Контакт

Политика

Битола интересна за австралиски инвеститори

Објавено пред

Можностите кои ги нуди општина Битола за инвеститорите од Австралија и понатамошно зголемување на соработката на економски план беа теми на средбата помеѓу амбасадорката на Австралија со седиште во Белград, Џулија Фини и градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески.

dobivaj vesti na viber

 

 

На средбата, што во петокот се одржа во Битола, учествуваше и почесниот конзул на Австралија во Република Македонија, Зоран Костовски, пратеникот од Австралија – по потекло битолчанец – Васко Наумовски и инвеститорот од Австралија, исто така битолчанец Ѓорѓи Михајлов.

 

„Битола има силна врска со Австралија. Има голем број битолчани кои живеат во Австралија. Заинтересирани сме за соработка со општината и сигурна сум дека ќе имаме и следна посета. Мислам дека градоначалникот ја има направено вистинската работа во оваа област. Има веќе неколку луѓе од Австралија кои инвестирале, но и такви кои ќе продолжат да инвестираат. Веќе работиме на неколку нови идеи. Мислам дека преку амбасадата во Белград ќе успееме да ги промовираме можностите кои се даваат во Битола и она што се прави на економски план“, изјави амбасадорката Фини.

 

Градоначалникот на општина Битола, нагласи дека општината и пред новите инвеститори ќе ги презентира поволностите кои ги дава Владата на Република Македонија во сите општини низ Македонија, а исто така, ќе бидат претставени и поволностите кои ги дава општината Битола со цел привлекување на нови инвестиции. Секако, дека исклучителен пример во овој дел е Индустриската зона „Жабени“, каде што германскиот инвеститор „Кромберг и Шуберт“ вработи 1.600 граѓани.

 

„Токму затоа, амбасадорката не погреши што избра да ја посети токму Битола. Продолжуваме заеднички да ги презентираме сите поволнисти и очекуваме нови инвестиции од Австралија во Битола“, изјави градоначалникот Талески, нагласувајќи дека за него останува најголем приоритет подобрување на економската слика и вработувањето на сите граѓани.

 

Инвеститорот од Австралија, Михајлов веќе бележи значителни позитивни искуства, кој што за него претставуваат дополнителен поттик за нови инвестиции во родната Битола.

 

„Мојата инвестиција е во старата касарна. Се надевам дека ќе направам уште неколку објекти како мојата зграда. Имам уште две згради кои што ги градам, а третата инвестиција ќе биде малку тајна. Ќе ја дознаеме наскоро. Досегашното искуство за инвестиции тука е доста добро. Веќе одредени инвеститори беа на одрдени локации и на градоначалникот му ги образложив новите планови и очекувам исто така наши исленици од Битола во Сиднеј да започнат со изградба на хотел. Сакам да изразам и голема благодарност на нашата амбасадорка што ја прифати мојата покана и дојде во Битола.“,изјави Михајлов.

 

Покрај инвестицијата на Михајлов во поранешната касарна, тројца инвеститори веќе купија парцели во Инустриската зона „Жабени“ и наскоро се очекува да започнат со изградба на фабрики. /крај/

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Вработените во Народниот правобранител алармираат: Се наоѓаме во безизлезна состојба

Вработените во Народниот правобранител и двајцата преостанати заменици на народниот правобранител велат дека се наоѓаат во безизлезна состојба и дека...

Македонија2 часа

Николоски: Владата ќе донира 100 нови комби-возила за „Пошта“

Работиме за Македонска пошта како државна пошта конечно да ја издигнеме со квалитет и да обезбедува најквалитетни услуги на пазарот....

Македонија3 часа

Мицкоски со порака до граѓаните што заминале во странство: Каде и да одите, колку и да сте успешни, таму секогаш ќе бидете дојденци

Вашето враќање е порака дека Македонија не е заборавена, корените не се пресечени и дека љубовта кон домот не исчезнува,...

Македонија4 часа

Наќе Чулев: Незаконски бев отпуштен од работа, со години трпев јавно понижување

Поранешениот директор на Агенцијата за разузнавање и министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, објави дека судот донел пресуда во негова...

