Регион
Во источна Босна масовна гробница од Втората светска војна

На подрачјето од источна Босна, во околината на Зворник, пронајдена е масовна гробница, а првите резултати од форензичките испитувања покажуваат дека најверојатно станува збор за посмртни останки на жртви во Втората светска војна, како и дека станува збор за костури на германски и италијански војници, објави во петокот Обвинителството на Босна и Херцеговина кое ја води истрагата за овој случај.
Масовната гробница била откриена во април годинава кај местото Снагово, и тоа случајно при изведување на работи за подигнување спомен чешма.
Имајќи предвид дека станува збор за локација на којашто претходно се пронајдени масовни гробници со посмртни останки на Бошњаци кои загинале или билe убиени во судирите со силите на босанските Срби по падот на Сребреница во 1995 година, се претпоставуваше дека и сега станува збор за случен случај. Исто така, се претпоставуваше и дека може да станува збор за жртви од Зворник или од Осмак од 1992 година.
Со пребарување на локалитетот од форензичарите од Институтот за исчезнати лица (INO) пронајдени се скелетни останки на дваесетина лица, а анализите потоа покажале дека не станува збор за настрадани во последната војна, туку убиени во текот на Втората светската војна.
Во посмртните оставки така е пронајдени се италијански пари од тој период, како и предмети за лично користење со упатства на германски јазик, како и германски часовници и пари, па затоа со голема веројатност се претпоставува дека станува збор за германски и италијански војници. Меѓу посмртните останки се и коски од вилици со големи стоматолошки интервенции, што би можело значително да ја олесни идентификацијата.
Обвинителството на Босна и Херцеговина објави дека резултатите од истрагата и анализите ќе им да бидат доставени на амбасадите на Германија и Италија во Сараево./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Бугарија може да му дозволи на Путин да прелета над земјата за да се сретне со Трамп во Будимпешта

Авионот што го превезува рускиот претседател Владимир Путин би можел да добие права за прелет над Бугарија, за да може рускиот лидер да присуствува на состанок со американскиот претседател Доналд Трамп во Будимпешта, според министерот за надворешни работи Георгиев, објави државното радио.
„Доколку има напори за постигнување мир, ако тоа е услов за одржување на состанок, тогаш најлогично е да се овозможи состанок од ваков тип на изводлив начин“, рече Георгиев, според извештајот.
Георгиев зборуваше на маргините од состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург. Една можна воздушна рута од Москва до Будимпешта ги опфаќа Црното Море, Бугарија и Србија, но бугарскиот воздушен простор е затворен за руски авиони од инвазијата на Украина во февруари 2022 година.
Други рути се протегаат на север, низ Белорусија и Полска или преку Балтичкото Море, Германија и Чешка. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио, кои се задолжени за подготовка на самитот Путин-Трамп, разговараа во понеделник, објави руското Министерство за надворешни работи.
Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде потерница по Путин, а Унгарија е во процес на повлекување од таа меѓународна институција.
Москва го отфрла обвинението на МКС и ја прогласува потерницата по Путин за доказ за непријателството на Западот кон Русија.
Регион
(Фото) Тело на новороденче пронајдено во Нови Сад, мајката веднаш уапсена

Утрово, во Нови Сад, е пронајдено безживотно тело на новороденче, а кратко потоа е уапсена жена за која се сомнева дека е мајката на детето, пренесува „Нова.рс3.
Жената е затекната само на 50 метри од местото на кое е пронајдено телото, во влез од зграда, по што полицијата веднаш ја привела.
View this post on Instagram
Полицијата го блокирала просторот каде што е пронајдено детето. Во тек е истрага за утврдување на сите околности на овој трагичен случај.
Повеќе детали ќе бидат познати по завршувањето на истрагата.
фото: принтскрин
Регион
(Видео) Грозоморната сцена покажува колку била ужасна несреќата: автобус излета од патот во близина на Чачак, има загинати

Рано утрово, околу 6:40 часот, на државниот пат I Б, на делницата помеѓу Чачак и Краљево, во близина на местото Бресница, се случила тешка сообраќајна несреќа во која загинал еден маж, додека две лица се тешко повредени, известуваат српските медиуми.
Според првичните информации, во несреќата учествувале автобус и патничко возило. Според неофицијални информации, несреќата се случила кога автобусот, откако се судрил со автомобил, излетал од патот и удрил во столб од далновод.
Едно лице почина на местото на настанот, додека две лица беа тешко повредени и префрлени во Општата болница во Чачак. Лекарите моментално вршат дијагностика, а еден од повредените е на скенер, објави српски Телеграф.
Снимките од местото на настанот покажуваат дека несреќата била ужасна.
фото: принтскрин