Контакт

Филм

Претставено жирито на 37. издание фестивалот „Браќа Манаки“

Објавено пред

ИФФК „Браќа Манаки“ги претстави пред јавноста овогодинешните членови на жирито, светски истакнати кинематографери и филмски критичари. Жирито во состав на четворицата кинематографери: Федон Папамихаел, Клер Пијман, Ѓокан Тиријаки и Владимир Самоиловска и филмската критичарка Алин Ташчијан го претстави директорот Благоја Куновски – Доре.
 

dobivaj vesti na viber

ИФФК „Браќа Манаки“ги претстави пред јавноста овогодинешните членови на жирито, светски истакнати кинематографери и филмски критичари. Жирито во состав на четворицата кинематографери: Федон Папамихаел, Клер Пијман, Ѓокан Тиријаки и Владимир Самоиловска и филмската критичарка Алин Ташчијан го претстави директорот Благоја Куновски – Доре.

 

За принципот по кој ќе ги оценуваат филмовите, сите членови на жирито се согласија дека иако кинематографијата е нивна специјалност, визуелниот елемент на еден филм не може да биде пресуден за нивната одлука бидејќи не може да се цени одвоено од целината на филмот. Членовите на жирито изјавија дека се почестени од можноста да соработуваат меѓусебно особено на ваков уникатен фестивал кој е еден од двата фестивали на светско ниво, кои што акцентот го ставаат на кинематограферите. „Очигледно ова е уникатен фестивал со богата историја, кој донел елитни гости од светската кинематограферска сцена, а воедно и еден од двата фестивали во светот кои што им се посветени на кинематограферите. Ние како кинематографери ретко добиваме шанса да се собереме и да дискутираме за нашата работа и да разменуваме искуства за иднината на филмот“, рече Федон Папамихаел. Клер Пијман од Холандија,  рече дека одвај чека да ги погледне филмовите и да дискутира за нив со колегите од жирито. Алин Ташчијан, филмска критичарка од Турција и претседателка на влијателната меѓународна асоцијација на филмски критичари ФИПРЕСЦИ, која до сега била членка на жиријата на многу истакнати фестивали, вели дека сликата е првото нешто што го забележува во филмот.„Никој подобро од кинематограферите не знае што се случувало зад сцената при снимањето и тоа со еден поглед кон филмот. Со оглед на тоа што се наоѓаме во важен момент за историјата на филмот, во еден премин, заради брзиот развој на технологијата на снимање, која, од ден на ден се менува, од исклучителна важност е кинематограферите да им го пренесуваат своето знаење на помладите генерации со цел да се изградат нивните вкусови за вредноста на филмот“, рече Ташчијан. Владимир Самоиловски, еден од најистакнатите македонски кинематографери, рече дека му претставува голема чест да седи во ваков состав на жири, особено што го следел фестивалот уште пред 40 години кога почнал да работи како  снимател. Во тек на фестивалот ќе се одржи и генералното собрание на Европската федерација на кинематографери – ИМАГО, во која што членуваат околу 50 меѓународни здруженија со повеќе од 4.000 кинематографери од сите краеви на светот. На прес конференцијата беа присутни новиот претседател на ИМАГО Пол Роестад, кој го замени Најџел Волтерс, долгогодишен соработник на фестивалот „Браќа Манаки“ и генералниот секретар на ИМАГО. Гостинка на фестивалот беше и младата режисерка Елиза Здру од Романија, која што го направи документарниот филм „Студија на случај: Браќа Манки“. Идејата да направи еден ваков документарец кај неа се родила на многу интересен начин. Елиза пронашла стара фотографија од своите предци, која иако немала потпис, многу потсетувала на стилот на браќата Манаки. Истражувањето околу семејната фотографија постепено се испреплетувало со приказната за животот и делото на браќата Манаки, а Елиза  документарецот, освен во Романија, го снимала и во Грција, Бугарија и Македонија. „Пред околу две години го снимав документарецот на улиците на Битола, а сега ја имам честа тој да биде прикажан на филмскиот фестивал. Моето искуство при снимањето беше прекрасно, овде луѓето се многу топли. Знаете, на Балканот фактите варираат во зависност од тоа од кого ќе ги чуете, биејќи историјата е толку измешана. Но, во сите овие држави слушнав дека Браќата Манаки си припаѓаат единствено сами на себе, тие се пионери на кинематографијата на овие простори“, рече Елиза Здру. Гена Теодосиевска, уметнички директор истакна дека чест е да се има оваа оваа талентирана млада докуметаристка како гостин, а на Елиза и предвиде професионален успех заради нејзиниот студиозен и креативен пристап. Веднаш по прес конференцијата, мастер класа за својата кинематограферска работа и за начинот на соработка со режисерите,  одржа Федон Папамихаил, кој е претседател на жирито и лауреат на специјалната Златна камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност.  Тој рече дека уште на почетокот на кариерата во Минхен се сретнал со Вим Вендерс и Роби Милер кои го мотивирале да стане филмски снимател. Тој никогаш не посетувал филмска школа, туку веднаш почнал да работи. Папамихаил говореше и за разликите помеѓу работата на големите холивудски продукции и нискобуџетните филмови.   Традиционално, интересот на публиката е голем за отворените разговори со гостите на фестивалот.Студентската програма, која оваа година на ИФФК „Браќа Манаки“ ја градат околу 40 студенти и вкупно 36 филмови од филмските академии од Белград, Тирана, Софија, Букурешт, Сараево, Солун, Цетиње, Загреб, Љубљана, како и студенти и професори од академиите од Скопје, Штип и од Тетово, денеска стартува во НУ Музеј и завод Битола.Во наредните три дена ќе можат да се проследат мастер класите на оскаровецот Алан Старски, еден од најуспешните дизајнери на продукција од Полска и Карпо Година, словенечкиот кинематографер и режисер, еден од најважните претставници на југословенското филмско движење „Црн бран“. Исто така ќе биде организирана и дводневна работилница за минимализмот во филмската музика, што ќе ја реализира филмскиот и музички критичар Влатко Галевски.Оваа програма, која се оддржува потпомогната од Амбасадата на САД во Македонија, ќе се обиде на едно место да ги покаже филмските видувања на младите режисери и кинематографери од академиите од регионот и ќе се обиде да создаде место каде ќе се разменува позитивна енергија и различни искуства на студентите. Студентите имаат слободен влез на сите проекции и настани на ИФФК „Браќа Манаки“, само треба да покажат индекс. Истото важи и за пензионерите.Оваа година програмата Мак поинт,  Фестивалот ја посвети на македонската авторка и режисерка на наградувани документарни филмови Билјана Гарванлиева, која почина пред два дена. Вчера вечер, селекторката на Документарната програма, Гена Теодосиевска по проекцијата на филмот „Следна станица: Утопија“ одржа отворен разговор со гртчкиот режисер Апостолис Караксис и продуцентот Марко Гастин. Во прес-центарот на фестивалот, кој се наоѓа во битолскиот театар е отворено „Катче на Роби Милер“, каде може да се види изложба на фотографии поврзани со лауреатот на Златна камера 300 за животно дело. Софија Семенпеева е автор на концептот за овој фото – омаж на Милер./крај/со/бб   

