Македонија
Делегација на Евро-Атлантскиот Совет на меѓународна конференција за безбедност во Анталија
Oд 3 до 5 декември делегација на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија (ЕАСМ) предводена од претседателот Лазар Еленовски, ќе земе учество на меѓународната конференција „Новиот Стратешки Концепт и НАТО кон 2020“ која се одржува во Анталија, Турција на покана на Атлантскиот Совет на Турција
Конференцијата за безбедност и соработка во Анталија традиционално се одржува од 1990 г. и претставува еден од најголемите форуми во евроазискиот регион за дискусија на трансатлантските прашања, меѓународната безбедност и развој на кој учествуваат владини претставници, експерти и академската заедница. Конференцијата ја организира Атлантскиот Совет на Турција со поддршка на Големото Собрание на Република Турција. Темите на конференцијата се посветени на новиот Стратешки концепт на НАТО кој се усвои на Самитот на Алијансата во Лисабон во ноември 2010 г.и неговото влијание на глобалните безбедносни текови и меѓународни односи во 21-от век. Во рамки на конференцијата свои обраќања ќе имаат министерот за одбрана на Турција Веџди Ѓонул, високи државни претставници на Турција, амбасадори на земјите членки во НАТО, дипломатски претставници, атлантските асоцијации, тинк-тенк организации и претставници на академската заедница. Учесници на конференцијата се делегации и претставници од земјите во Европа, Арапскиот свет, Централна азија и Африка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Предновогодишен концерт на „Нокаут“ и диџеј Александар Јорданов в петок на „Боемска“
Општина Центар информира дека в петок, 27 декември, организира голем предновогодишен концерт „Вечер под ѕвездите“ со познатите македонски музички ѕвезди, групата „Нокаут“ и диџеј Александар Јорданов.
Предновогодишната забава ќе почне во 20 часот на „Боемска 1“.
Герасимовски информира дека за загревање на атмосферата ќе биде задолжен легендарниот диџеј Александар Јорданов по што ќе следува „Нокаут“.
„Качете се на временската машина на ‘Нокаут’ и запејте ги ‘Фатална опсесија’, ‘Лебедот бел’, ‘Телефонскиот број не постои’, ‘Илјада причини за крај’. Ветуваме убава атмосфера под новогодишните светилки на ‘Боемска’. Задолжителниот дрес код е добро расположение, насмевка и позитивни вибрации. Поканата важи за сите скопјани, ве покануваме на добра македонска музика, заеднички да го прославиме крајот на годината“, истакнува Герасимовски.
В среда, 25 декември, со почеток во 19 часот, ќе се одржи и настанот „Џез под ламба“ на пјацетата кај италијанска амбасада, каде што граѓаните ќе имаат можност да слушаат џез-верзија на македонските евергрини од „Искра Србиновска квартет“, но и да пробаат греено вино и печени костени.
Македонија
(Видео) Се одбројуваат денови до отворање на ски-центарот „Михајлово“, граѓаните предлагаат доживотен мандат за градоначалникот Јанчев
По интензивните врнежи од снег во Михајлово, се одбројуваат деновите за отворање на скијачкиот центар, напиша градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, на својот профил на „Фејсбук“.
Тој додаде дека во моментот се работи на подготовки за ски-патеката со сите придружни елементи за сите возрасти.
„Скијачкиот центар ‘Михајлово’ за сите љубители на зимските спортови“, стои во неговата објава.
Во коментарите под видеото од ратракот граѓаните бараат доживотен мандат за Јанчев.
„Недостижен, единствен и незаменлив градоначалник – Митко Јанчев, одлично сработено, пример за сите други, големо браво за идејата и реализацијата на проектот“, се дел од коментарите на „Фејсбук“.
Македонија
Воведена забрана за камиони и на патот кон Попова Шапка
Поради снегот воведена е забрана за камиони и на патот Тетово-Попова Шапка.
Од АМСМ информираа дека за сите останати возила е задолжителна употребата на зимска оперема.
Претходно забрана беше воведена и на патните правци Охрид-Кичево (Пресека) и Кичево-Гостивар, која се уште е во сила.