Македонија
Раниот мамограф спасува животи
Околу 2000 луѓе со розови маички кои маршираа низ улиците на Скопје како дел од прошетката „Напред розово 2010“, денеска упатија апел до граѓаните на Македонија дека раниот мамограф и редовните лекарски контроли можат да спасат животи кога станува збор за рак на дојка.
Околу 2000 луѓе со розови маички кои маршираа низ улиците на Скопје како дел од прошетката „Напред розово 2010“, денеска упатија апел до граѓаните на Македонија дека раниот мамограф и редовните лекарски контроли можат да спасат животи кога станува збор за рак на дојка. Биба Додева, Претседател на здружението „Борка“ од „Школка“ во Градскиот парк, низ песна ги поведе насобраните поддржувачи на каузата да изодат 3 километри и да направат симболична розова панделка која е симбол на борбата со ракот на дојка. „Заедничката борба може да придонесе да ја победиме оваа болест и затоа да тргнеме,“ повика таа. Оние кои присуствуваа имаа можност, освен маици, да купат и други интересни украси и со тоа да донираат пари кои ќе бидат искористени за да се купат болнички кревети и други медицински материјали кои им се потребни на луѓето кои се борат со оваа болест. Прошетката беше поддржана од целиот дипломатски кор во државата, а свои обраќања имаа Министерот за здравство, Бујар Османи, Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, како и Амбасадорот на САД, Филип Рикер и неговата сопруга. Ракот на дојка не избира раса, возраст или пол кај луѓето и најмладата пациентка со оваа дијагноза има само 18 години, велат од здружението „Борка“. Според нив, секоја година во Македонија се дијагностицираат околу 700 нови случаи од кои еден отсто или 7 случаи се регистрирани кај мажите. Ненси Бринкер, која и самата ја има преживеано болеста, е основачот на фондацијата „Susan G.Komen for the Cure“ која има собрано 1,5 билиони долари, финансии користени за испитувања во медицината и борба со ракот на дојката. Минатата година Брикер ја посети Македонија. Оваа фондација за прв пат ја организираше розевата прошетка пред 25 години и таа има за цел да ја шири свеста за оваа болест./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Водици
На 19.01.2026 (понеделник) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје.
Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.
СВР Скопје апелира со сите учесници во сообраќајот да ги прочитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Утре локални врнежи од дожд, на планините снег
Утре на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.
За време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.
Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.
Македонија
Министерството за здравство ги кани на соработка нашите лекари кои работат во странство
Министерството за здравство информира дека на веб-страницата на МЗ од денес е активиран електронски модул на кој лекарите кои моментално работат или специјализираат во странство може да изразат интерес за соработка со нашиот здравствен систем.
-Во рамки на нашите заложби за дигитализација во здравството, овој електронски модул претставува директен канал за стручна соработка со дијаспората, со цел полесно мапирање профили и експертизи кои може да придонесат во нашиот здравствен систем. Меѓусебната соработка со овие лекари е предвидено да опфати обуки, едукации, менторство, консултации или проектна поддршка, како и други стручни ангажмани. Во оваа прилика ги повикувам да се пријават нашите лекари кои работат во странски медицински центри, лекари кои се на специјализација или супспецијализација во странство, или лекари кои се ангажирани во странски академски и научно-истражувачки установи, потенцира министерот за здравство, Азир Алиу.
Пријавувањето се врши исклучиво преку електронскиот модул на веб-страницата на Министерството за здравство, по што Министерството ќе ги контактира лекарите за конкретна соработка што одговара на нивниот профил.
Во електронскиот модул насловен „Лекари од дијаспората“ предвидено е лекарите да пополнат повеќе лични и професионални податоци, детали за клучните области на експертиза, лиценци, сертификати, листа на публикации, како и сегменти на соработка за кои изразуваат интерес.