Македонија4 часа

(Видео) „100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја“, прашува Димитријевиќ

„Наместо да ги покачи платите и пензиите, власта ја покачи сметките за струја, удри по стандардот на народот. Државата нема...

Македонија4 часа

Вонредни екипи ќе ги читаат броилата за време на празниците и викендите

Зголемен е процентот на отчитување на броилата на 95% на тримесечно ниво (на 90% на месечно ниво), таргетирани се 10.000...

Македонија5 часа

Нов дефокус, сега Бугарите се криви за покачувањето на струјата, велат од СДСМ

„Ги слушаме претставниците на ВМРО Ванчовистичка во јавните настапи како зборуваат за внесување на Бугари во Устав. Дали сега за...

Македонија6 часа

Андреј Жерновски, симбол на неуспех и директен учесник во скандали и предавство на националните интереси, не е и не може да биде нов лик на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДС може колку сака да го претставува новоформираното партиски раководство, како кадровска реформа и „нова“ сила, тоа не поминува. Реформа...

Македонија6 часа

„Една од институциите во која видни партиски лица од СДС и ДУИ си ги сместувале своите најблиски е ‘ЕСМ снабдување со топлина’, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„За СДС и ДУИ ништо не било свето. Институциите ги гледале единствено низ призмата сместување во топлите и удобни фотелји...

Македонија6 часа

Додека граѓаните плаќаат најскапа струја, власта се правда дека покачувањето е минимално, велат од партијата Левица 

„Наместо покачување на платите и животниот стандард, граѓаните од јануари ќе плаќаат повисоки сметки за струја, благодарение на немањето визија...

Македонија6 часа

„Две моќни одлуки со кои се нанесува директен удар врз хаосот и долгогодишната небрежност во јавното здравство“, велат од „Влен“

„Вчера, на седницата на Владата, беа донесени две моќни одлуки со кои се нанесува директен удар врз хаосот и долгогодишната...

Европа7 часа

(Видео) Украинците: Соборивме авион за да можеме да разнесеме подморница

Безбедносната служба на Украина (СБУ) објави дека соборила модернизиран поморски извидувачки авион Ил-38Н „Sea Dragon“ во руската воздухопловна база во...

Европа7 часа

(Видео) Нова експлозија во Москва во близина на местото на кое пред два дена беше убиен генерал

Експлозија што се случи синоќа во јужниот дел од Москва уби три лица, вклучувајќи двајца припадници на руската сообраќајна полиција,...

Европа7 часа

Папата: Русија се чини дека го одбила барањето за примирје за Божиќ

Папата Лав XIV повика на еднодневно божиќно примирје низ целиот свет вчера вечер, без да спомене никаков конкретен конфликт, но...

Европа8 часа

(Видео) 12 дрона соборени длабоко во Русија, остатоци од еден предизвикаа пожар во објект

Над Тулската област, која се граничи со Московската област на север од земјата, руската воздушна одбрана уништи 12 украински дронови,...

Свет8 часа

(Видео) Експлозија во дом за стари лица кај Филаделфија: најмалку двајца мртви, се стравува дека има повеќе

Две експлозии и пожар, очигледно предизвикан од истекување на гас, го зафатија домот за стари лица во близина на Филаделфија,...

Македонија22 часа

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

Владата на денешната редовна владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со...

Македонија24 часа

Сиљановска-Давкова: Кочани нè доведе до ѕидот на срамот, од овој процес ќе зависи дали судството ќе ја стекне, или трајно ќе ја изгуби довербата на граѓаните

2025 ќе остане врежана во нашите мисли и срца како година на ужасната трагедија во Кочани. Сите ние до крајот...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче за изјавите на Ахмети: Ако мисли да ја растура Македонија како што се фали за Југославија тоа нема да му помине

Ние имаме одличен соживот со сите наши сограѓани од сите националности во нашата партија, во раководството на партијата. Сметам дека...

Македонија1 ден

На Клиниката за пластична хирургија извршени две сложени микрохируршки операции

На Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија се извршени две исклучително сложени микрохируршки операции кои траеја од 6 до...