Спорт
Последно есенско коло во Бундес лигата
Со натпреварите од 17-то коло викендов ќе заврши првиот дел од сезоната во Бундес лигата
Првото место веќе го обезбеди Борусија Дортмунд која во оваа првенствена рунда ќе гостува во Франкфурт. Во екипата на Ајнтрахт настапуваат македонските интернационални Александар Васоски и Ока Николов. Борусија во Франкфурт ќе се обиде ја продолжи серијата од осум последовни победи на гостински терен.Актуелниот шампион на Германија минхенски Баерн во дербито на колото ќе му гостува на Штутгарт. Второпласираниот Баер Леверкузен на домашен терен ќе игра против Фрајбург, додека Хановер одличната форма ќе се обиде да ја презентира во Нинберг.Последното коло во есенскиот дел во Бундес лигата вечерва во Менхенгладбах ќе го отворат Борусија и Хамбургер. Во сабота се среќаваат Ајнтрахт – Борусија Дортмунд, Нинберг – Хановер, Шалке – Келн, Вердер – Кајзерслаутерн, Волфсбург – Хофенхајм, Санкт Паули – Мајнц а во недела Баер Леверкузен – Хофенхајм и Штутгарт – Баерн Минхен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дамфрис го продолжи договорот со Интер
Фудбалерот на Интер, Дензел Дамфрис го продолжи договорот на уште три години, што значи дека во Милано ќе остане до 2028 година.
Холандскиот фудбалер со новиот договор ќе добие покачување на платата, па годишно ќе добива четири милиони евра, објавија италијанските медиуми. За разлика од медиумите клубот не ги соопшти финансиските детали од договорот на 28-годишниот десен бек.
Во 2021 година, Дамфрис се пресели од ПСВ во Интер, за кој одигра 147 натпревари, постигна 13 гола и го освои шампионатот, два Купа на Италија и три Суперкупа.
Спорт
Новак Ѓоковиќ стана глобален амбасадор на „Катар Ервејс“
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, освојувач на рекордни 24 Грен слем титули, стана глобален амбасадор на компанијата Катар ервејс.
Како што се наведува во соопштението, Ѓоковиќ станал бренд и велнес амбасадор на компанијата и била договорена долгорочна соработка.
„За мене е големо задоволство и чест да соработувам со Катар Ервејс, компанија која многу ја ценам, не само поради нејзиниот беспрекорен однос кон клиентите и вработените, туку и затоа што ја препознава важноста на благосостојбата и долговечноста, што е мојата голема страст. Верувам дека заедно ќе го подобриме веќе наградуваното искуство на клиентите ширум светот и ќе го подигнеме на уште повисоко ниво. Благодарен сум што Катар Ервејс ќе биде мој партнер на сите патувања на професионалниот спорт, семејните моменти или деловните обврски“, рече Ѓоковиќ.
Спорт
Матеус: Баерн треба да го продаде Коман, а да го задржи Сане
Легендата на германскиот фудбал Лотар Матеус ги советува челниците на Баерн, во зимскиот преоден рок да го продадат Кингсли Коман, а во исто време да направат обид да го задржат Лирој Сане.
Баерн суверено владее во Бундеслигата и по победата над Пари Сен Жермен навестува дека ќе се пласира во нокаут фазтата во Лигата на шампионите. Во исто време, шефовите на спортскиот сектор, Макс Еберл и Кристоф Фројнд, наголемо работа на летниот преоден рок.
Младата ѕвезда на Баер, Флоријан Вирц е на врвот на листата, но за него треба да издвојат најмалку 100 милиони евра. Доколку сакаат да го реализираат овој трансфер, а ќе биде тешко бидејќи за Вирц интерес покажа и Реал Мадрид, Надзорниот одбор очекува приходи од продажба на фудбалери веќе во претстојниот преоден рок во јануари.
Кандидатите за продажба се Кингсли Коман (договор до 2027 година), Леон Горецка (до 2026 година) и Серж Гнабри (до 2026 година).
Легендата на Баерн со најмногу натпревари во германската репрезентација, Лотар Матеус, го советува поранешниот клуб прво да го продаде Коман и да го продолжи договорот со Лерој Сане, кој истекува во јуни.
„Сане треба да се задржи, но со намалена плата. Тој добро се согласува со тренерот Компани. Коман не е неопходен за тимот и треба да се продаде во зимскиот преоден рок“.
Францускиот репрезентативец одигра 309 натпревари од летото 2017 година, постигна 67 голови и забележа 68 асистенција. Запаметен по победничкиот гол против Пари Сен Жермен во финалето на Лигата на шампионите во 2020 година.