Контакт

Регион

Запалени американското и турското знаеме во центарот на Атина

Објавено пред

Знамињата на САД и на Турција беа запалени во четвртокот навечер во центарот на грчката престолнина Атина, на митингот организиран од леви организации поради турското соборување на рускиот авион во вторникот во Сирија.

dobivaj vesti na viber

Стотина луѓе се собраа на централниот атински плоштад Синтагма и покрај зградата на грчкиот парламент се упатиле кон турската амбасада, пренесуваат медиумите. Полицијата ја запрела групата на околу 300 метри од амбасадата, во близина на споменикот во чест на двата грчки пилота, кои загинаа во инцидент крај егејскиот остров Имиа, по неколкунеделната криза во 1996 година кога двете земји членки на НАТО беа на работ од војна.Демонстрантите истакнале транспаренти со критики за Турција и НАТО, и на минувачите им делеле летоци со повик Грција да истапи од Алијансата. Демонстрантите потоа го запалиле американското и турското знаме.  Низ полицискиот кордон биле пропуштени само двајца од организаторите на митингот, претседателот на здружение на жители или студенти во поранешниот Советски сојуз, Панајотис Ксантопулос и лидерот на партијата Народно единство, поранешниот челник на крајно левото крило на владејачката коалиција на радикалната левица Сириза и поранешен министер за енергетика, Панајотис Лафазанис. Сепак, на дваесетина метри од влезот на турската дипломатска мисија биле запрени и од полициски офицер им било кажано дека „повисоките инстанци“ забраниле приближување до амбасадата. Лафазанис за новинарите изјавил дека претходно сите амбасади, вклучително и на САД и на Израел, ја примиле декларацијата на учесниците на протестот, и оти само кон турската амбасада им бил забранет приодот. „И таквите упатства на полицијата ѝ ги дава левичарска влада?!“, рекол Лафазанис„Целиот свет е загрижен од последиците на уривањето на рускиот авион од вашата земја. Авионот не го нарушил воздушниот простор на Турција, дејствувал во границите на сирискиот воздушен простор против злосторничката за човештвото Исламска држава“, се наведува во обраќањето на организаторите на протестот до турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.„Не знаеме кој безумник ја имал одговорноста да даде таква наредба. Сакаме да веруваме дека тоа не сте вие“, се додава во петицијата.„Може ли по примерот на еден безумен турски офицер, грчките пилот да мораат да ги соборуваат сите воени авиони на Турција кои постојано го кршат нашиот воздушен простор?! Можеби ѝ завидувате на Германија која предизвика две светски војни?, се додава во обраќањето што го цитираат грчките медиуми.Учесниците на протестот ја критикувале активноста на Турција во контекст на инцидентот, кој се случи, како што велат, кога светот уште не закрепнал по серијата терористички напади со стотици жртви, од Синај, преку Бејрут, Бамако, Тунис и Париз оценувајќи дека Анкара ги поткопува напорите на меѓународната заедница да се справи со исламскиот екстремизам.Демонстрантите, исто така, изјавиле дека ја очекуваат реакцијата на владата на Грција во врска со инцидентот./крај/мф/сн

Извор: РИА Новости

Регион

Во Црна Гора два дена бојкот на трговските синџири. „Сложно, обединето, упорно“

Објавено пред

Во Црна Гора денеска почна дводневен бојкот на малопродажните синџири поради високите цени, на кој повика невладиното здружение „Алтернатива“.

dobivaj vesti na viber

„Се повикуваат жителите на Црна Гора денеска и утре да не пазарат во големите продавници, туку доколку мораат, да пазарат во мали продавници со најмногу десет вработени.

Секојдневно сме сведоци на невидени поскапувања на основните производи, додека сопствениците на големи синџири акумулираат профит на сметка на народот“.

Истото невладино здружение минатиот петок организира бојкот на продавниците во Црна Гора кога, според Даночната управа на Црна Гора, петте најголеми трговски синџири забележаа пад на прометот од 56,14 отсто.

Минатата недела повеќето жители на северниот дел на Црна Гора се одѕваа на повикот за бојкот на големите продавници, а одѕивот беше нешто помал во централниот и јужниот дел на Црна Гора.

Прикажи повеќе...

Регион

Мицотакис од Санторини: Властите ја следат сеизмичката активност, граѓаните да останат мирни

Објавено пред

Грчките власти се на готовност и ја следат зголемената сеизмичка активност на островот Санторини, изјави денеска грчкиот премиер Киријакос Мицотакис повикувајќи ги граѓаните да останат смирени и да ги следат упатствата на службата за цивилна заштита.

dobivaj vesti na viber

„Уште еднаш сакам да ги уверам жителите на Санторини и на соседните острови, кои деновиве се пред тест, дека државниот механизам е на нивна страна“, рече Мицотакис за време на неговата посета на островот додавајќи дека подготвеноста и превенцијата се клучни, пренесе „Ројтерс“.

Тој изрази надеж дека оваа појава бргу ќе заврши и дека островот целосно ќе се врати во својот нормален ритам.

Прикажи повеќе...

