Економија
Гошев: Секој има право на својата глупост, грешки и заблуди
Сметаме дека секој има право на мислење, секој има право и на својата глупост, своите грешки и на своите заблуди, рече Петар Гошев гувернерот на Народна Банка на Македонија (НБРМ).
Оваа изјава на гувернерот е поради вчерашното обвинување од страна на претседателот на Сојуз на Стопански комори (ССК), Златко Калеников кој рече дека постои спрега помеѓу Народната Банка и банките поради тешкото добивање на кредити.
„Нека продолжат со своите приказни, а ние ќе продолжиме со својата работа, никого нема да тужиме што и да речат, сметаме дека секој има право на мислење, секој има право и на својата глупост, своите грешки и на своите заблуди“, изјави Гошев.
Тој додаде дека е зачуден од тоа дека така интелигентни луѓе таква очигледна спрега како што констатираа да ја забележаа толку доцна и за неа да им требало некој да им шепка, да им денунцира и да им кодоши, за да заклучат дека е можна таква спрега меѓу НБРМ, банките и големите бизниси.
Се додека во Македонија најдинамична стапка на раст се интригите, инсинуациите, денунцијанствата, измислените непријатели, тогаш шансите на растот на БДП не му се големи. Да беше таа гранка која придонесува во растот на БДП тогаш Македонија ќе беше една од највисоко развиените држави“, рече гувернерот.
Калеников вчера изјави дека банкарскиот систем се однесува како лихварски и дека од големите фирми малите претпријатија неможат да дојдат до средства од банките.
„Во Македонија постои спрега во која официјално или неофицијално се шпекулира дека е влезена и Народната банка, банкарскиот сектор се однесува како лихварски сектор, кој во невидлива спрега со неколку големи фирми го кочи развојот на економијата и претприемништвото во Македонија“, рече вчера претседателот на ССК.
Гошев додаде дека е среќен од тоа што бизнисмените сакаат да навлезат во моделот за формирање на цената благајничките записи.„Тоа го сметам за напредок во земјава и нека продолжат да ги анализираат и можеби еден ден поцелосно ќе ги разберат како и кога да се применат. Се разбира ако не им се исто дошепнати од некого, само што дошепнувањето треба да биде прецизно и точно“, изјави гувернерот. /крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Мицкоски: Покрај новите проекти мораме да враќаме и долгови на претходната Влада, најголем дел од еврообврзницата, околу 700 милиони евра се за тоа
„Покрај тоа што ние градиме вакви објекти, градинки, училишта, сали, автопати, железници, ние ги враќаме и долговите на претходната Влада. Минатата година во јануари месец вративме 500 милиони евра еврообврзница која ја земала претходната Влада, a со дел од овие пари, 700 милиони евра, ќе вратиме друга еврообврзница која претходната влада ја земала пред 4 години“, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за новата еврообврзница во текот на неговата денешна посета на дограденото основно училиште „Блаже Конески“ во Аеродром.
„Ако се работи посветено, чесно, нема идеални услови се разбира, но покрај тоа што треба да се испорачаат проектите и да се изреализираат, треба да се вратат и долговите и на претходната Влада. Јас уште на крајот на минатата година кажав дека ќе биде тешка година, но план имаме и средствата се обезбедени“, дополни премиерот Мицкоски.
Тој посочи дека врвни светски компании се дел од заемодавателите на оваа еврообврзница кои што никогаш досега не се појавиле на Балканот. Исто така повтори дека најголем дел од таа обврзница, околу 700 милиони евра ќе бидат насочени кон враќање на стари долгови.
Економија
Николоски-Хрицова: Од март нова авиолинија Охрид – Братислава
Воведување на новата авиолинија Охрид-Братислава и подобрување на економските и трговски односи меѓу Македонија и Словачка беа тема на денешната средба помеѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и амбасадорката на Словачка, Ивета Хрицова.
Линијата Охрид-Братислава која се воспоставува од март оваа година преку авиокомпанијата „Визер“, ќе придонесе за подобра поврзаност меѓу двете земји, а во функција на развој на туризмот и бизнис секторот, потврдија двајцата соговорници.
Николоски истакна дека Владата посветува особено внимание на развој на ависобраќајот, а воспоставување на оваа авиолинија, ќе ги приближи економските врски меѓу двете држави.
На средбата беа потврдени добрите билатерални односи меѓу Македонија и Словачка, се разговараше за зајакнување на трговска соработка, политичките односи и поттикнување на деловната клима.
Николоски потенцира дека државата се наоѓа во силен инвестициски циклус во реализација на капитални проекти кои имаат регионална димензија и даваат огромен придонес во развој на регионалната соработка преку модернизација на транспортната инфраструктура.
Тој упати честитки за избор на амбасадорката, притоа изрази благодарност за досегашната соработка и ја нагласи потребата од интензивирање на таквата соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји.
Економија
Мицкоски: Речиси 225 милиони евра веќе се пренесени преку Развојната банка на домашните компании, а целосна реализација се очекува во првиот квартал годинава
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се искористат преостанатите 250 милиони евра за домашните компании изјави:
„Досега се пренесени, практично преку Развојната банка, некаде околу 225 милиони евра од 250 милиони евра. Тоа е оној кредит кој што Владата, условно кажано, го субвенционира со каматна стапка од 1,95%, до три години грејс-период и до 15 години рок на отплата.“
Премиерот посочи дека целосна реализација на средствата се очекува во првиот квартал годинава.
„Очекувам набргу, во првиот квартал од оваа година, целосно да биде исцрпен. И заедно со средствата кои што банките сопствени ги инвестираат во развојните проекти на компаниите, го поддржуваат стопанството и економијата и на тој начин Македонија на инвестициската мапа е навистина водечка во регионот. Ако се има предвид дека растот во првата половина од 2025 година, па би рекол и целосно во текот на целата 2025 година, е двоцифрен број проценти. Споредно со истиот период во рамките, да речеме, на еврозоната, тоа е 2-2,5%. Така што, јас сум навистина задоволен од начинот на кој што овие средства се искористени“, објасни Мицкоски.

