Спорт
Вебер на Нирбуринг стартува од пол – позицијата
Австралискиот ввозач на Ред Бул Марк Вебер ќе стартува од првата позиција на утрешната трка на Големата награда на Германија.
Австралискиот ввозач на Ред Бул Марк Вебер ќе стартува од првата позиција на утрешната трка на Големата награда на Германија.Марк Вебер патеката ја мина со најбрзо време од 1:30,079 минута. Веднаш до него на втората позиција ќе биде Британецот Луис Хамилтон кој со Мекларен оствари 1:30,134 минута.Стартни позиции на Нирбургринг1 ред: Марк Вебер (Ред Бул) и Луис Хамилтон (Мекларен)2 ред: Себастијан Ветел (Ред Бул) и Фернандо Алонсо (Ферари)3 ред: Фелипе Маса (Ферари) и Нико Розберг (Мерцедес)4 ред: Џенсон Батон (Мекларен) и Адријан Сутил (Форс Индија)5 ред: Виталиј Петров (Лотус Рено) и Михаел Шумахер (Мерцедес)…Крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Симеоне: Овој формат на ЛШ ве тера да играте на победа
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне изјави дека е задоволен од исходот на натпреварот против Лајпциг.
Фудбалерите на Атлетик во четвртокот го победија Лајпциг со 2:1, во натпреварот од првото коло во Лигата на шампионите.
Шпанскиот клуб победи со голот на дефанзивецот Хосе Марија Хименез во 90. минута.
„Овој формат нè принудува да победиме, од нерешен резултат има малку корист. Целосно сум задоволен, натпреварот беше многу добрар. Ова ќе го кажев и доколку завршеше нерешено. Игравме на различни начини и со различни играчи. Играчите добро го протолкуваа тоа и добивме важен натпревар. Се се одвиваше онакак како што замисливме, контролиравме 80 проценти од играта“, изјави Симеоне по мечот.
Клубот од Мадрид во недела ќе му гостува на Рајо Ваљекано во шестото коло од шпанската лига.
Спорт
Ембид ќе заработува 64 милиони долари по сезона
Џоел Ембид е еден од најдобрите центри во денешната НБА и е член на Филаделфија ’76 од почетокот на кариерата.
Според Шемс Чаранија, моментално единствениот активен НБА инсајдер, Филаделфија ќе му плати на Џоел Ембиид 193 милиони долари во следните три сезони.
Максималниот договор трае до 2028/29 година и тоа значи дека Ембид ќе заработува 64,33 милиони долари годишно, или ќе инкасира над 301 милион долари за пет години со стариот максимален договор.
Тоа е еден од најголемите договори во историјата на НБА.
Ембид дојде од Универзитетот Канзас во НБА во 2014 година кога Фили го избра од третата позиција на драфтот. Тој беше МВП во 2023 година и член на идеалната петорка.
Ембид е седумкратен Ол-стар, двапати водечки стрелец во лигата, четири пати член на втората најдобра петорка во лигата и три пати се најде во вториот најдобар одбранбен тим во лигата.
Спорт
Фиго: Помалку натпревари, помали плати
Поранешниот фудбалер Луис Фиго ја коментираше најавата за штрајк, за која прв проговори Родри од Манчестер сити.
Шпанецот јавно го изрази своето незадоволство поради големиот број на натпревари и најавеното продолжување на сезоната, која во тој случај би траела до средината на јули, што на никој во фудбалскиот свет не му се допаѓа.
Покрај Родри, во изминатите неколку дена уште неколку врвни фудбалери се заканија со штрајк. Според нив ФИФА и УЕФА само трупаат натпревари, а пред да донесат такви одлуки никој од двете организации не се консултира фудбалерите.
Познатиот португалски фудбалер проговори за најавениот штрајк.
„Секако, ова е секогаш комплицирана тема за разговор. Играчите имаат договор со субјектот, односно клубот, и наше е да го најдеме најдоброто решение. Логично е дека има се повеќе и повеќе натпревари , тоа е едноставно е ефектот на снежна топка што се тркала надолу. Повеќе натпревари поголеми плати, ако се намали бројот и платите треба да бидат намалени. Потребно е да се најде вистинскиот баланс, но тоа е тешко“, рече Фиго.