Контакт

Филм

Oкаровецот Алан Старски држи предавање за филмска сценографија на „Браќа Манаки“

Објавено пред

Директорот на фестивалот Благоја Куновски и уметничкиот директор Гена Теодосиевска  претставија уште тројца кинематографери од помладата генерација, чии филмови се дел од Главната компетиција и програмата „Перспективи на европскиот филм“.

dobivaj vesti na viber

Фестивалот е домаќин на кинематограферот Јани Петери Паси од Финска, кој работел на филмот „Најсреќниот ден во животот на Оли Маки“, како и на младите кинематографери Давид Гајч и Акос Ковач од тимот на филмот „Не е времето на мојот живот“ на унгарскиот режисер Заболч Хајду. И двата филмови котираа одлично на европските филмски фестивали оваа година.Јани Петери Паси  веќе осум години работи во тандем со режисерот Јухо Куосманен, а нивниот последен филм „Најсреќниот ден во животот на Оли Маки“ е добитник на признанието „Un certain regard“ на овогодинешниот кански филмски фестивал. Во филмот се раскажува приказната за боксерот Оли Маки, кој се соочува со растргнатост помеѓу професијата и љубовта на неговиот живот. Филмот во пост-продукција е изведен во црно бело, со цел да се долови атмосферата од минатиот век. „Најпрво мислевме дека ќе го снимаме филмот во боја, но кога отидовме со материјалот во студиото за пост-продукција во Стокхолм, сфативме дека е нужно филмот да биде црно- бел, во спротивно немаше да се долови периодот од минатиот век кој го прикажува“, објасни Паси. Јани Петери Паси говореше и за предизвиците на филмската индустрија во Финска. „Финска е мала држава, а филмовите обично не добиваат големи буџети. И покрај тоа, среќни сме што годишнно имаме  15 премиери, што може да се смета за добар успех“, вели Паси. По разговорот со Јани Петери Паси, Гена Теодосиевска ги претстави младите унгарски кинематографери Давид Гајч и Акос Ковач. Тие во тим од 13 кинематографери работеа со режисерот Заболч Хајду на нискобуџетниот филм „Не е времето на мојот живот“, кој ја добија главната награда „Кристален глобус“ на фестивалот во Карлови Вари. Тие објаснија дека иако работеле во тим од 13 кинематографери, сепак во филмот нема никаква неконзистентност.  „Искрено, беше малку чудно тринаесет кинематографери да снимаат еден филм. Секој ден по еден од нас снимаше, а останатите работеа како техничка поддршка. Филмот го снимивме за три недели, во станот на Заболч. Практично живеевме кај него дома и бевме како дел од неговото семејство, кое патем глуми во филмот“, вели Акос Ковач. Ковач додаде дека Заболч Хајду според него е еден од најголемите унгарски режисери на денешницата, па на почетокот како штотуку завршени студенти биле малку уплашени од помислата дека ќе работат со него. „Чувството на страв дека работиме со едно такво големо име исчезна по неколку дена и сите ние многу уживавме во текот на снимањето“, вели Ковач.  Филмот е направен со многу низок буџет од околу 10 000 евра, бидејќи режисерот имал несогласувања со Министерството за култура во Унгарија, објаснија младите кинематографери.  „Заболч и Министерството за култура во Унгарија не се согласуваат баш најдобро, па кога побара да направи филм не доби пари. И покрај тоа, сепак го напиша сценариото и направи театарска претстава  која што беше доста успешна. Потоа ни предложи нас да направиме филм и ги замоли неговите пријатели и семејството да глумат во него. Немавме ниту професионална опрема, па понекогаш осветлувавме со лампи од „ИКЕА“, но најчесто работевме со природна светлина“, вели Акос Ковач. Давид и Акос беа видно задоволни што добија можност да гостуваат на „Браќа Манаки“ и истакнаа дека Битола е преубав град и би сакале повторно да го посетат, а можеби и да снимаат филм овде. Околу перспективите на младите филмаџии во Унгарија, кинематограферите објаснија дека во изминатите неколку години постојат добри програми за финансирање на млади режисери. Секоја година по неколку режисери кои што ги завршиле своите студии и успешно аплицирале за грант, добиваат околу 100.000 евра за да снимат филм. Давид Гајч и Акос Ковач се надеваат дека филмската индустрија во Унгарија е на добар пат и дека младите генерации ќе го вратат сјајот на унгарскиот филм.  Денеска, во рамки на фестивалските настани, се одржа и презентација на потпрограмата МЕДИА од програмата Креативна Европа на ЕУ, наменета за европската аудиовизуелна индустија и поддршка на европските филмските работници за развој на нови филмски проекти. Македонскиот деск на МЕДИА програмата го претстави Владимир Стојчевски, кој потенцираше дека Македоинија е членка на МЕДИА од 24 јули 2015 година, додека со конкретни проекти  почна да функционира од 1 април 2016. Тој ја објасни процедурата за аплицирање на проекти за поддршка од потпрограмата МЕДИА и најави дека на 14 септември ќе биде отворен ден на МЕДИА во рамки на фестивалот „Браќа Манаки“. Инаку, Фестивалот на филмската камера Браќа Манаки и Македокс се двата фестивали што годинава добија поддршка од оваа европска програма. Грациела Билдесхајм, експерт за оценување на проектите кои ја добиваат поддршката на МЕДИА програмата, одржа работилница, на која даде поширока слика за филмските проекти што аплицираат за програмата и кои треба да се базирани на продукциска основа што се потпира на универзални правила. Таа е претставник на тренинг програмата МАИА која ги обучува филмските продуценти како се одвива продукцискиот процес на филмот. Билдесхајм ги опфти сите аспекти на продукцијата од идеја за снимање филм до обезбедување поддршка за разој на проект. Светски познатиот филмски сценограф, оскаровецот  Алан Старски, кој гостува во рамките на програмата „Првите филмови први“, организирана во соработка со Гете Институтот, денеска одржа мастер клас, на кој, на студентите, младите режисери  и сите заинтересирани им презентираше различни аспекти на современата филмска сценографија во рамки на продукцијата на филмовите. Алан Старски е добитник на Оскар за сценографијата на филмот „Шиндлерова листа“. Македонското здружение на кинематографери, како дел од Друштвото на филмски професионалци на Македонија е  домаќин на дводневното ИАГА 2016, годишно собрание на Меѓународната федерација на кинематографери – ИМАГО, кое денеска и утре се одржува во Битола, во рамки на фестивалот. Утрово, собранието започна со работа, а делегатите, повеќе од 50 на број, ги поздравија Благоја Куновски, директор на фестивалот и Гена Теодосиевска, уметнички директор и на претставниците на асоцијациите на кинематографери им посакаа плодна и успешна работа. Големо внимание и посетеност како и секогаш на фестивалот „Браќа Манаки“ привлекуваат и проекциите на филмовите од Детската програма кои годинава се збогатени со претстави, кои децата ги подготвуваат за фестивалот./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Македонска премиера на „Приказната за Силјан“ – филм создаден за домашната публика што допре до светот

