Македонија
Најголеми финансиски измамници
Најголемиот светски финансиски измамник американецот Бернард Медоф , кој своите клиенти ги олесни за неверојатни 65 милијарди долари, деновиве во
Најголемиот светски финансиски измамник американецот Бернард Медоф , кој своите клиенти ги олесни за неверојатни 65 милијарди долари, деновиве во Њујорк е осуден на 150 години затвор. Медоф има бројни, повеќе или помалку „успешни“ претходници ширум светот.
За изумител на системот на финансиски пирамиди се смета Чарлс Понзи (1882-1949). Името Понзи во англиското говорно подрачје е толку познато, што системот на пирамиди се нарекува Понзиев трик. Тој ги убедувал инвеститорите дека во трговијата со меѓународни хартии од вредност можат да остварат профит од 400 насто. На лековерните им ветувал удвојување на капиталот за 90 денови. А такви имало околу 40 илјади, кои му довериле скоро 10 милиони долари.
Пирамидалните шеми не ја заобиколија ниту Македонија. Ретко кој не се сеќава на Соња Николовска и нејзината пирамида Тат, која банкротираше со штедни влогови од околу 60 милиони евра.
Германската Соња Николовска се вика Дамара Бертгес. Таа го формирала Јуропиан кингс клубот, а добронамерните инвеститори од 1991 до 1994 во него вложиле две милијарди германски марки (околу милијарда евра). Таа им ветуваше дека ќе заврши превласта на лошиот капитал, но нејзиниот систем составен од 80 фиктивни фирми се урна во 1994 година.
Почетоците на трговијата со инвестициони сертификати се врзуваат со Бернард Берни Корнфелд. Тој во 1955 година вложил неколку стотини долари во отворање на друштво за отворени инвестициони фондови со хартии од вредност во Париз. Зделки случувал со Американци стационирани во Европа и на фин начин ги избегнувал и американските и европските даночни прописи. Неговото друштво Инвесторс оверсиз сервисиз, со седиште во Панама во 1960 година имало 25 илјади застапници, кои во Европа ги продавале неговите 18 инвестициони фондови. За десетина години друштвото вредело 2,5 милијарди долари, од кои голем дел исчезнаа, кога настапи криза на берзата, а системот доживеа крах.
Банката Херштат од Келн беше мала, но нејзиниот крах во 1974 година прилично го потресе финансискиот свет, а Германија промени повеќе законски прописи за финансиско работење. Оваа приказна почнува во 1971 година со напуштањето на фиксните девизни курсеви, кога трговците со девизи се најдоа во нова ситуација, во која со вложување на големи суми, можеа да извлечат добар профит и со најмала промена на курсот. Тоа стана специјалност на банката Херштат. Во 1973 година оваа банка располагаше со 24 милијарди тогашни марки, стекнати од трговија со девизи. Наредната година зачестените грешки доведоа до огромни загуби и службата за финансиски надзор наложи затворање на Херштат.
Младиот трговец со акции и компјутерски гениј Жером Кервијел ги исклучи контролните системи на банката Сосиете Женерал и започна трговија со финансиски деривати во која се обиде да заработи 50 милијарди евра, но без личен профит. Пред да биде откриен тој прокоцка 4,9 милијарди долари на банката.
Не толку голема загуба, предизвика младиот трговец со акции Ник Лисон. Тој во Сингапур, далеку од татковината стана свој контролор и го оштети својот работодавец британската банка Традишенсбенк Берингс за 1,1 милијарди долари. Лисон инвестирал на токиската берза, надевајќи се во растеж на индексот Никкеи, кој упорно паѓаше. Едно време Лисон успевал да ги прикрие загубите, но на крајот избега оставајќи на компјутерот порака „Жалам“. Лисон за своето финансиско „искуство“ напиша и книга по која во 1999 година е снимен и филм./крај/дв/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет
Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св. Наум Охридски “ од Охрид, денеска ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме, којашто во Кабинетот се одржува секој втор петок во месецот во знак на оддавање почит кон државата.
Во присуство на бројни претставници на Армијата, учениците, заедно со своите наставници и образовни асистенти, најпрво внимателно го ислушаа командирот на почесната единица кој ги образложи причините и процесот на менување на знамето.
