Свет
Мијанмар: На изборите победуваат партиите што ги поддржува војската
Две мијанмарски партии што ја уживаат поддршката од војската најверојатно ќе победат на првите избори што се одржуваат по 20 години што набљудувачите ги прогласија за недемократски.
Сложените изборни правила не даваат никакви изгледи за победа на продемократскиот фронт. Државната телевизија пренесува дека гласачите „слободно и среќно“ гласале, но според зборовите на очевидци, одзивот бил слаб и имало низа неправилности.
Државните медиуми објавуваат резултати кои покажуваат водство на партиите што ги подржува војската, но за да се види кој ќе го добие мнозинството во парламентот треба повеќе време. Првичните резултати покажуваат дека демократските партии во главниот град Јангон постигнале резултат подобар од очекуваниот.
Граѓаните кои не излегле на гласање изјавиле дека сметаат оти не можат ништо да променат во авторитарниот статус кво на изборите за кои американскиот претседател Барак Обама и британскиот министер за надворешни работи, Вилијам Хејг одвоено изјавија дека не се ниту слободни, ниту чесни.
На последните избори во Мијанмар пред 20 години, убедлива победа однесе Националната лига за демократија на чело со Аунг Сан Суу Куи, но воената хунта ги поништи изборните резултати./крај/хи/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ: Целта е да почнеме да користиме летечки автомобили во Србија во 2027 година
Целта на Србија е да почне да користи летечки автомобили во земјата во 2027 година, изјави вечерва во Давос претседателот Александар Вучиќ, наведувајќи дека за тоа разговарал со претставници на компанијата „Арчер“ на маргините на Светскиот економски форум.
Вучиќ за српските медиуми изјави дека компанијата „Арчер“ е „една од најпознатите компании кои се занимаваат со летечки автомобили, беспилотни авиони и летачки возови“.
„Почнавме да преговараме за купување на најмалку три авиони, а разговараме и со нашите кинески пријатели, кои веќе имаат развиено многу и имаат летечки автомобили во неколку градови. Ќе побрзаме да се обидеме да завршиме се што е поврзано со подготовките и регулативите до средината на 2026 година, за да можеме да возиме летечки автомобили во 2027 година“, рече Вучиќ.
Тој изјави дека на меѓународната специјализирана изложба Експо 2027, на која е домаќин, Србија сака да покаже „дека е најбрзо модернизирана и најбрзо растечка земја во Европа“.
„Веќе потпишавме некаков меморандум со компанијата Арчер и договоривме за Expo 2027. Ме интересираше дали машината може да биде загрозена ако дојде јато птици. „Навистина не може и е многу побезбедно од хеликоптер“, додаде Вучиќ.
Свет
Трамп: Ќе запрам нелегален влез, ќе прогласам национална вонредна состојба на јужната граница
Во своето инаугуративно обраќање, претседателот Доналд Трамп вети златно доба за Америка, неколку минути откако по вторпат положи заклетва како претседател во извонредно политичко враќање по два обиди за атентат, кривично дело и обвинение за обид да го поништи неговиот изборен пораз во 2020 година.
„Златното доба на Америка започнува сега“, рече Трамп, нагласувајќи дека под негово водство земјата „ќе процвета и ќе биде почитувана“.
Тој тврдеше дека победата му дала мандат да го смени „ужасното предавство на американскиот народ“.
Тој ја осуди администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден и нејзиното справување со мигрантската криза, велејќи дека земјата има криза на „доверба“ во сопствената влада.
Потсетувајќи се на обидот за атентат што го преживеал за време на кампањата, тој рече дека Бог го спасил за да „ја направи Америка повторно голема“ и заклучи дека денот на неговата инаугурација е денот на ослободувањето на земјата.
Ќе прогласи вонредна состојба на јужните граници и ќе бидат стопирани сите нелегални влезови и ќе започне депортацијата на илегалните мигранти, што беше поздравено со аплауз од толпата. Тој повторно ќе ја воведе антиимигрантската политика „престој во Мексико“ и ќе испрати војска да „одбие деструктивна инвазија на земјата“.
Тој ќе ги прогласи нарко-картелите за терористички организации со цел да го спречи влезот на дрога во земјата, а најави и жестоко сузбивање на криминалот во земјата.
Тој најави и промена на енергетската политика.
Америка повторно ќе има производство, вклучително и автомобилската индустрија, и ќе произведува енергија што ќе се извезува низ целиот свет, рече Трамп.
Свет
Бајден ги помилува членовите на семејството во последните минути од претседателскиот мандат
Џо Бајден помилува членови на неговото семејство во последните минути од неговиот претседателски мандат.
„Моето семејство беше подложено на немилосрдни напади и закани, мотивирани исклучиво од желбата да ме повредат – најлошиот вид на партиска политика. За жал, немам причина да верувам дека овие напади ќе престанат“, рече тој во изјавата објавена неколку минути пред церемонијата на инаугурација на која Доналд Трамп стана нов американски претседател, пренесува Си-Ен-Ен.
„Затоа, според Уставот, јас го користам моето овластување да ги помилувам Џејмс Б. Бајден, Сара Џонс Бајден, Валери Бајден Овенс, Џон Т. Овенс и Френсис В. Бајден“.
Тој веќе го помилува својот друг син, Хантер, минатиот месец пред неговата пресуда за федерално кривично дело за оружје и данок.
Тој, исто така, издаде превентивно помилување за јавни функционери на кои претходно им се закануваа Трамп и други републикански функционери.