Свет
Лични податоци за европските лидери објавени по грешка
Чешката влада потврди дека по грешка излегол во јавноста компјутерски фајл со личните податоци на лидерите на Европската унија, по самитот САД – ЕУ,
Чешката влада потврди дека по грешка излегол во јавноста компјутерски фајл со личните податоци на лидерите на Европската унија, по самитот САД – ЕУ, во Прага на 5 април.
Соопштението на чешката влада, која претседава со ЕУ, е реакција на извештајот на финската новинска агенција СТТ, објавен на почетокот на оваа седмица, во која е наведено дека еден Финец нашол приватни информации на јавен компјутер во чешки хотел по самитот.
Финската агенција наведе дека информациите содржеле број на пасоши, летови, крвни групи и болести на некои од 200-те учесници на самитот, вклучувајќи и претседатели и премиери, но, нагласено е оти не биле достапни информации за американските учесници на самитот.
Чешката влада соопшти синоќа дека неидентификувани детали за делегациите на ЕУ излегле во јавноста на „ограничен начин“ поради „ненамерна човечка грешка“. Владата додаде дека во компјутерскиот фајл не се наоѓале „доверливи информации“ и оти фајлот бил отстранет од компјутерот веднаш по неговото пронаоѓање.
Во соопштението се оценува дека извештајот на СТТ бил „предимензиониран“, но се најавуваат мерки таквите проблеми да се спречат во иднина./крај/фонет/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.
Свет
Околу 130.000 домаќинства и компании во Сан Франциско останаа без струја
Околу 130.000 домаќинства и компании во американскиот град Сан Франциско вчера останаа без електрична енергија. Напојувањето со електрична енергија постепено се стабилизира и сега речиси 20.000 потрошувачи се без струја.
Електрична енергија немаше во северниот дел од градот, поради што беа затворени голем број продавници и ресторани, а нарушен беше и градскиот транспорт.
Компанијата „Пацифик гас енд електрик“ ((Pacific Gas and Electric, PG&E), соопшти дека се истражува причината за масовниот прекин на електричната енергија, додавајќи оти се стабилизира електричната мрежа и не се очекуваат нови прекини.
Според противпожарната служба, дел од прекините беа предизвикани од пожар што избувна во потстаница на ПГ&Е.
Свет
Зеленски бара уште една средба со европските сојузници
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека поддржува да се одржи нова средба со европските сојузници по состанокот на украинската делегација и американските претставници во Мајами, Флорида.
Постои општо чувство дека по работата на нашиот дипломатски тим во САД, сега треба да одржиме консултации со европските партнери во поширок формат, објави Зеленски на платформата Икс, по телефонскиот разговор со норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе.
Зеленски разговорите во Мајами ги опиша како конструктивни и оти е забележан брз напредок.
Тој обвини дека Русија не сака да ја заврши војната и за една недела руските сили употребиле речиси 1.300 борбени дронови, околу 1.200 бомби и девет крстосувачки и други ракети врз Украина.

