Македонија
За превенција од новиот грип Владата ќе набави 50.000 дози тамифлу

Владата на Република Македонија донесе одлука да се набават 50.000 дози од лекот тамифлу, како дел од првата етапа од активностите за превенција од новиот грип А(Н1N1)
„Владата на Република Македонија на вчерашната седница донесе одлука веднаш да се набават 50.000 кутии од лекот тамифлу. Во процедура е набавката на real time PCR за детекција на вирусот А (H1N1) за лабораторијата на Р333, додека китот, односно реагенсот за овој тип вирус бесплатно ќе биде дониран од страна на Светската здравствена организација“, рече на денешната прес-конференција владиниот потпарол Шефик Дураки.Како што најавија од Владата, во првата етапа од активностите кои ги преземаат заради првенција од новиот вирус ќе бидат набавени средства за дезинфекција, а од домашните производители веќе побарале да го зголемат произвотството на антибиотици, кои ќе се чуваат за потребите на државата.„Сите болници се задолжени да обезбедат простор наменет за изолација и да се спроведе обука за лицата кои ќе бидат директно соочени со конкретен случај на грипот“, потенцираше Дураки, додавајќи дека со резервите на лекови кои ги има во моментов и со дополнително набавената количина се гарантира висок степен на заштита од пандемски грип и способност за одговор за евентуална пандемија.Дураки истакна дека во Македонија, нема сомнителен случај, ниту заболен од новиот тип на грипот А (Н1N1) и дека Владата будно ја следи ситуцијата во светски рамки и доколку се утврди потреба, подготвена е навремено да реагира и да набави дополнителни количини лекови.За 50.000 кутии на тамифлу, според проценките на Владата, ќе бидат потрошени околу 50 милиони денари, а средствата ќе бидат обезбедени од Министерството за финансии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).