Регион
Ердоган: Турција ќе постапи исто доколку ѝ се нарушат границите и не купува нафта од IS

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави во четвртокот дека доколку биде нарушен воздушниот простор на Турција, ќе одговори исто како и при инцидентот со соборениот руски бомбардер „Су-24М“ во вторникот, а на обвинувањата на рускиот претседател Владимир Путин дека прави отстапки кон џихадистите порача дека е „неоспорен“ ангажманот на неговата земја во борбата против Исламската држава (IS).
„Доколку денеска се случи исто такво нарушување на нашите воздушни граници, ние сме способни да одговориме на ист начин“, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Ердоган побара од Русија да ги докаже своите тврдење дека Турција купувала нафта од Исламската држава, неспоменувајќи ги притоа истите обвинувања кои периодично се појавуваат во западните медиуми од страна на тамошни функционери.
Рече дека оние кои го обвинуваат за купување нафта од Исламската држава мора да пружат докази за своите обвинувања. „Доколку немате, вие сте клеветници“, рече Ердоган првпат реагирајќи на обвинувањата од Москва, кои беа повторени и во четвртокот.
Турците тврдат дека рускиот авион го повредил нивниот воздушен простор, додека Москва тврди дела нејзиниот бомбардер летал над сириската територија каде е погоден без да биде предупреден. Потоа, Русија објави дека овој напад е извршен од „соучениците на тероризмот“ и ја обвини Анкара за поврзаност со Исламската држава.
„Нашата побра против Даеш (арапски акроним за Исламската држава, порано ISIL – з.р) продолжува, таа е непрестајна и активна. Турција е речиси единствената земја којашто се бори против Даеш“, уверува Ердоган.
„Никој нема право да ја оспорува борбата на нашата земја против Даеш и да нé обвинува“, додаде турскиот челник.
Исламско-кознервативниот претседател, чија посета на Русија предвидена за декември е неизвесна, изјави дека го „растажува инцидентот и заканите од руската страна“ и заклучи дека двете земји се стратешки партнери./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ и Путин денеска ќе разговараат за цената на гасот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска телефонски ќе разговара со претседателот на Русија, Владимир Путин.
Минатата недела Вучиќ најави дека разговорот ќе започне во 11 часот.
Тој во последните денови рече дека три работи му се важни во разговорот со неговиот руски колега – количината на гас, цената на гасот и безбедноста на снабдувањето.
Според претседателот на Србија, покрај договорот за гас ќе се разговара и за соработката и за сите други прашања.
Вучиќ претходно изјави дека верува оти Србија „ќе добие фер цена за гасот од своите руски партнери“.
„Се надевам дека разговорот ќе биде добар и коректен“, рече Вучиќ.
Регион
Димитров: Северна Македонија е генетски поврзана со Србија и Русија

Проблемот со европската интеграција на Северна Македонија не е централен за бугарскиот политички државен поредок. Формално, секоја влада носи одлуки во надворешната политика.
Ова за БНР го изјави Ангел Димитров, копретседател на Заедничката бугарско-македонска комисија за историски и образовни прашања од бугарската страна. Тој цени дека нема потреба да се свикува Советот за национална безбедност на оваа тема, бидејќи, како што вели, топката не треба постојано да се префрла од една во друга институција, објави БГНЕС.
Според него, Северна Македонија го прифаќа билатералниот договор за пријателство и добрососедство како формален чин, како билет за ЕУ, а не како цврста политичка определба.
„Не треба да живееме со идејата за мимикрија на активност, за лажни сигнали дека нешто се случува кога нема резултати“, додаде тој. Според Димитров, зад избрзаните постапки на бугарскиот премиер Кирил Петков со еуфоричното убедување дека може да се одврзе комплексен јазол, очигледно стојат акции кои остануваат јавно непознати, а тоа создава тензија кај бугарското општество.
Тој нагласи дека нема ништо заедничко меѓу позицијата на Бугарија и руските интереси, а тезата е несериозна и непријатна.
„РСМ има држава која е генетски поврзана со Србија и Русија. И не може или не сака да им сврти грб. Затоа, навестувањата за бугарска позиција во служба на Русија или Србија се апсурдни. Бугарија силно ја поддржа евроатлантската интеграција на Северна Македонија за да и помогне да излезе од старата југословенска комунистичка орбита. Треба да се биде внимателен со вакви евтини политички мантри кои ја дискредитираат нашата земја“, додаде тој.
Регион
Почина поранешниот претседател на Албанија, Бујар Нишани

На 56-годишна возраст почина поранешниот претседател на Република Албанија Бујар Нишани, по сериозни здравствени проблеми, соопшти претседателската канцеларија во земјата.
„Претседателот Нишани ќе остане запаметен како личност со ретки вредности на лидер со интегритет и визија. Неговиот придонес за Албанија и демократијата засекогаш ќе се памети со почит“, напиша актуелниот албански претседател Илир Мета на својот Фејсбук профил.
Нишани повеќе од еден месец бил префрлен од болницата Шефќет Ндроќи во болница во Германија на специјализирано лекување, но во меѓувреме паднал во кома.
Бујар Нишани е роден на 29 септември 1966 година, а претседателската функција ја презеде на 24 јули 2012 година и ја заврши во јули 2017 година.