Свет
„Бачилото“ е судско фијаско
Врховниот суд вчера целосно ги негираше сите досегашни наоди за случајот „Бачило“ и изрази најголем сомнеж досега дека настанот е исконструиран и дека воопшто се случил.
Врховниот суд вчера целосно ги негираше сите досегашни наоди за случајот „Бачило“ и изрази најголем сомнеж досега дека настанот е исконструиран и дека воопшто се случил.
Граѓанскиот оддел на Врховниот суд се сомнева во целата постапка за случајот: од начинот на поднесувањето на тужбата, која била неуредна, до вештачењето, доказите, вредноста на спорот, како и погрешно досудената камата од судот. Според наодите на највисоката судска инстанца, во случајот „Бачило“ погрешно постапиле скопскиот Основен суд 1, Јавното правобранителство, Јавното обвинителство и Апелацискиот суд и сите тие институции се одговорни за спорната отштета од 730.000 евра, кои државата му ги платила на тетовецот Иснифарис Џемаили.
Врховниот суд ќе ги достави наодите до Републичкиот судски совет, како правна основа да се утврди одговорност за нестручно и несовесно работење на Снежана Попчевска, судијката што го водела случајот.
Според првиот човек на Врховниот суд, Дане Илиев, тужбата што ја поднел тетовецот Џемаили против државата била неуредна затоа што фактите не биле поткрепени со докази и биле спротивни на службената белешка од полицијата. Единствен доказ за настанот, пак, е токму таа полициска белешка во која пишувало дека на местото на инцидентот имало кратер и добиток расфрлан околу него, без да се напомене бројот на наводно загинатиот добиток. Судот, и покрај неуредната тужба, ја продолжил постапката.
Според врховните судии, вештакот што требало да го утврди бројот на овците не го сторил тоа, туку само ја утврдувал нивната цена.
„Без соодветни докази со кои ќе се утврди основаноста на тужбата, судот донел меѓупресуда, што ја заснова на член од Законот за облигациски односи, што е несоодветна одредба и значи погрешна примена на правото. Апелацискиот суд, и покрај тоа, ја потврдил меѓупресудата, погрешно прифаќајќи дека државата е одговорна за случајот“, се вели во соопштението на Врховниот суд.
Одговорност за случајот, како што посочуваат врховните судии, може да се најде и кај Јавното обвинителство, кое не покренало барање за заштита на законитоста како вонреден правен лек.
„Со правосилната пресуда на судот не биле утврдени решавачките факти и погрешно било применето материјалното право кога била досудена отштета од 25 милиони денари. Исто така, судот погрешно досудил камата од поднесувањето на тужбата, а не од денот на пресудувањето“, велат од највисоката судска инстанца.
Заменик-јавниот правобранител, пак, не поднел жалба како редовен правен лек, со што пресудата станала правосилна, а на тетовецот Џемаили му биле исплатени речиси 730.000 евра од сметката на Министерството за одбрана.
За истиот случај јавната правобранителка Зоја Лега-Станоевска вчера даваше отчет за случајот „Бачило“ пред премиерот Владо Бучковски. По средбата правобранителката ги избегна новинарите, а кабинетот на премиерот Бучковски се обрати со штуро соопштение во кое се вели дека на денешната владина седница ќе се разгледува информацијата за случајот.
„Владата денеска ќе го разгледа предметот и ќе донесе заклучоци за постапувањето на Јавното правобранителство во врска со исплатата на штета на лицето Иснифарис Џемаили“, се вели во соопштението од владиниот кабинет.
За случајот останува да се изјасни уште РСС, кој треба да одлучи дали ќе поведе постапка за работата на судијката Снежана Попчевска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Новата арктичка мисија на НАТО е многу значајна
Отфрлајќи ги критиките дека новата арктичка мисија на НАТО е само ребрендирање на постојните активности, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека тоа е „многу значајна“ иницијатива.
НАТО предложи нова операција „Арктички стражар“ завчера, која би ги консолидирала заедничките вежби во областа под команда на алијансата.
Сепак, дипломатите и експертите веруваат дека ова е главно комуникациски потег насочен кон смирување на Доналд Трамп, како и одговор на заканата што ја оценуваат како во голема мера претерана.
Руте објасни дека мисијата ќе има „чекор-по-чекор пристап“ и ќе започне со обединување на „постојните вежби и активности“ на алијансата во регионот под една команда за да се утврди „што друго ни треба“.
Врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандиер, исто така ќе биде замолен да испита како „најновите иновативни технологии“ можат да се користат на Арктикот.
фото/Depositphotos
Свет
Макрон: Русија е значително ослабена од конфликтот
Францускиот претседател, Емануел Макрон, тврди дека Русија всушност е значително ослабена од конфликтот.
Според него, Русија влегла во рецесија, станала целосно зависна од Кина, има демографски проблем и се соочува со воен неуспех.
Макрон нагласи дека Европејците сега станаа „единствениот извор на воено финансирање“ за Киев, алудирајќи на Соединетите Американски Држави, кои побараа од Европа да ги засили своите напори.
Тој верува дека не може да се постигне мировен договор меѓу Украина и Русија без учество на Европејците.
„Ние ќе бидеме дел од решението и треба да бидеме дел од решението“, рече Макрон. Тој додаде дека токму тоа е причината зошто неговата канцеларија неодамна воспостави контакт со Москва.
foto/Depositphotos
Свет
Тројца скијачи загинаа во лавина на француските Алпи
Тројца скијачи загинаа откако беа однесени од лавина во луксузниот француски алпски скијачки центар Вал д’Изер, изјави за новинарите Седрик Боневие, задолжен за патеките на одморалиштето.
Боневие рече дека една жртва е француски државјанин, додека другите се странци.
Тој додаде дека инцидентот се истражува.
Медиумските извештаи велат дека инцидентот се случил надвор од пистата.
Се чини дека една од жртвите била зафатена од лавина високо на планинската падина, додека другите двајца биле во група од пет скијачи, вклучувајќи и професионален водич, пониско од планината каде што не можеле да ја видат катастрофата што се приближува.
Не е познато што ја предизвикало лавината, рече Боневие.
Метео Франс, националната метеоролошка служба, во четвртокот го стави подрачјето под црвена тревога поради ризик од лавини.
фото/Depositphotos

