Спорт
Вилијамс го претстави новиот болид
Екипата на Вилијамс е деветиот тим, кој се натпреварува во шампионатот на Формула 1, која го претстави новиот болид. Моделот „FW34“, кој во сезоната 2012, ќе го возат Бруно Сена и Пастор Малдонадо, е прв по големите промени кои се случија во Вилијамс
Екипата на Вилијамс е деветиот тим, кој се натпреварува во шампионатот на Формула 1, која го претстави новиот болид. Моделот „FW34“, кој во сезоната 2012, ќе го возат Бруно Сена и Пастор Малдонадо, е прв по големите промени кои се случија во Вилијамс. Имено, техничкиот директор, Сем мајкл се пресели во Мекларен, а еден од основачите на тимот, Патрик Хед се повлече од Формула 1. По заминувањето на овие двајца, екипата ја предводи Марк Џилен. Новиот болид на Вилијамс оваа сезона ќе ги користи моторите на Рено, кои се замена за Косворт. Вилијамс, со Рено, во деведесеттите години од минатиот век ги постигна своите најдобри резултати во Формула 1. Слично како и кај другите екипи, со исклучок на Мекларен, на моделот „FW34“ видлива е промената на носот на болидот. Минатата сезона беше најнеуспешната во историјата на Вилијамс, тимот освои само пет бода во шампионатот. Покрај Вилијамс, болидите за новата сезона ги презентираа Катархем, Мекларен, Ферари, Форс Индија, Лотус, Заубер, Ред Бул и Торо Росо. До сега промоции на болидите немаат закажано Мерцедес, Хипанија и Маруси, оваа екипа нема да учествува на тестирањата во Херез, кои започнаа денес. крај/б92/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

