваат распад на еврозоната

Меѓународната рејтинг агенција „Standard&Poor’s“ којашто во средата навечер лиферуваше соопштение со список за преразгледување на можноста за намалување на кредитните способности на 15 од 17 земји од еврозоната, не очекува распад на европската монетарна унија
Меѓународната рејтинг агенција „Standard&Poor’s“ којашто во средата навечер лиферуваше соопштение со список за преразгледување на можноста за намалување на кредитните способности на 15 од 17 земји од еврозоната, не очекува распад на европската монетарна унија, изјави сениор економистот на европската филијала на агенцијата, Жан-Мишел Сис во четвртокот. „Ова не е сценарио коешто ние денес го разгледуваме“, ги цитира AFP зборовите на Сис.Поточно, како што истакнува тој, според макроекономските проекции пресметувани од страна на агенцијата за 2012 година, се очекува одржувањето на зоната на единствената европска валута. Според него, сега во „Standard&Poor’s“ има две сценарија за развој на ситуацијата во Европа – техничка рецесија во регионот и обновувањето што ќе следи (веројатноста за ова сценарио, агенцијата го проценува на 60 отсто) и продолжување на структурната рецесија (со веројатност од 40 проценти).Сис, исто така, вели дека натамошното разгледување на макроекономските сценарија во голема мера зависи од исходот на самитот на ЕУ, која ќе почне подоцна в четвртокот.Од „S&P“ во вторникот соопштија дека донесле одлука за ставање на листата за можен пад на кредитниот рејтинг за 15 од вкупно 17 земји во еврозоната. Конкретно, на листата сите беа земјите од еврозоната со највисок кредитен рејтинг („ААА“): Германија, Франција, Холандија, Австрија, Финска и Луксембург.На листата не се само Грција, чиј рејтинг беше намален од агенцијата уште во јули на ниво „ѓубре“ и Кипар, чиј долгорочен рејтинг беше потврден на ниво „БББ“ со „негативни“ изглед.Подоцна во ноќта кон четвртокот, „S&P“ информираше за слично преразгледување на рејтингот за најголемите банкарски групации во еврозоната, меѓу кои се италијанските „Intesа SanPaolo“ и „UniCredit“, француските „Societe Generale“ и „BNP Paribas“, како и германската „Deutsche Bank“.Агенцијата, исто така, ја стави на листата за можно намалување на оцената за кредитните способности и Европската унија, кои во моментов изнесуваат „ААА“.Од досегашните искуства со слични најави од „Standard&Poor’s“, произлегува дека рејтингот со 50-процентна веројатност може да се намали во идните 90 дена./крај/афп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,08 % во однос на одлуката од 7.03.2025 година.
Од 11.3.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 42,261 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,240 ден/кг и сега ќе изнесува 42,261 ден/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 51,432%, кај дизелот за 4,044%, кај екстра лесното масло е за 3,960% и кај мазутот намалувањето е за 2,791%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,5995%.
Економија
Бојкот на американски производи во Европа поради политиките на Трамп

Движења за бојкот на американските производи добиваат поддршка во Европа како реакција на промените во американската политика, особено во однос на воведените царини за европските производи и политиката кон руската агресија во Украина.
Во Шведска, оваа иницијатива доби посебен замав преку социјалните мрежи. На Фејсбук се формирани групите „Boykot varer fra USA“ со 67.000 членови и „Bojkotta varor från USA“, која брои над 70.000 корисници. Членовите на овие групи повикуваат на бојкот на американските брендови како „Мекдоналдс“, „Кока-Кола“, „Најк“, „Левис“, „Нетфликс“, „Гугл“ и „Ербнб“.
Јаник Кохинур, основачка на групата „Бојкотирам американска стока“, изјави дека овој чекор го презела бидејќи не можела директно да влијае на американските политики, но смета дека со економски притисок може да се испрати силна порака.
„Тешко е, бидејќи речиси сè е под влијание на Америка. Би требало да се бојкотира огромен број производи“, коментира еден од членовите на групата. Друг корисник нагласува дека луѓето при купување ретко размислуваат за потеклото на производите, што го прави бојкотот сложен.
Кохинур, сепак, беше критикувана бидејќи групата ја основала на платформата Фејсбук, која е во сопственост на американскиот технолошки гигант „Мета“. Таа одговори дека во моментов нема подобра алтернатива, но изрази надеж дека ќе се појават нови платформи што ќе им овозможат на активистите поголема независност.
Економија
Трипуновски: Нема да дозволам фантом земјоделци да профитираат

Земјишната политика е основен фактор за враќањето на производството во земјоделскиот сектор и враќање на производствените капацитети на нивото каде што некогаш биле, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостување во емисијата „Аграр“.
Трипуновски истакна дека неговата прва задача во функцијата е да направи ревизија на земјоделското земјиште кое било поделено во претходните години. Целта е да се провери дали земјиштето во државна сопственост се користи согласно со договореното.
„Нашиот фокус е да ги контролираме големите корисници, особено оние правни субјекти кои добиле големи површини земја, а кои можеби не ги исполнуваат обврските. До сега имаше два такви случаи каде земјиштето се користело бесправно, а истовремено биле искористени и државни субвенции“, објасни Трипуновски.
Контролите, како што најави, ќе продолжат и во иднина, а целта е да се ослободи земјиштето и да се додели на вистинските земјоделци кои ќе ја користат земјата со цел да ја подобрат производството.
„Не ќе дозволиме фантоми земјоделци да профитираат на сметка на државата“, нагласи министерот.
Во однос на јавните повици, Трипуновски информираше дека лани завршија јавни повици за распределба на земјиште кои беа објавени за време на техничката Влада. Со овие повици се потпишани 967 договори. Во текот на новогодишните празници беа објавени и нови повици кои беа барање на земјоделците, а тие завршија со пристигнување на над 2.000 апликации.
„Нашата следна фаза ќе биде оглас за распределба на земјиште, со точно дефинирани парцели. Планираме да се поделат парцели не помали од 10 хектари, бидејќи сакаме да ги охрабриме земјоделците да размислуваат за окрупнување на земјиштето“, изјави Трипуновски.