Објавено пред

Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, синоќа ја имаше својата македонска премиера во Македонскиот народен театар во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Режисерката Тамара Котевска изјави дека филмот првенствено бил создаден за домашната публика, без амбиција да стигне толку далеку на меѓународната сцена, додавајќи дека токму реакцијата од македонските гледачи за неа има најголема тежина.

Таа посочи дека, иако ѝ е драго што филмот бил прикажан и прифатен од светската публика, најважно ѝ е што ќе го гледаат луѓето низ цела Македонија. Котевска најави дека се планираат премиери и проекции во сите градови, нагласувајќи дека жителите на помалите места заслужуваат да имаат можност да го видат филмот.

„Мило ми е што го виде светот, но повеќе од сè ценам што го видовте денес сите вие и што допрва ќе го гледа цела Македонија“, истакна Котевска.

Таа нагласи дека луѓето како Никола и неговото семејство се суштината на приказната и причината зошто создава вакви филмови, додавајќи дека особено ѝ значи да ги раскажува и приближува приказните од помалите и поскриени средини во Македонија, кои, како што рече, се суштински дел од културата и светот во кој живееме.

„Приказната за Силјан“ имаше светска премиера на Венецискиот фестивал, и доби повеќе значајни меѓународни признанија.

Државниот врв на премиерата на „Приказната за Силјан“ во МНТ: „Добивме вредно филмско остварување“

Прикажи повеќе...

Култура

Почнува 24. „Синедејс“ со репертоар од над 50 европски остварувања

Објавено пред

Со слоганот „Се гледаме од другата страна“ од 3 до 10 декември се одржува 24. „Синедејс“ – Фестивал на европски филм.

dobivaj vesti na viber

Осумте селекции, повеќе од 60 филма, кои ја одбележаа тековната европската филмска година и врвната работилница „Маркетинг на филм“ се фактографски белег на годинешниот „Синедејс“.

„Оваа година публика не ја водиме на филмско патување, туку ја водиме низ премин. Типично за Дејвид Линч, кому му го посветуваме ова издание, надреално, сонувачки, убаво и контрастно. Тој премин и покрај сѐ е богат со најновите и најнаградувани филмови. Свесни сме дека земја како Македонија, со мал продукциски импакт, филмот се докажа како најголем амбасадор и за да може да виреат такви креативци, но и на таквата префинета публика должни сме да ѝ го дадеме најдоброто што знаеме да го правиме, а тоа е фестивал, пред сé“, вели Маргарита Арсова, програмски координатор на „Синедејс“.

Два филма се на почетокот на фестивалот – „Тоа беше само несреќа“ во режија на Џафар Панахи, добитник на наградата „Златна палма“ на Канскиот фестивал и „Човек лавина“ на Слободанка Рудин, филм за еден од најдобрите музичари и тапанари во поранешна Југославија, Драгољуб Ѓуриќиќ.

„Ова издание на ‘Синедејс’ ги носи и ‘Тајниот агент’ на Мендонса Фило, ‘Домот на младата мајка’ на браќата Дарден, и двата номинирани за ‘Златна палма’, ‘Татко мајка сестра брат’ на Џим Џармуш, кој е добитник на наградата ‘Златен лав’ во Венеција и досега не е прикажан во кината во Европа, потоа филмови во кои македонските филмски екипи се копродуценти, како ‘Оче наш’ на Горан Станковиќ, ‘Ера’ на Парта Келменди, ‘Павиљон’ на Дино Мустафиќ… А ќе гледаме и филмови на Сорентино, Парк Чан-Вок. Особено сме благодарни што годинава и ‘Македокс’ ни се придружува со своја селекција, победници од нивниот фестивал. Многу гости, музика и филмски завршок на годинава за МКЦ“, дополнува Арсова.

Селектор на програмата на 24. „Синедејс“ е Бернд Будер и годинава ќе ги гледаме филмовите структурирани во повеќе селекции: официјална селекција, гала-програма, МК во ЕУ, МК-премиери на кратки филмови, музички документарци, СЕЕ-програма, селекција на Дејвид Линч и „Македокс“.

Жири-комисијата во состав: Сара Климовска – актерка, Северна Македонија, Арсен Оремовиќ – режисер, Хрватска, и Алеш Павлин – режисер. Словенија ќе одлучува за филмовите во официјална конкуренција, а Ана Опачиќ – режисерка, Хрватска, Фатос Бериша – режисер, Албанија, и Јасмина Карајловиќ – продуцентка, Црна Гора, за филмовите во СЕЕ-програмата.

На 4 и 5 декември во клубот МКЦ, во рамките на вечерите „Синемјузик“ имаме специјална селекција од десетина млади европски бендови, поддржани од програмата „Лајвјуроп“. Влезот за концертите е бесплатен.

