Македонија
Васил Грчев : Ги знаеме корумпираните судии
Претседателот на Судскиот совет, на последната средба со новинарите два дена пред крајот на неговиот мандат изнесе неколку негови мислења и ставови околу состојбите во македонското судство. На прашањето кое најмногу ги засега граѓаните на државата , односно дали има корупција кај судиите Грчев вели: “ Корупцијата не е нешто ново, тоа е присутно и кај поедини судии. Ние тие судии ги имаме лоцирано, работиме на одредени докази кои ги имаме. Судството не е имуно од ништо што е наше секојдневие. Сепак станува збор за живи луѓе, за жива материја”. Грчев вели дека судиите во Македонија работат добро , но вели дека само прогласени експерти не смеат да ги коментираат нивните одлуки. Кој ја информира меѓународната заедница за работата на судиите и кој и сервира различни информации, на Грчев не му е познато. Според документите и разговорите на советот со странскиот фактор судство во Македонија бележи одличен развој па дури и дава подобри резултати од судии во некои европски земји. Грчев апелира сите оние кои немаат контакт со предмет, кои никогаш не влегле во суд и не работеле со предмети да не коментираат судски одлуки. „Тврдењето дека судството е нечие е многу опасно. Тоа е на Граѓаните па потоа на судиите. Судиите се тие кои треба да го сочуваат својот образ , на целата фела и крајно време е судиите отворено да прозборат за влијанијата кои што ги имаат, кои ние никогаш не сме ги негирале”, вели Грчев. Во среда завршува неговиот мандат за кога се очекува да биде избран нов Претседател на Судскиот совет. /крај/км/мк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Зелениково и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, дел од корисниците од улиците Самоилова и Јоаким Крчовски, како и објектот на Музејот на Современа Уметност, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од селата Зелениково, Ново Село, Страхојадица и Смесница, општина Зелениково;
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците лоцирани околу ул. Австралиска бр. 5 во населба Даме Груев, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Утре во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на денот насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониска утринска температура.
Македонија
Ѓорѓиевски отпушти 500 вработени
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека се отпуштени 500 вработени од претпријатијата на Скопје затоа што се месеци, дури и години, не оделе на работа.
„500 лица до денес, се отстранети од работа од претпријатијата во градот Скопје. Тоа се лица кои се платени од парите на скопјани, но не оделе на работа со месеци, дури и години“, објави Ѓорѓиевски.
Тој најави дека секој кој чесно си ја работи работата, ќе биде награден, а оној што не работи ќе биде казнет.
„Тука, нема да има толеранција, а ќе има и одговорност! Секој оној што чесно си ја работи својата работа ќе биде награден, а оној што не работи – ќе биде санкциониран. Ред во Скопје, мора да има! Она што е платено со парите на граѓаните јас мора да го заштитам“, напиша Ѓорѓиевски на „Фејсбук“.

