Свет
Четири дивоградби летнаа во воздух
Под силно полициско обезбедување и под надзор на стручни лица, екипи
ангажирани од Државниот градежен инспекторат при Министерството за транспорт и
врски со динамит и со рачна механизација вчера уриваа дивоизградени објекти во
општините Центар и Кисела Вода
ВО АКЦИЈА НА ДРЖАВНИОТ
ГРАДЕЖЕН ИНСПЕКТОРАТ
Под силно полициско обезбедување и под надзор на стручни лица, екипи
ангажирани од Државниот градежен инспекторат при Министерството за транспорт и
врски со динамит и со рачна механизација вчера уриваа дивоизградени објекти во
општините Центар и Кисела Вода, информираат од инспекторатот. Во најавената
акција, целосно ќе падне објектот „Зинекс“ што се наоѓа на улицата Димче
Мирчев, зградата „Мала Платина“ на улицата Роза Луксембург, на која веќе се
уриваше пред два дена, како и спорниот потпокрив на „кинески ѕид“ на кејот на
реката Вардар во градскиот парк, кој почна да се руши изминатиов викенд. Од
Министерството вчера најавија и рушење на дивоизграден објект на улицата Банско
во општината Кисела Вода.
– Со овие активности ја потврдуваме заложбата за спроведување на законите и
воведување ред во сферата на градежништвото и урбанизмот – велат од
Министерството за транспорт и врски.
Објектот на фирмата „Платина“ што се наоѓа на улицата Роза Луксембург, во
близина на Католичката црква, почна да се урива од минатата недела, а државните
инспектори тогаш не знаеја да кажат дали тоа е дел од нивната акција, иако оваа
зграда се наоѓа на листата за уривање. За овој објект има издадено решение за
уривање пред две години.
Објектот „Зимекс“ на улицата Димче Мирчев, пак, нема одобрение за градба, а
државните инспектори при надзорот констатирале дека градбата отстапува и од
габаритот.
Зигфрид Греве, инвеститорот на „кинески ѕид“, пред два дена не успеа да ги
разубеди државните градежни инспектори да го запрат рушењето на спорниот
потпокрив на зградата. Тој бараше да не се урива со динамит, оти како што рече,
ќе се оштетеле и други делови од зградата и бараше од надлежните да му дозволат
самиот да се справи со спорните 60 сантиметри од поткровјето.
Државните инспектори ги спроведуваат овие активности во име на двете општини,
откако пред два месеца Министерството им ги одзеде надлежностите во урбанизмот
зашто не ги извршувале решенијата за уривање и не постапиле според укажувањата
од инспекторатот за градежништво. Општините Кисела Вода и Центар до 14 јуни
нема да можат да издаваат градежни дозволи, да спроведуваат детални планови и
да вршат инспекциски надзор над градби од трета, четврта и петта категорија.
А.П.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Ердоган предупредува на спирала од насилство, повика на итен прекин на огнот
Турскиот претседател Таип Ердоган изјави дека нападите на САД и Израел врз Иран го нарушуваат суверенитетот на земјата и го загрозуваат мирот на иранскиот народ, додавајќи дека е тажен и загрижен. Во говорот во Истанбул, Ердоган, исто така, ги нарече нападите на Иран врз земјите од Заливот неприфатливи и предупреди дека без воздржаност и дипломатија, на регионот му се заканува спирала од насилство.
Тој повика на итна акција за да се спречи понатамошно крвопролевање, додавајќи дека Анкара ќе ги забрза дипломатските напори за постигнување прекин на огнот и оживување на разговорите.
Турција, членка на НАТО што граничи со Иран, претходно оваа недела изјави дека се спротивставува на каква било воена интервенција во Иран.
Анкара е во контакт со двете страни за деескалација на тензиите, повикувајќи на мирно решавање на спорот преку дипломатија.
Свет
ИДФ: Неколку врвни ирански лидери убиени во нападите
Портпаролот на Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврди дека врвни ирански функционери биле цел на денешните напади.
Според него, „голем број врвни ирански лидери“, вклучувајќи го и командантот на Револуционерната гарда, биле „мета“ во заедничките американско-израелски напади.
Непотврдена вест за смртта на Хамнеи, прослави на улиците на Техеран
Прославите започнаа во некои населби на Техеран вечерва откако се прошири веста за смртта на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи. Според извори од терен, низ улиците одекнувале автомобилски сирени и радосни извици.
Порано во текот на денот, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека има „сè поголеми индикации“ дека иранскиот врховен лидер „веќе го нема“, но оваа информација сè уште не е официјално потврдена, пишува BBC Persian.
Свет
(Видео) Трамп снимен како танцува во Мар-а-Лаго пред нападот врз Иран
Само неколку часа пред американската војска да започне со напади врз Иран, Доналд Трамп беше снимен како им се придружува на гостите на донаторска вечер во неговиот хотел Мар-а-Лаго синоќа. Видеата што се појавија го покажуваат Трамп во опуштено расположение непосредно пред воената операција.
Last night before bombs fell in Iran, President Trump made an appearance at a fundraiser at Mar-a-Lago and danced to the song "God Bless the USA" before bidding the guests farewell.
“We gotta go work. I gotta go to work!” pic.twitter.com/jU9ZZxYyaQ
— Charlie Spiering (@charliespiering) February 28, 2026
Една снимка, до која дојде Дејли Меил, го покажува Трамп како се ниша на песната „God Bless the USA“ од Ли Гринвуд во балска сала додека гостите пеат заедно. Друго видео, објавено од корисникот на Инстаграм Ник Шефер, исто така го покажува Трамп како се движи во ритам на музиката.
Во еден момент, тој им се обраќа на гостите. „Сите да се забавувате“, вели Трамп. „Ние мораме на работа, јас морам на работа“.

