Свет
Бројот на мртвите од невремето во Бразил достигна 767
Бројот на смртни случаи од жестоките бури и лизгањето на земјиштето во југоисточната бразилска држава Рио де Женеиро достигна 767, соопштуваат локалните власти, пренесува Риа НовостиСе уште како исчезнати се водат 400 локални жители, за кои се претпоставува дека се закопани во калта. Според официјалните бројки, најголемата природна катастрофа во Бразил во последниве неколку децении засегна преку 70.000 луѓе, од кои 20.000 морале да ги напуштат своите домови. И покрај лошата состојба на патиштата, поголемиот дел од регионот е достапен за возилата со помош. Претседателката Дилма Русеф вчера одобри 239 милиони долари помош за градот Нова Фрибурго, кој заедно со Тереополис е најпогоден од катастрофата. Вкупната помош која бразилската држава ја испрати во регионот досега, ја надмина вредноста од 658 милиони долари. /крај/риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Евакуација на аеродромот во Москва поради дојава за бомба
Еден од катовите на зградата на аеродромот Внуково во Москва е евакуиран поради закана за бомба, соопшти полицијата.
„Едниот кат е евакуиран. Во тек е проверка и контрола“, се наведува во соопштението и се додава дека евакуацијата не влијаела на функционирањето на аеродромот.
Евакуиран е седмиот кат од зградата на управата на аеродромот.
Неименуван извор изјавил за агенцијата ТАСС дека евакуацијата уследила по закана за бомба.
– Се проверуваат сите простории и канцеларии – изјавил овој извор.
Свет
Хутите истрелаа три проектили на два брода во Црвеното Море: оштетен британски танкер
Американската војска објави дека јеменските бунтовници Хути лансирале три противбродски балистички ракети врз два брода во Црвеното Море, при што лесно е оштетен британски танкер за нафта.
Американската централна команда (CENCOM) преку соопштение на платформата „Х“ соопшти дека е оштетен танкерот со нафта „МВ Андромеда Стар“, како и дека проектил паднал во близина на друг брод „МВ Маиша“, но не го оштетил.
Хутите од ноември минатата година напаѓаат комерцијални бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив со ракети и беспилотни летала како знак на, како што велат, поддршката на палестинската милитантна група Хамас во конфликтот со Израел во Појасот Газа.
Свет
(Фото) Нарачале бифтеци и двојни десерти, испиле 15 шишиња вино и избегале без да ја платат сметката од 380 евра
Италијански ресторан обвини група гости, најверојатно членови на исто семејство, дека си заминале без да си ја платат сметката.
Менаџерот тврди дека нарачале скапи бифтеци, двојни десерти и 15 шишиња вино, а кога дошло време да се платат работите „станале чудни“.
На видеата и фотографиите, кои ресторанот ги објави на Фејсбук, се гледа дека жена, најверојатно мајка, се обидува со картичка да плати сметка од 380 евра.
Плаќањето беше одбиено двапати, а вработените тврдат дека жената рекла дека нејзиниот син ќе ја чека во ресторанот додека таа „тргнала по друга картичка“, пишува Дејли мејл.
Претставниците на ресторанот наведуваат дека таа не се вратила, а и момчето побегнало од местото на настанот.
„Мојот син сакаше да тргне по него, но јас му реков да престане“, изјави менаџерот Тајрон Рис.
Тој додава дека не успеал да стапи во контакт со групата гости бидејќи бројот со кој ја направиле резервацијата бил „лажен“.
Случајот подоцна го пријавил во полиција.