Свет
Путин: Западот слабее
Влијанието на Западот во светот слабее како последица од слабеењето на неговата економија, рече рускиот претседател Владимир Путин во обраќањето пред руските дипломата во Москва во понеделникот, предупредувајќи ги сепак да бидат претпазливи и подготвени на потезите на западната земји.
Во говорот пред руските амбасадори кои присуствуваа на состанокот во министерството за надворешни работи на Руската Федерација, претседателот Владимир Путин ги осуди едностраните акции на Западот во обидот за решавање на меѓународните кризи нагласувајќи ја важноста таквите проблеми дека треба да се решаваат преку Обединетите нации.
Според западните аналитичари, овие зборови на Путин сугерираат дека Русија и натаму ќе стои зад Сирија и нејзиното спротиставување со сила на востанието против режимот на претседателот Башар ал-Асад во Советот за безбедност на ОН.
„Внатрешните општествено-економски проблеми кои како последица од кризата во индустријализираните развиени земји стануваат сé потешки, ја слабеат доминантната улога на историскиот Запад“, рече Путин.
Тој на руските дипломати им порача да се обидат да влијаат на случувањата кога руските интереси се во прашање. „Бидете спремни за секаков развој на ситуацијата, дури и на она најлошото“, дополни Путин.
Говорот на Путин од кој акценти беа емитувани на руската државна телевизија, беше карактеризиран со остра реторика, а според западните аналитичари деловите од говорот коишто руската економија ја претставија во подобра од кондиција од онаа на еврозонаната којашто е во длабока должничка криза, не се наменети само за Западот, туку и за противниците на враќањето на Путин во Кремљ во самата Русија./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Либанците да останат во својата земја, повика папата Лав Четиринаесетти
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти денеска ги повика Либанците да „останат“ во својата земја, каде што економскиот колапс ја засили масовната емиграција, и повика на „помирување“ за надминување на длабоките поделби во Либан.
Папата, кој дојде во Бејрут од Турција, донесе порака за мир во Либан, земја која стравува од враќање на отворениот конфликт со Израел.
Во говорот во претседателската палата кратко по неговото пристигнување, папата ја нагласи потребата да се работи за „мир“ без да ги спомне регионалните тензии или неодамнешните израелски бомбардирања.
Тој, исто така, ја нагласи потребата властите и институциите да препознаат дека „општото добро е поголемо од доброто на која било група“ и ја повика владејачката класа да „му служи на народот со посветеност и преданост“.
Свет
Зеленски: Ова се важни денови за Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски објави дека денеска разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
„Разговарав со Марк Руте и ќе разговараме повторно во наредните денови. Ова се важни денови и многу работи можат да се променат. Тесно се координираме и во нашите активности и во активностите на сите партнери, заедничките акции, заедничките позиции ќе бидат исклучително ефикасни. Ви благодарам за вашата поддршка“, напиша Зеленски на Телеграм.
Тој наведе дека телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
– Продолжуваме да бидеме во целосна координација со Европската комисија, благодарен сум за поддршката. Разговаравме за ситуацијата во дипломатијата и имаме заеднички став за клучните прашања. Исто така е важно што Урсула е многу внимателна кон потребата од зајакнување на нашата отпорност во услови на постојани руски напади врз инфраструктурата и енергијата. Ја ценам подготвеноста да ѝ се помогне на Украина!, напиша Зеленски.
Свет
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан во рамки на неговата прва турнеја во странство, објави ДПА.
Светиот Отец пристигна попладнево во либанскиот главен град Бејрут, по посетата на Турција.
Посетата на папата се смета за причина за надеж за мир и стабилност во земјата загрозена од воени конфликти и зафатена од кризи.
Тој ќе се сретне со либанските лидери, ќе посети христијански објекти и ќе одржи литургија. Околу 30 отсто од населението на Либан се христијани, додека мнозинството жители се муслимани.

