Црна хроника
Разбиена петчлена криминална група во рамки на акцијата „Мрежа“

Во четвртокот, по спроведена повеќемесечна истрага, Секторот за недозволена трговија со дрога при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал реализира случај на недозволена трговија со наркотична дрога, при што во моментот од слобода се лишени пет лица, македонски државјани сите членови на криминална група.
Според досегашните документирани сознанија, оваа криминална група подолг временски период се занимавала со недозволена трговија и препродажба на кокаин низ улиците на Скопје. Имено кокаинот го препродавале како на дилери така и директно на наркозависници по цена од 60-70 евра за грам.
Истиот го набавувале од западноевропските земји и преку различни канали го внесувале на територија на Македонија. Во рамки на акцијата која е дел од оперативната обработка „Мрежа” запленети се 20 грама кокаин, вага, Голф 5, пиштол со три рамки и 15 куршуми, повеќе SIM картички и мобилни телефони, а од осомничените времено одземени се и парични средства во износ од 40.000 евра.
Според планираните активности за реализација на случајот при обид М.Р.(38) од Скопје да биде лишен од слобода, истиот со автомобил „Голф 5“ и совозачот А.М.(27) почнале да бегаат од индустриската зона Визбегово преку обиколницата во правец нa Тетово. Во текот на бегството М.Р. со своето возило удрил во полициското возило. Од страна на полициски службеници на осомничениот му бил даден јасен знак за запирање кој не го испочитувал, по што од нивна страна најпрвин биле испукани предупредувачки истрели во воздух, а откако М.Р. повторно не го испочитувал предупредувањето било пукано кон возилото со цел онеспособување на истото. Возилото е запрено на обиколницата пред село Сарај при што од возилото се лишени двајцата осомничени.
Досега, во рамки на оперативната акција „Мрежа“ кривично пријавени се над 185 лица, а запленети се над 525 најразлични видови на наркотична дрога./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.