Култура

Светска премиера на „Киука – Пред летото да заврши“ во Кан – филмот е копродукција помеѓу Грција и Македонија

Објавено пред

„Киука – Пред летото да заврши“ (Kyuka Before Summer’s End) во режија и по сценарио на Костис Харамуданис, кој е реализиран како билатерална копродукција помеѓу Грција и Северна Македонија и е поддржан од Агецијата за филм на Република Северна Македонија, својата светска премиера ќе ја има на Канскиот филмски фестивал како дел од 32. издание на програмата ACID, што ќе се одржи од 15 до 24 мај оваа година. На „Куика“ му е доверена честа да ја отвори оваа програма.

dobivaj vesti na viber

„Лист продукција“ е македонски копродуцент на дебитантскиот филм на режисерот Харамуданис со Марија Димитрова и Игор Иванов како копродуценти, а Херетик од Грција е главен продуцент со Данае Спатхара, Јоргос Карнавас и Константинос Контовракиси како продуценти.

„Киука – Пред летото да заврши“ е приказна за едно трочлено семејство, кое како и секое лето, плови со својата едрилица до островот Порос, каде што таткото Бабис и децата Константинос и Елса, кои се веќе на прагот пред полнолетството, го минуваат годишниот одмор. Додека пливаат, се сончаат и создаваат нови пријателства на островот, децата случајно ја запознаваат Ана, жената што ги родила и ги напуштила уште во најраното детство, со што ќе почне едно горко-слатко патешествие на созревање под летното сонце, а долгогодишната огорченост на Бабис избива на површина.

Програмата на ACID (Association for the Distribution of Independent Cinema – Асоцијација за дистрибуција на независен филм) на Канскиот филмски фестивал е креирана во 1993 година и прикажува 9 долгометражни филма, фикција и документарци. Овие филмови се избираат од стотиците пристигнати филмови од цел свет од страна на петнаесетина филмаџии, членови на асоцијацијата.

Снимањето на филмот се одвиваше во октомври 2022 година во Атина и на островот Порос, а постпродукцијата се работеше на релација Атина – Скопје.

Главните улоги во филмот ги играат Симеон Цакирис, Елса Лекаку, Константинос Георгопулос, Афродита Капокаки и Елена Топалиду.

Македонската екипа во овој филм ја сочинуваат Михаил Димитров, Игор Поповски и студиата за постподукција „Аудио хаус“ и „Слобода филм“.

Прикажи повеќе...