Потоа, нивните љубопитни очи се вперија кон јарболот на којшто постојното, беше заменето со ново државно знаме. Церемонијата заврши со интонирање на македонската химна од Воениот оркестар, пропратено со детскиот хор.
Во рамки на посетата, дечињата ја разгледаа свечената сала со двата импозантни мозаици на академик Глигор Чемерски, „Македонија-светла земја“ и „Македонија-земјата памети“.
Претседателката изрази радост за присуството на најмладите посетители и одговараше на бројните креативни прашања меѓу кои и: Кои и биле омилените книги на нивна возраст? Дали ѝ недостигаат студентите? Сонувала и посакувала ли некогаш да стане претседателка? Какви карактеристики треба да поседува еден лидер? Како се одвива еден нејзин работен ден и колку долго трае? Дали ги помни омилените наставници?
Таа, во својство на ученичка, ги именуваше саканите учители, истакнувајќи дека имале огромно влијание врз нејзината љубов кон учењето.
На крајот, Сиљановска-Давкова им порача дека вреди да се учи и дека нема подобар влог во иднината, од оној во знаењето.
Младите посетители, освен со убави спомени, од Кабинетот си заминаа и со автограм од претседателката Сиљановска-Давкова.
Македонија
Бугарија го ратификуваше договорот за тунелот на Коридор 8 – отворање на нова железничка врска Скопје-Софија
Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил.
„Денес Народното Собрание на Република Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8.
Овој Договор во декември беше ратификуван и во Македонското Собрание.
Со ова се исполнети сите услови за доиадбзгра на железничкото поврзување помеѓу Скопје и Софија и Бургас.
Горд сум што овој Договор кој го потпишавме на 6ти Ноември со заменик претседателот на Владата на Бугарија Гроздан Караџов ќе значи поблиски економски врски помеѓу двете држави и двата народи, но покажува и силна посветеност на Македонија во реализација на Коридор 8 кој е исклучително значаен безбедносен коридор од висок интерес на НАТО и нашите стратешки партнери.
Паралелно го развиваме и Коридор 10 и Македонија ја правиме вистинска раскрсница на Балканот за добробит на сите македонски граѓани.
Продолжуваме да работиме“, напиша Николоски.
Македонија
(Видео) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделците за огромни 40 милиони евра
Од времето на СДСМ кога субвенциите беа 140 милиони евра, Мицкоски ги намали на 100 милиони евра. Ова е огромен удар врз земјоделците, врз нивниот труд, нивните семејства и егзистенција, оценува Александар Димитриевски од СДСМ.
„Пред избори, ВМРО ОКГ на земјоделците им ветуваше 180 милиони евра субвенции.
Наместо да ги зголемат субвенциите, ги излажаа земјоделците. Сега им ги намалија за 80 милиони евра помалку од тие што им ги ветува. Дополнително им ги усложнија условите.
80 милиони евра директно одземени од маката, трудот и егзистенцијата на земјоделците, од луѓето кои произведуваат храна.
Мицкоски ги понижи и ги измами земјоделците“.
Како што додаде, кратење има на сите страни и усложнување на условите, со зголемување на прагот за добивање на субвенции.
„Кај поледелските култури, кај пченицата, кај лозарството и овоштарството, намалени субвенции за тутун, за кокошки.
Ги укинаа сите добри мерки што ги воведе владата на СДСМ. Ја укинаа авансната исплата на субвенциите, земјоделецте останаа без сигурност, без поддршка, без чувство дека трудот им се вреднува.
Оваа влада крати од сите, само за да има за сопствениот луксуз, само да има за криминални тендери.
Нема пари за минимална плата од 600 евра, нема пари за повисоки субвенции за земјоделците, ама власта има пари за криминални тендери, нов авион, за луксузирањата на Мицкоски и неговите министри“.
СДСМ, посочи тој, бара итна ревизија на програмата, враќање на средствата и вистинска поддршка за малите и средни земјоделци.
„Земјоделството не смее да биде жртва на криминалните политики на ВМРО-ОКГ“.

