Uncategorized
Во четврток стартува „Off-fest 2009“
Осмото по ред издание на фестивалот „Off-fest“, фестивал на world music стартува во четврток, 28 мај, со настапот на мексиканската дива Лила Даунс во Универзалната сала
И оваа година фестивалот ќе и‘ понуди на македонската публика музика од целиот свет, со особен акцент на изведувачи од земјите од Третиот свет – Африка, Јужна Америка, Далечниот Исток, но не изостануваат и врвните музички имиња од Европа и САД. Фестивалот, исто така, претставува можност за македонските изведувачи кои секоја година се дел од фестивалот да бидат понудени на музичките пазари во овие земји.Поради намалениот буџет на фестивалот за дури 50 %, до последен момент биле отворени резервациите и за други изведувачи, но не се добиени никакви дополнителни спонзорства.На 30 мај во Универзална следува настапот на аргентинскиот изведувач Даниел Мелинго и неговиот бенд, а како предгрупа ќе настапи Дарко Рундек со своето „Cargo Trio“.На 2 јуни во Македонската опера и балет е македонската вечер со „Љубојна“ и „Проект Жлуст“, кои ќе го промовираат својот најнов албум. „The sound of Istanbul“ е на 4 јуни во МОБ, каде публиката ќе може да ужива во музиката на две турски групи: „Orient Expresions“ и „Baba Zula“. Овие бендови се дел од филмот на култниот режисер Фатих Акин „Crossing the bridge: The sound of Istanbul“ – музички документарец, кој ќе биде прикажан на 3 јуни во Кинотеката на Македонија.Како што е веќе познато, затворањето на фестивалот е настапот на култната панк-рок авторка Пети Смит, на 10 јули во Универзалната сала. Таа својата европска турнеја ја започнува токму во Скопје. По повод овој концерт, на 29 мај (петок) во Кинотеката на Македонија ќе биде прикажан долгометражниот документарен филм „Patti Smith: Dream of Life“ на Стивен Себриг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