Фестивалот ќе се случува во просториите на МКЦ, во киното „Фросина“ и во Дансинг-салата „25 мај“.

Билетите за годишното издание на „Синедејс“ ќе бидат по цена од 200 денари за сите филмови, а може да се купат онлајн, преку bileti.mkc.mk (препорачуваме онлајн-продажба), како и на самиот влез на МКЦ.

Фестивалот во најголем дел е поддржан од Агенцијата за филм на РСМ. Други финансиски покровители се Град Скопје, Делегацијата на ЕУ преку програмата за поддршка на европските филмски фестивали, како и мрежата „Лајвјуроп“.

Прикажи повеќе...

Култура

(Видео) Објавен првиот трејлер за контроверзниот биографски филм за Мајкл Џексон

Објавено пред

По бројните извештаи за проблематичната продукција, студиото „Лајонсгејт“ го објави првиот трејлер за биографскиот филм „Мајкл“, кој го режира Антоан Фукуа и го следи животот на кралот на поп-музиката, Мајкл Џексон.

dobivaj vesti na viber

Трејлерот започнува со сцена во студио каде Џексон снима со Квинси Џонс (го игра Кендрик Семпсон), кој вели:

„Знам дека долго го чекавте ова. Песните се снимени, подготвени се. Да почнеме од почеток.“

Следуваат кадри од детството на Џексон, неговите легендарни настапи и видеа, меѓу кои и „Трилер“, додека во позадина свири хитот „Вана би стартин самтинг’“ од 1982 година.

Филмот го прикажува патот на Џексон од детска ѕвезда до светска икона, со „интимен поглед во животот и наследството на еден од највлијателните уметници на сите времиња“, стои во синопсисот.

Снимањето завршило во мај 2024 година, но поради дополнителни снимања во јуни, премиерата беше одложена за 24 април 2026 година.

Иако се шпекулираше дека проектот ќе биде поделен на два дела, трејлерот покажува дека сепак станува збор за еден филм.

Режисер е Антоан Фукуа, познат по акциските хитови „Training Day“, „The Equalizer“ и „Olympus Has Fallen“. Сценариото го напиша Џон Логан, автор на „Gladiator“, „The Aviator“ и „Hugo“.

Главната улога ја толкува Џафар Џексон, вистинскиот внук на Мајкл Џексон.

Продуцентот Греам Кинг изјави дека филмот ќе го прикаже Џексон со човечка страна, без да се „исчисти“ неговата биографија:

„Мајкл имаше сложен живот. Сакам да ја прикажам највозбудливата и најнепристрасна приказна што можам, а публиката сама нека одлучи како ќе се чувствува по филмот.“

Контроверзии повторно се појавија поради обвинувањата за сексуално злоупотребување на деца, кои беа обновени во документарецот „Leaving Neverland“ (2019) на Ден Рид.

Рид изјави дека сценариото за „Michael“ било „изненадувачки неискрено“ бидејќи, според него, ги игнорирало обвиненијата и тужителите.

Филмот ќе добие ново финале, бидејќи режисерот Фукуа мора повторно да сними делови поврзани со контроверзните обвинувања за злоупотреба на деца.

Како што пренесува „Анадолија“, првичната верзија на филмот прикажувала Џексон како се грижи за болни деца, што предизвикало реакции и притисок врз продукцијата да направи измени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

За една недела, 4.991 прекршок преку системот „Безбеден град“, најмногу за брзо возење

Во периодот од 02.02.2026 до 08.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се...

Топ2 часа

Кривична пријава за сопственик на фирма од Охрид по смртта на негов вработен, не му обезбедил соодветна обука

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(43) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи...

Македонија2 часа

ОЈО ГОКК: Се разменуваат информации со српското обвинителство за да се утврди евентуална поврзаност на двата случаи и потеклото на марихуаната

Во рамките на опсежната акција што се спроведува изминатиот период, а во која до сега се запленети над 40 тони...