Регион

Блажиќ осуден за масовното убиствo кај Младеновац се степал во затворот

Објавено пред

Урош Блажиќ, осуден за масовно убиство во селата кај Младеновац, се судрил со уште еден притвореник со кој ја дели ќелијата во Окружниот затвор во Смедерево.

dobivaj vesti na viber

Од Управата за извршување кривични санкции за „Танјуг“ потврдија дека вчера Блажиќ и уште едно приведено лице имале кратка вербална и физичка пресметка во просторијата во која биле заедно сместени.

Службата за обезбедување веднаш интервенирала и двете лица ги привела на лекарски преглед, што е дел од редовната процедура, по што биле сместени во разни простории, што исто така е задолжителен дел од постапката.

За овој случај е известен и надлежниот суд и треба да донесе одлука за дисциплински мерки против овие приведени, велат од Управата за „Танјуг“.

Урош Блажиќ со првостепената пресуда е осуден на 20 години затвор бидејќи на 4 мај 2023 година во селата Мало Орашје и Дубона уби девет и рани 12 лица.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Сите дојави за бомби, без исклучок, се лажни, тоа се очекувани хибридни напади, ќе има нови протоколи за МВР и за училиштата, вели Мицкоски

Полицијата и училиштата до крајот на денов ќе добијат нови насоки за постапување по дојави за бомби откога утрово многу...

Македонија2 часа

Филков: На сторителите што третпат ќе се најдат на суд за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол ќе им биде одземена возачката дозвола

Министерството за правда смета дека постои сериозна потреба за понатамошно разгледување и анализа на постојната законска регулатива. Фокусирани сме на...

Македонија4 часа

Јаневска за дојавите за бомби: Апелираме до наставниците за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси креирани од МОН

Апелираме до наставниците и другите вработени во училиштата за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси што се креирани...

Скопје5 часа

МВР: Проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави

Министерството за внатрешни работи извести дека по мноштвото пристигнати пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни и средни...

Македонија5 часа

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

На 54-годишна возраст почина Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“. Тој беше осуден на 12 години затвор,...

Македонија6 часа

Обвинение против четири лица инволвирани во изведбата на проектот за фасада и илуминација на зградата на Владата

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен...

Скопје6 часа

Нормализирана наставата во училиштата во Скопје по дојавите за бомби

По утринските дојави за бомби во шест основни училишта во општина Аеродром, тимови на МВР веднаш излегоа на терен и...

Регион7 часа

Вучиќ: Курти цело време има наполнетa пушка и сака да пука во Србите

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека премиерот на Косово Албин Курти, секогаш има наполнета пушка и сака да пука...

Европа8 часа

Човекот што најверојатно ќе го наследи Шолц: Ова повеќе не е Америка што ја знаеме

Фридрих Мерц (ЦДУ), конзервативниот фаворит за нов германски канцелар, изрази загриженост за насоката во која се движат САД во вториот...

Европа9 часа

Зеленски: Подготвен сум да разговарам со Путин за завршување на војната, проблемот е што тој се плаши

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази подготвеност да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да разговараат за политичките и...

Свет9 часа

Трамп воведува санкции за Меѓународниот кривичен суд

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа потпиша извршна наредба за воведување санкции на Меѓународниот кривичен суд, обвинувајќи го за „преземање незаконски...

Македонија19 часа

Северна Македонија има проблем со Брисел, а не со Софија, вели министерот на бугарското МНР

Шефот на бугарската дипломатија дециден дека секоја земја мора да ги почитува критериумите и да се придржува до нив. „Францускиот...

Економија1 ден

Неправилности со распишани тендери, службени возила и договори за вработени – ревизијата во Министерството за економија констатира низа прекршувања

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, информира за спроведената ревизија во Министерството за економија и труд, која констатирала низа неправилности,...

Македонија1 ден

Секој има право да поднесе иницијатива до Собранието, но разрешувањето на Судскиот совет е предвидено единствено со закон, вели Камбовски

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, претпладнево рече дека не е известен за инцијативата за разрешување на членовите на Судскиот...

Македонија1 ден

„Од ‘Соравија’ ли ќе ги вратиме или од ‘ролс-ројсот’?“, праша Мицкоски за 50-те милиони солидарен данок што треба да им се врати на компаниите

Владата ја разгледува можноста да се побара одговорност од нивните претходници, кои го воведоа солидарниот данок, по вчерашната одлука на...

Македонија1 ден

Мицкоски очекува по изгласувањето интерпелација, членовите на Судскиот совет да бидат доблесни и сами да се повлечат

Граѓаните не се задоволни од начинот на кој функционира судско-обвинителскиот систем кај нас. Тоа е едно мочуриште, кое изобилува со...

Топ1 ден

Загина 46-годишник од Струмичко: бил прегазен од камион

Вчера во 15.35 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица, товарно возило – влекач...

Македонија1 ден

Истрага за поткуп и проневера во СОЗР: ОЈО со детали за измамата

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка против две...

Македонија1 ден

Продолжува потрагата по Миле Тодоров, кој исчезна пред осум дена

Миле Тодоров дал отказ на работното место во Кавадарци и се упатил кон Неготино. Бил облечен во работничко одело,бело палто...

Македонија1 ден

Брат министер, брат началник, татко советник – ќе реагира ли антикорупциска на скандалите на ВМРО-ДПМНЕ, прашува СДСМ

„Државната комисија за спречување корупција итно треба да постапи во случајот Андоновски и непотизмот кој царува во Владата на Мицкоски....