Европа
Двајца украински војници загинале, петмина ранети

Двајца украински војници загинале, а петмина се ранети во последното деноноќие, во продолжување на борбите на голем дел од фронтот во источниот дел од земјата, соопшти во вторникот вечерта украинската армија.
„Непријателот ги користи практично сите офанзивни средства кои ги има на располагање, од снајпери до тешко оружје. Активни борби се во тек на голем дел од фронтот, од Грантиное до Горловка, изјави на секојдневната прес-конференција во Киев, портпаролот на операцијата во источна Украина, Андриј Лисенко, говорејќи за двата града кои се оддалечени околу 100 километри.
Рускојазичните бунтовници, во вторникот повторно соопштија дека од украински позиции се гранатирани населби под нивна контрола и притоа има ранети. Киев ги обвини дека и покрај примирјето ги гаѓаат позициите на украинската армија кај Луганск. Што се однесува до Горловка, челниците на самопрогласената Народна република Донецк во вторникот објавија дека од почетокот на операциите на силите лојални на прозападните власти во Киев во 2014 година, во украинските гранатирања се убиени најмалку 160 цивили.
Воениот командант на НАТО во Европа, американскиот генерал Филип Бидлав изјави дека е свесен за јакнењето на насилствата во побунетите региони на истокот од Украина. „Токму во моментов во тек се борби по должината на линијата на раздвојувањето“, изјави за медиумите во Литванија.
Судирите последните седмици се интензивира и покрај договорот за прекин на огнот постигнат на 12-ти февруари во белоруската престолнина Минск, а завојуваните страни меѓусебно се обвинуваат за нарушување на примирјето./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Полски европратеник си ги избриша чевлите од знамето на ЕУ, а потоа го запали

Крајнодесничарскиот европратеник и кандидат на претстојните претседателски избори во Полска, Грзегорз Браун, го запали знамето на Европската Унија во зградата на Министерството за индустрија во Катовице. Пред да го запали, си ги избриша чевлите од него.
Precz z eurokomuną! Tu jest Polska 🇵🇱 pic.twitter.com/e0PLoXlZJA
— Grzegorz Braun (@GrzegorzBraun_) May 6, 2025
Имунитетот на Браун му беше укинат во вторникот.
Tu jest Polska 🇵🇱 nie Bruksela! pic.twitter.com/MxGOoaufUe
— Grzegorz Braun (@GrzegorzBraun_) May 6, 2025
Полските власти ќе го гонат во врска со инцидентот од декември 2023 година кога како член на полскиот парламент тој ги изгасна свеќите за Ханука со противпожарен апарат како знак на протест против прославата на еврејскиот празник во Полска.
Европа
Две години по крунисувањето, објавени официјални портрети на кралот Чарлс и Камила

Две години по историската церемонија, објавени се официјалните портрети на крунисувањето на кралот Чарлс и неговата сопруга, кралицата Камила.
Портретите ги откриле самите крал и кралица за време на посетата на Националната галерија во Лондон.
Портретите ќе бидат изложени таму еден месец по што ќе бидат префрлени во Бакингемската палата, се вели во официјалното соопштение од палатата.
Европа
Украина: Русија нè бомбардира и покрај тридневниот прекин на огнот

Украинските власти рано утрово пријавија ново гранатирање и покрај едностраното примирје објавено од рускиот претседател Владимир Путин, кое наводно стапи на сила на полноќ.
Руските авиони постојано фрлаат наведувани бомби над северниот регионот Суми, соопштија украинските воздухопловни сили на Телеграм, предупредувајќи за континуирана воздушна активност во источен правец.
Во меѓувреме, рано утрово беа пријавени предупредувања и напади со беспилотни летала во регионот Липецк во западна Русија, според регионалниот гувернер Игор Артамонов.
Информациите дадени од двете страни не можеа независно да се потврдат.
Едностраното 72-часовно примирје прогласено од Москва стапи на сила веднаш по полноќ, според руската државна новинска агенција ТАСС. Путин го објави прекинот на огнот за време на годишната прослава на Денот на победата во Русија на 9 мај, со што се означува крајот на Втората светска војна во Европа.