Свет
Во Јамајка војна помеѓу полицијата и гангстерите

Повеќе од 1.000 војници и полицајци на Јамајка во вторникот водат жестоки битки низ сиромашните предградија на престолнината Кингстон со гангстерите од бандата на еден од најголемите нарко-босови во регионот, Кристофер „Дудус“ Коук, јавува Associated Press
Во престрелките, до кои дојде откако премиерот Брус Голдинг ја одобри екстрадицијата на криминалецот во САД, до сега загинале двајца полицајци и еден војник, а бројот на ранети и загинати гангстери не е познат. Надлежните служби на САД го сметаат „Дудус“ Коук за еден од најопасните нарко-босови во светот и веќе подолго време бараат негова екстрадиција во САД, каде што најверојатно ќе се соочи со доживотна казна затвор. Премиерот Голдинг девет месеци се обидуваше да го спаси озлогласениот криминалец од екстрадиција, но на крајот мораше да попупшти под притисокот на јавноста. Во комплицираната политичка реалност на островот, кој е најголем производител на марихуана на светот, но и омилена дестинација за одмор, сите политички партии се врзани за некоја криминална банда со седиште во сиромашните предградија. Таквата ситуација опстојува од 1970 години, кога партиите ги оформиле бандите за да го контролираат гласачкото тело. Во меѓувреме, бандите почнале да се занимаваат со трговија со дрога и оружје и станаа моќни криминални организации, но се’ уште се врзани за партиите. „Дудус“ Коук е врзан за владеачката Лабуристичка партија на Јамајка. Битките се најжестоки во упориштето на Коук во предградието „Тиволи Гарденс“ во западен Кингстон. Во рамките на последново предградие се наоѓа и гетото Тренчтаун, каде што е роден и израснал прочуената реге ѕвезда Боб Марли. Владата во целиот овој регион воведе вонредна ситуација. За сега никој не може да даде информација за тоа дали Коук е забарикадиран во некое од овие предградија или се крие на друго место. Престолнината Кингстон се наоѓа на југоисток на островот, стотици километри далеку од популарните одморалишта на северот на државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лавров: Русија постепено се оддалечува од терминот „непријателскa земји“

Русија постепено се оддалечува од терминот „непријателски земји“, постојат само земји со влади кои не се пријателски настроени кон Москва, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Постепено се оддалечуваме од терминот непријателска земја, иако тој останува во законодавството“, објави Лавров на прес-конференција посветена на подготовките за „Интервижн“, пренесува ТАСС.
Лавров одговори дека Русија нема непријателски земји, туку дека постојат само земји кои „имаат непријателска влада во однос на Руската Федерација“.
Фото: принтскрин
Свет
Затворени плажи во Хургада поради појава на ајкули

Неколку плажи во египетските одморалишта Хургада и Макади беа затворени во последните денови откако ајкули беа забележани во близина на брегот. Ова го објавуваат локалните медиуми.
Според туристите, неколку хотели одлучиле да ги затворат своите плажи како мерка на претпазливост, додека некои од нив во меѓувреме се отвориле повторно.
Како што објавуваат медиумите, експертите предупредуваат дека видови како што се тигрести и леопардски ајкули, кои се сметаат за особено опасни за луѓето, може да се појават во Црвеното Море. Поради оваа причина, се препорачува да се биде дополнително внимателен и да се почитуваат сите мерки пропишани од одморалиштата и службите за спасување, според написите.
Фото: принтскрин
Свет
Подготвени сме за секакво сценарио за време на посетата на Трамп, објави британската полиција

Британската полиција објави дека е целосно подготвена за сите можни ситуации и сценарија пред државната посета на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, оваа недела.
– Многу сум задоволен што испланиравме многу сеопфатен план за полициска и безбедносна операција што ги зема предвид речиси сите можни сценарија што би можеле да се случат – изјави помошникот на главниот комесар Крисјан Бант од британската полиција.
Бант изјави дека ќе бидат присутни значајни, многу видливи полициски сили, но одби да го прецизира бројот на распоредени полицајци.
Тој, исто така, објави дека воздушниот простор над замокот Виндзор ќе биде затворен, а специјализираните полицајци ќе бидат подготвени да се справат со секаков протест што може да се случи.
Британскиот крал Чарлс ќе го пречека Трамп во замокот Виндзор утре, пред американскиот претседател да ја продолжи својата посета во четврток на имотот на британскиот премиер Кир Стармер.
Фото: принтскрин