Скопје
Кисела Вода до крајот на 2015 година ќе добие репрезентативен Дом на културата
Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска заедно со градоначалникот на Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ, во понеделник го посетија објектот на старото кино во таа општина, кој се реконструира и адаптира во нов мултифункционален објект Дом на култура.
Се планира објектот да биде целосно завршен до крајот на 2015 година.
Министерката Канческа-Милевска изјави дека се почитува динамиката во однос на изградбата на Домот на културата. Појасни дека првата и втората фаза се целосно завршени и веќе се оди кон третата фаза односно бетонирање, поставување челична конструкција.
„Овој објект ќе биде од огромно значење за сите граѓани на Кисела Вода. Во овој објект порано се сеќавам на времето доаѓавме често, следевме голем број на филмски претстави бидејќи ова беше кино сала. Со изградбата на овој мултимедијален објект мислам дека ќе има најразлични содржини, една побогата културна понуда во Кисела Вода“, рече Канческа-Милевска.
Овој проект, посочи, се наоѓа во програмата на Владата и на Министерството за култура и во соработка и заедничко инвестирање и со општината Кисела Вода планираме објектот до крајот на 2015 година да биде целосно завршен токму во одбележувањето на големиот јубилеј од постоењето на општината.
„Финансиите се обезбедени и оваа година во буџетот на Министерството за култура“, истакна министерката Канческа Милевска и им се заблагодари на градоначалничката на Кисела Вода за нејзиното огромно залагање во изградбата на објектот, на тимот во општината и во Министерството за следење на динамиката на градежните активности, како и на фирмата која ја работи целосната реконструкција.
Потенцира дека во објектот ќе има прекрасна сала и покрај постоечките 140 седишта се очекува да има зголемување до 170 седишта и додаде дека станува збор за мултимедијален простор каде ќе има и посебна библиотека, читачка сала…
Градоначалничката Беличанец-Алексиќ рече дека ставена е кровна конструкција на објектот. Идејата, посочи таа, беше што поскоро да се затвори објектот за да може и во зимски услови градежните работи да се одвиваат во неговиот внатрешен простор за да може да се стигне со реализација до крајот на 2015 година, кога Кисела Вода слави 60 години од постоењето.
„Ваков репрезентативен објект заслужува оваа општина како најстара со оглед на фактот дека во моментов сигурно има над 70.000 жители. Очекуваме во иднина овој простор да биде заживеан онака како што заслужува. Имаме некакви првични идеи како би функционирал“, додаде Беличанец-Алексиќ. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Партијата Левица со иницијатива во Град Скопје за чекор кон енергетска независност и крај на скапата струја
„Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за формирање на градско енергетско претпријатие „Енергија Скопје“ ДООЕЛ, чија цел е Градот Скопје конечно да ја намали зависноста од скапото купување електрична енергија и да обезбеди сопствено производство од обновливи извори“, известуваат од Левица.
„Градот Скопје и јавните претпријатија во моментов плаќаат огромни износи за струја.
Наместо средствата да се трошат на комунални услуги, инфраструктура и подобар јавен превоз, тие завршуваат во надворешни снабдувачи.
Со ова решение, Градот ќе може сам да произведува дел од потребната електрична енергија, да ги снабдува своите институции по минимални цени и да продава вишок на пазарот, со што ќе обезбеди нови приходи.
Ова е стратешки проект кој обезбедува долгорочна стабилност и независност, а не краткорочна мерка.
Градот има огромен неискористен потенцијал, кровови, објекти и локации каде може да се развијат фотоволтаични централи и системи за складирање енергија.
Затоа очекуваме мнозинството во Советот, предводено од ВМРО–ДПМНЕ, да ја поддржи иницијативата ако навистина им е приоритет јавниот интерес. Ова не е партиска идеја, ова е решение кое му користи на целиот град.
Одбивањето на оваа иницијатива би значело дека некој става политички интерес пред интересот на скопјани, и дека не се сака долгорочно решение за намалување на трошоците, модернизација и енергетска независност.
Левица ќе продолжи да предлага системски и развојни проекти со кои Градот ќе стане финансиски постабилен, енергетски ефикасен и поеколошки“, се наведува во соопштението на Левица.
Македонија
Без струја денеска дел од Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Струшка бр.7А (општина Карпош)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
· поради промена на вентил во шахта од Ф-6/4 (во објект на Министерство за Одбрана) на ул.1732 бр.32 во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат, Собрание на град Скопје, општина Центар, Ноќен клуб Маракана и Сити Хотел од 09:00 часот до завршување со активностите. (oпштина Центар)
· поради промена на вентил во шахта од Ф-2“на ул.Македонија бб (кај Хотел Буши) во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од ул. Македонија (односно потегот од ул. Даме Груев до Рекорд), од 10:30 часот до завршување со активностите. (општина Центар)

