Економија
Министерството за економија ги претстави приоритетите за 2010 година

Подобрување на деловната клима, зголемување на конкурентноста на економијата, заштита на потрошувачите, развој на енергетскиот сектор, унапредување на туризмот, одржување на природните ресурси и зајакнување на партнерскиот однос со бизнис заедницата.
Подобрување на деловната клима, зголемување на конкурентноста на економијата, заштита на потрошувачите, развој на енергетскиот сектор, унапредување на туризмот, одржување на природните ресурси и зајакнување на партнерскиот однос со бизнис заедницата.
Ова се седумте приоритети на министерството за економија за 2010 година, што во четвртокот на конференција за новинари ги презентираше ресорниот министер Фатмир Бесими.
„Главните принципи на нашето работење ќе бидат транспарентноста и постојаната комуникација со бизнис заедницата и останатите чинители на домашната економија“, изјави Бесими.
Министерството за економија планира за реализација на 11 проекти во 2010 година да потроши вкупно 117,7 милиони денари (1,9 милиони евра).
Најголем дел од таа сума ќе се потроши за реализација на програмата за развој на туризмот (33 милиони денари), за програмата за детални геолошки истражувања (30 млн) и за програмата за основни геолошки истражувања (29,7 млн).
Покрај ова, министерството за економија ќе одвои средства за реализација на Програмата за подобрување на конкурентноста на македонските производи, за развој на претприемништвото, за поддршка на текстилната индустрија , за заштита на потрошувачите, за подобрување на комуникациската инфраструктура и за уште неколку други проекти.
Бесими информираше дека во минатата година министерството за економија подготвило 82 стратешки документи, реализирало 26 проекти, издвоило 22 милиони денари за субвенции, организирало 26 промотивни активности и усвоило 61 акт од областа на регулативата. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,35 п.п., при што во мај таа изнесува 2,21%, извести Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,43 п.п. и изнесува 5,06%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.