Филм

Утре се отвора четвртиот Фестивал на грчки филм

Објавено пред

Утре, на 7 април 2024 година, во 20 часот, во Кинотеката на Северна Македонија (Никола Русински 1, Скопје 1000) ќе биде отворено четвртото издание на Фестивалот на грчки филм. На отворањето ќе биде прикажан кусометражниот филм „Тишината на рибата кога умира“ на Василис Кекатос (2019, 19′), а потоа долгометражниот филм „Не би сакал да сум непристоен, но треба сериозно да разговараме“ на Јоргос Георгопулос (2019, 99′).

dobivaj vesti na viber

Ова се две црни комедии во кои што идејата за смртта се прикажува со доза на хумор. Филмот „Тишината на рибата кога умира“ учествуваше на некои од најважните фестивали како Sundance, а Василис Кекатос е еден од најважните претставници на кусометражните филмови со многу награди, вклучително и Златна палма во Кан.

Фестивалот е во ко-организација на Амбасадата на Грција во Скопје и Меѓународниот филмски фестивал Киненова спонзориран од фирмите Armos Balkan и Mermeren.

Влезот е бесплатен.

Прикажи повеќе...

Култура

Во февруари 50-годишен јубилеј на Кинотека: Старите вредности во нови контексти

Објавено пред

Пред 5 децении е формирана македонската кинотека. Честитки за сето она што досега го направила оваа значајна културна установа. Една од основните дејности на филмскава институција е да го прикаже сето она што го има, и ново и старо; ова второто во нови контексти и изданија. Тоа ќе биде карактеристика на програмата на најкусиот месев во годината – февруари. Календарски, ќе трае 29 дена. Ете можност да се види сето она што кинотеката го подготвила за февруарските денови.

dobivaj vesti na viber

Ќе се стартува со премиерна проекција. Со филм кој има наслов СЛОБОДА. Тоа е краткометражен филм во омнибус формат, чијшто автор е филмскиот критичар Златко Ѓелески. Веднаш потоа враќање децении наназад. Ќе бидат проектирани неколку архивски филмски записи од 1912 до 1952. Тоа се дел од новопримените кино-материјали што кинотеката ги прибра во текот на изминатата година.

Кинотека се решила, враќајќи се децении наназад, да потсети на филмовите создадени во 40-тите, 50-тите, 60-тите, 80-тите, 90-тите и 2000-тите. Режисерите се од различни земји – Италија, Франција, Германија, Шведска, САД. Ставени се во различни контексти, во нови програми. Всушност, станува збор за циклуси на Великаните на фестивалот на филмската камера БРАЌА МАНАКИ и пократок цилкус филмови на францускиот режисер на т.н. француски нов бран Луј Мал.

Во исклучително богатата кинотечна понуда се и неколку филмови на чехословачкиот режисер, оскаровецот Јан Кадар.

Она што е многу интересно, многу потребно за да се знае и запамети, се петте документарни македонски филмови со етнолошка содржина. Во нив е забележана традицијата, обработени се народни и религиозни обичаи од средината на 20-тиот век. Во четири од нив Вера Кличкова, пионерот на етнолошкиот филм кај нас, е сценарист, режисер или консултант.

Филмофилите ќе бидат почестени да го видат сигурно еден од најозборуваните лански филмови – НАПОЛЕОН на Ридли Скот. Во различните оценки за филмот доминираат, што е сосема разбирливо, Англичаните и Французите. Едните го фалат, другите го кудат. Критиките за најновата продукција на Скот се поделени, но не смее да се изостави фактот дека, и покрај одредени пропусти, станува збор за прецизно сработен биопик. Дело кое функционира на неколку нивоа – како биографска сторија, историска рекреација, но и омаж кон еден од омилените филмови на Ридли Скот – Бари Линдон од 1975, по сценарио и режија на Стенли Кјубрик.

Уште една филмска творба којашто предизвика интерес и претежно позитивни рецензии – УБИЈЦИ НА ЦВЕТНАТА МЕСЕЧИНА на Мартин Скорсезе– ќе биде проектирана во кино салата на Кинотека месецов.

Во финалето на месецов, ќе погледнеме два филма со музичка содржина. Познатиот ТОМИ, рок операта на Кен Расел, ќе биде прикажана на оригинална 35 милиметарска лента. Новитетот е музичкиот документарец за екс ју панк легендите Панкрти. Специјален гостин на кинотеката тие денови ќе биде фронтменот на групата, Перо Ловшин.

Февруари е можеби календарски пократок месец , но затоа ќе биде исполнет со исклучително богата кино-програма.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија8 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија9 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија11 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија14 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ15 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија16 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија17 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија17 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија18 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија18 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија19 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија19 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија1 ден

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија1 ден

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија1 ден

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија1 ден

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија1 ден

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија1 ден

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...