Свет
Бомбашот-самоубиец се премислувал 15 минути

Бомбашот – самоубиец кој ја детонирал експлозивната направа во понеделникот на аеродромот Домодедово, се врткал низ зоната за пристигнувања околу 15 минути пред да се разнесе себе си, пренесува Риа НовостиТерористот се измешал со толпата и се преправал дека чека некого цели 15 минути. Човекот левата рака ја чувал во џебот. До денеска уште 123 повредени во нападот се наоѓаат во болница, а бројката од 35 загинати не е променета.Денеска руските истражители составија листа од 10 можни осомничени кои стојат зад смртоносниот напад на московскиот меѓународен аеродром Домодедово, соопштија полициски извори, пренесува Риа Новости„Во моментов истражителите се сигурни дека доказите посочуваат кон Северен Кавказ. Бомбашот-самоубиец, кој ја детонираше бомбата, доаѓа од таму“, велат полициските извори.Претходно, руските безбедносни сили соопштија дека трагаат по член на исламистичка група од Северен Кавказ кој е етнички Русин и кој е осомничен за вмешаност во експлозијата на московскиот аеродром Домодедово во која загинаа 35 луѓе.Самоубиствениот бомбашки напад во понеделникот ги имаше сите одлики на исламистичките бунтовници од Северен Кавказ на крајниот руски југ. Досега ниту една група не презела одговорност за експлозијата, во која беа повредени и околу 130 луѓе. Неименувани извори од руските безбедносни сили изјавиле дека човекот кого го бараат е именуван како Раздобудко и е жител на провинцијата Ставропол, која се граничи со севернокавкаските провинции, претежно населени со муслимански малцинства, кои не се етнички Руси. Се верува дека Раздобудко е член на „Ногаи Јамаат“, бунтовничка група стационирана во Дагестан, провинција во самото средиште на растечкиот исламистички бунт, кој предизвика две постсоветски сепаратистички војни во соседната Чеченија. Можно е тој да бил организатор на нападот, па дури и самиот напаѓач, велат изворите.Исламистичкиот бунт привлече многу малку етнички Руси, но неколкумина ги сменија страните во текот на втората војна помеѓу руските федерални сили и чеченските сепаратисти пред една деценија. И за претходните терористички напади имаше осомничени етнички Руси. „Ногаи Јамаат“, или „Групата Ногаи“е одговорна за заговорот за бомбашки напади во Москва за Нова година, кои пропадна кога смс порака ја предвремено ја детонираше бомбата на жената – бомбаш во нејзиниот апартман. Регионот Ногаи се наоѓа во северен дагестан, блиску до Ставропол. Дагестан честопати е место на терористички бомбашки напади. Во средата навечер експлозија на автомобил – бомба уби четири лица и рани уште тројца пред една кафетерија во дагестанскиот град Хасавјурт, во близина на границата со Чеченија.Сликата на осомничениот бомбаш-самоубиец е дистрибуирана до полициските станици ширум Русија. /крај/ројтерс, риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Сојузниците и’ нудат помош за Полска во зајакнувањето на својата противвоздушна одбрана

Полска доби понуди од своите европски сојузници за зајакнување на својата противвоздушна одбрана, изјави премиерот, Доналд Туск.
Тој рече дека штотуку разговарал со лидерите на Франција, Германија, Обединетото Кралство, Италија, Холандија, Украина и НАТО.
„Во денешните разговори добив не само изрази на солидарност со Полска, туку пред сè предлози за конкретна помош за одбрана на нашиот воздушен простор“, рече Туск.
Свет
Британските медиуми јавуваат за средба меѓу Хари и Чарлс по повеќе од една година, принцот влезе во кралската резиденција

Принцот Хари беше виден како влегува во кралската резиденција Кларенс Хаус, среде шпекулациите за средба со неговиот татко, кралот Чарлс.
Нема потврда од Бакингемската палата или од претставниците на војводата од Сасекс, но кралот беше виден и како влегува во Кларенс Хаус порано.
Се верува дека кралот отпатувал во Лондон од Шкотска во среда попладне, а принцот Хари беше во Велика Британија за добротворни настани оваа недела.
Немало средба лице в лице меѓу татко и син од февруари 2024 година, а принцот Хари во интервју за Би-Би-Си во мај 2025 година рече: „Би сакал помирување со моето семејство“.
Последниот пат кога таткото и синот се сретнаа беше кратко откако на кралот му беше дијагностициран рак минатата година, кога принцот Хари отпатува во Велика Британија на кратка средба.
Принцот Хари оттогаш ја посети Велика Британија, вклучително и за судски случаи, но не го видел својот татко.
Тој се врати во Велика Британија во понеделник и одржа серија добротворни настани во Лондон и Нотингем – и покрај прашањата дали ќе се сретне со својот татко.
Во четврток, тој ќе ја напушти Велика Британија и ќе се врати во САД за да ги види Меган и нивните деца, кои не дојдоа на ова патување, пишува Би-Би-Си.
Свет
Mерц: Русија ги загрози човечките животи во земја-членка на НАТО

Германскиот канцелар Фридрих Мерц остро го осуди нарушувањето на полскиот воздушен простор со борбени беспилотни летала и ја осуди Русија за провокации.
„Русија се закани со човечки животи во земја која е членка на Европската Унија и НАТО“, објави Фридрих Мерц.
Канцеларот изјави дека денешната „неодговорна акција“ е уште една во долгата низа провокации во балтичкиот регион и источното крило на НАТО.
„Германија остро ја осудува оваа агресивна руска акција“, се вели во соопштението за медиумите.
Мерц верува дека е добро што Полска и партнерите од НАТО брзо ја забележаа, реагираа и ја отстранија опасноста.
„НАТО е и останува подготвен да се брани“, заклучи Мерц.
Пред тоа, германскиот министер за одбрана Борис Писториус објасни во Бундестагот дека нема причина да се верува дека станува збор за грешка во управувањето со беспилотните летала.