Свет
Ромни со многу повеќе донации од Обама
Републиканскиот претседателски кандидат Мит Ромни во јуни собрал 106,1 милиони долари, наспроти 71 милион долари колку што изнесувале донациите за кампањата на актуелниот демократски претседател на САД, Барак Обама, во традиционалното собирање донации за изборите што ќе се одржат на 4-ти ноември.
Сумата којашто во понеделникот ја соопшти изборниот штаб на Мит Ромни, е најголемиот износ досега собран во предизборната кампања за американските претседателски избори во 2012 година. Меѓутоа, рекордот и натаму го држи сегашниот претседател Барак Обама од кампањата за минатите избори која во септември 2008 година собра 150,7 милиони долари.
„Сумата собрана за наведениот месец всушност претставува порака на избирачите дека сакаат промени во насоките во Вашингтон“, се наведува во писмената порака на Спенсер Звек, задолжен за финансиите во изборниот штаб на републиканците.
Од штабот на Ромни објавија дека 22,3 милиони од вкпуно106,1 милиони долари се собрани во донации до 250 долари, а тие помали донации се показател колку широка поддршка има кандидатот меѓу „обичните“ граѓани.
Изборниот штаб на Барак Обама, пак, во мај почна да апелира до своите гласачи да почнат да донираат повеќе пари, предупредувајќи дека првпат во историјата би можело да се случи актуелниот претседател кој се бори да го добие и вториот мандат да биде во полоша финансиска ситуација од противкандидатот.
„Ние не успеваме да ги повториме ниту сопствените резултати, што значи дека нивната предност само се зголемува и доколку тоа продолжи, би можело на не чини пораз на изборите“, изјави шефот на кампањата на претседателот Обама, Џим Месина./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување
Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.
Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.
Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.
„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.
Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.
Свет
Саливан: САД нема на располагање ниту еден „Патриот“ систем за противвоздушна одбрана што би можел да го достави до Киев
Советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Џејк Саливан, рече дека Вашингтон во моментов нема достапни системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ што би можел да му ги достави на Киев.
„Американските системи „патриот“ се распоредени низ целиот свет, вклучително и на Блискиот Исток, за да ја заштитат американската војска. Доколку има можност да се ослободи батерија, ќе ја испратиме во Украина“, рече тој, а пренесе телевизијата „Ем-ес-ен-бси“.
Истовремено, Саливан додаде дека Америка, додека не дојде во ситуација да испрати свои „патриотски“ системи во Украина, ќе работи да ги убеди своите сојузници од Европа да ги испратат своите системи за противвоздушна одбрана.
Свет
Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: познато кога ќе се врати на должностите
Кралот Чарлс ќе продолжи со јавните ангажмани следната недела откако е постигнат охрабрувачки напредок во лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.
За кралот тоа нема да биде целосно враќање на официјалните ангажмани, но палатата испраќа позитивни сигнали, јавува Би-Би-Си.
Следниот вторник кралот ќе започне со симболично патување во центар за лекување рак, пренесува медиумот.
Неговите летни планови вклучуваат државна посета, каде што ќе биде домаќин на императорот и царицата на Јапонија.
Во наредните недели, соопштија од палатата, тој ќе преземе неколку надворешни ангажмани.