Македонија
ХК – волунтаризам на владата за веронауката
Хелсиншкиот комитет (ХК) за човекови права ја поздрави денеска одлуката на Уставниот суд со која повторно ја укина веронауката
Хелсиншкиот комитет (ХК) за човекови права ја поздрави денеска одлуката на Уставниот суд со која повторно ја укина веронауката во основното образование.
Според ХК, Владата и Министерството за образование и наука (МОН) „волунтаристички” ја вовеле веронауката, без претходна детална анализа.
„Начинот на кој беше воведена веронауката во никој случај немаше да биде алатка која ќе придонесе кон подобар меѓу-културен дијалог, туку единствено причина повеќе за интензивирање на верските недоразбирања, нетолеранција и конфликти”, оцени ХК.
Хелсиншкиот комитет препорачува, наместо да воведува нови предмети без соодветен наставен кадар и без учебници, МОН да се зафати со еден продлабочен, подолготраен и внимателен проект за анализа на потребите на учениците во образованието, кои ја засегаат работата со компјутери, странски јазици, технолошка култура, претприемништво и социјални вештини.
Според ХК, во јавните училишта може да се воведе предмет како што е општата историја за религијата и етиката, доколку е прикажана на неутрален начин, а целиот процес биде резултат на подолготрајна анализа во која ќе бидат вклучени децата, родителите, наставниците, високите образовни институции, невладиниот сектор и верските заедници.
„Не е тешко да се заклучи дека МОН не спроведе ниту еден од овие чекори, и уште поалармантно ниту објасни како ќе го спроведе целиот процес, како ќе ја врши поделбата на учениците по предмети и со кој наставен кадар. Последиците од сето тоа, сега по укинувањето на така воведената веронаука, ќе ги сносат најосетливиот дел од популацијата – учениците”, заклучува ХК /крај/с/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – Штип
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ.
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

