Црна хроника
Жени нападнати и ограбени во нивните домови во Куманово и Кривогаштани
Засега непознати сторители во два одделни случаи во Куманово и во прилепско Кривогаштани ноќта кон саботата провалиле во домовите на своите жртви и ги ограбиле, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Едниот инцидент се одиграл околу 3 часот во Куманово, на улицата „Веселин Маслеша“, кога непознат сторител влегол преку прозорецот од бањата на од куќата сопственост на 50-годишната Е.М. додека таа спиела и вршел пребарување, а потоа физички ја нападнал при што насилно од ушите и ги одзел обетките кои ги носела, а од плакарот одзел два златни прстена и уште еден чифт обетки, по што го напуштил местото на настанот.
Извршен е увид од страна на увидна екипа од СВР-Куманово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Во петокот, околу 23 часот во полициската станица во Кривогаштани, 72-годишната Л.М. ) пријавила дека околу 19,50 часот две непознати маскирани лица, се качиле по скалите на катот во куќата, затропале на влезната врата, по што откако им отворила, ја турнале и влегле во салонот.
Потоа ѝ ги врзале рацете и нозете со селотејп трака, и со закана со пиштол одзеле паричник во кој имало 800 австралиски долари, 200 евра, 3.000 денари и трансакциски картички.
Извршен е увид од страна на прилепската полиција, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

