Свет
Во Јапонија и во Австралија првите случаи на свински грип

Тројца Јапонци кои биле во Канада се разболеле од грипот A(H1N1), каде вчера беше забележан првиот смртен случај Во Австралија пак, се разболела жена од др`вата Нов Јужен Велс
Јапонското министерство за здравстѕво ги потврдило случаите на појава на свинскиот грип, информирајќи дека станува збор за 40-годишен маж и за двајца тинејџери. Всушност, професор и два ученика, кои биле на студиско патување. Тие во Јапонија се вратиле од Канада преку американскиот град Детроит. Во Канада инаку вчера беше забележан првиот смртен случај како последица од разболувањето со вирусот A(H1N1), а според податоците вкупно се заболени 223 лица.Австралиската новинска агенција дел од Associated Press утринава јави дека тамошните здравствени власти имаат податоци за една жена разболена од свинскиот грип. Австралијката се разболела во странство, но според информациите била во добра здравствена состојба. Според податоците на Reuters, САД со околу 1.700 заболени го минаа Мексико на листата држави со најголем број слуачи на свински грип. Вкупната бројка потврдени слуачи изнесува повеќе од три илјади во 27 држави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Тајлер Робинсон – од стипендист со блескава иднина до осомничен за убиството на Чарли Кирк

Тајлер Робинсон (22) од Јута, кој некогаш важел за одличен ученик и добитник на претседателска стипендија на Универзитетот „Јута стејт“, денес е главен осомничен за убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк.
По успешното завршување на средно образование во 2021 година, Робинсон добил четиригодишна стипендија и бил сметан за примерен студент. Но, по само еден семестар ја напуштил академијата и подоцна се запишал на „Дикси Техникал Колеџ“ како електричар-приправник.
Истрагата за убиството открила пушка со чаури на кои биле гравирани пораки – од антифашистички слогани и стихови од „Бела чао“ до интернет мемиња. Семејството признало дека во последно време станал политички поактивен и отворено критичен кон Кирк.
Пријателите и соседите сепак го опишуваат како тивок, повлечен и голем љубител на видео игри, без претходни проблеми со законот. Робинсон бил уапсен откако неговиот татко го препознал на фотографиите објавени од полицијата и го убедил да се предаде.
Свет
Орбан до Западот: Не примаме наредби од неизбрани бирократи, одговараме само пред нашиот народ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека неговата земја веќе три и пол години ја плаќа цената на војната во Украина, и покрај тоа што, како што рече, „тоа не е нашa војна“.
Тој нагласи дека западните лидери се обидуваат уште подлабоко да ја вклучат Унгарија во конфликтот, но дека Будимпешта ќе продолжи да се спротивставува.
„Ќе го браниме нашиот народ, нашата слобода и ќе тежнееме кон мир,“ порача Орбан преку платформата Икс.
Тој додаде дека Европската унија е создадена да им служи на суверените нации, а не да владее со нив. „Брисел не ја контролира Унгарија. Не примаме наредби од неизбрани бирократи, одговараме само пред нашиот народ. Време е работите да се исправат,“ изјави Орбан.
Свет
Се откачи жичница во Русија, повеќе од 30 евакуирани, има загинати

На планината Елбрус, во руската република Кабардино-Балкарија, се случи несреќа со жичница при што загинаа три лица, а повеќе од 30 беа евакуирани, соопштија локалните власти.
Според првичните информации, загинале жител на Кабардино-Балкарија, жена од Дагестан и маж од Москва. Несреќата настанала кога сајлата излетала од валјак на еден од носачите.
Во моментот на инцидентот, на жичарата имало 37 луѓе, од кои 35 биле успешно евакуирани.