Македонија3 часа

Министри и градоначалници на средби со високи претставници на УНЕСКО во Париз, ќе се разговара за статусот на Охрид

Делегација на Владата во состав: заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна...

Македонија3 часа

Утре ССМ ќе го блокира Собранието: Најмалку 250 евра за пратениците, а ни 25 за работниците е срамно

Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) денес испрати уште еден повик до работниците утре во 9 часот да излезат на...

Македонија5 часа

„Немирната совест го натера Заев на панични реакции“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Заев, основачот на марихуана бизнисот во Македонија, не спие мирно. Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во...

Свет5 часа

Врските на Епстин со Силиконската долина биле многу повеќе од комуникација само со Гејтс и Маск

Најновото објавување на милиони документи од Министерството за правда на САД поврзани со осудениот педофил Џефри Епстин фрли нова светлина...

Европа6 часа

Празната украинска амбасада во Москва казнета поради неплаќање струја

Московскиот суд ѝ наложи на украинската амбасада во Русија, која е затворена од почетокот на руската инвазија во февруари 2022...

Европа7 часа

(Видео) Моќен напад со дронови врз Одеса: погодена зграда, едно лице загина

Руските сили извршија серија напади со ракети и беспилотни летала врз неколку украински градови во текот на ноќта. Во Одеса,...

Европа7 часа

Зеленски: Русија секојдневно ја напаѓа нашата железничка инфраструктура

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија речиси секојдневно ја напаѓа железничката инфраструктура на Украина, но дека Киев сè уште...

Македонија8 часа

Почувствуван земјотрес во Тетово и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 23...

Македонија21 час

Војници во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани тоалети – синдикатот алармира по појавата на шуга во велешката касарна

Независниот синдикат на професионални војници, реагира поради појавата на шуга кај новопримените професионални војници во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“...

Македонија22 часа

Српската полиција се огласи по киднапирањето на Даниел Кајмакоски: Се трага по двајца осомничени

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека полицијата трага по две лица осомничени за киднапирање на македонскиот пејач Даниел...

Македонија1 ден

(Видео) Договорено покачување на платите за околу 11.000 административци до 2028 година

Околу 11.000 вработени во јавната администрација, судовите и обвинителствата ќе добијат покачување на платите од речиси 40 отсто до 2028...

Македонија1 ден

Кајмакоски е дома; Рашиќ: „Смирено и храбро се соочил со киднаперите, но му треба мир“

Mиланка Рашиќ, која е задолжена за односи со јавноста за Даниел Кајмакоски, соопшти дека разговарала со него по ноќта помината...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ реагира: Заев се јави во одбрана на својот криминал, тој е таткото на бизнисот со канабис

Олицетворението на криминалот, главата на октоподот во корупцијата и лидерот на СДС од сенка, Зоран Заев се јави во одбрана...

Македонија1 ден

Заев се закани со тужба, тврди дека не е поврзан со конфискацијата на канабисот и облакодерите во Дубаи: „Шират лаги и клевети“

Поранешниот премиер Зоран Заев преку статус на Фејсбук порача дека по пет години молк, сега е подготвен да одговори со...

Култура1 ден

Почина Бред Арнолд – пејачот на американскиот бенд 3 Doors Down

Бред Арнолд, пејачот и основач на американскиот рок-бенд 3 Doors Down, најпознат по хитовите „Kryptonite“, „When I’m Gone“ и „Here...

Свет1 ден

Во Дубаи уапсен сторителот на обидот за атентат врз рускиот генерал Алексеев, ФСБ уапси и соучесник во Москва

Сторителот на обидот за атентат врз генерал-полковникот на руската воена разузнавачка служба, Владимир Алексеев, беше приведен во Дубаи и предаден...

Свет2 дена

(Видео) Протести против Зимските олимписки игри во Милано: демонстрантите фрлаа димни бомби и шишиња кон полицијата

Илјадници луѓе се собраа во Милано на протест против Зимските олимписки игри само еден ден по церемонијата на отворање во...