Регион
Грција: Меимаракис го призна поразот и му честиташе на Ципрас

Радикалната левичарка партија во Грција, Сириза на Алексис Ципрас победи на предвремените парламентарни избори во неделата, а победата прв ја честиташе челникот на најголемиот конкурент, конзервативната Нова демократија, Вангелис Меимаракис.
По преброените 25 отсто од преброените гласови, Сириза добива околу 35,3 отсто, а Нова демократија 28,1 отсто од гласовите, објави грчкото министерство за внатрешни работи кое е задолжено за спроведување на изборите. Одѕивот на гласачите бил под просекот, и изнесувал 54,4 отсто.
Според овие проекции, Сириза со бонусот ќе има 144 места во новиот состав на парламентот во кој има 300 мандати, додека Нова демократија ќе има 75 пратеници.
„Податоците покажуваат дека победник на изборите ќе биде партијата Сириза. Му честитам на Алексис Ципрас и го повикувам да ја формира владата која е неопходна и да дојде во парламентот“, изјави Вангелис Меимаракис за новинарите во седиштето на Нова демократија.
Висок извор од Сириза, веднаш за Reuters изјавил дека Ципрас ќе ја формира владата за три дена. „Сакам да го повторам она што го рече Ципрас, а тоа е дека владата ќе биде формирана во рок од три дена“, рекол.
„Во јануари (кога исто така на предвремените парламентарни избори првпат победи Сириза – з.м.), некои сметаа дека Нова демократија ќе престане да постои, но ние не исчезнавме и не пропаднавме, нашата партија како граѓанска организација, е жива и претставувал столб на демократијата, гаранција за земјата. Кога ја започнавме кампањата мислевме дека резултатот ќе биде уште полош. Јас лично изјавив дека изборите не се неопходни“, рече Миамаракис.
Им се заблагодари на сите кои гласале за Нова демократија. „Нашите гласачи докажаа дека претставуваме гранати за иднината на земјата“, заклучи Мимаракис./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.