Европа
Патрушев: Во доктрината на САД е да доминираат во светот
САД се обидуваат да доминираат во светот и таа цел е приоритет на нивната доктрина, а многу посакуваат Русија да не постои како држава, смета секретарот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Николај Патрушев.
„Тие (САД) многу би сакале Русија повеќе да не постои. Како држава“, вели Патрушев во интервјуто објавено во московскиот весник Комерсант во понеделникот.
„Располагаме со огромни (природни) богатства. Американците сметаат дека ние располагаме со нив незаконски и неправедно, затоа што, според нив, ние не ги користиме на начинот како што сме требале да ги користиме“, вели натаму Патрушев потсетувајќи на изјавите на поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт, за тоа дека на Русија не ѝ припаѓаат ниту Далечниот исток, ниту Сибир.
Челникот на рускиот Совет за одбрана, исто така, смета дека САД силно влијаат врз Европа, принудувајќи ја на политиката на санкции против Русија и неприфаќање на присоединување на црноморскиот полуостров Крим кон Руската Федерација, што за Москва е легален израз на волјата на мнозинството од тамошното население, додека за Западот претставува незаконска руска анексија на украинска територија.
Патрушев истакнува дека причината за затегнатите руско-американски односи во моментов е тоа што „Американците се силни, а Европејците сосема безволни“. „САД се стремат да доминираат во светот. Таквата цел е утврдена во нивната доктрина. И додека можат тоа да го прават, тие ќе доминираат, и покрај тоа што светот се менува“, заклучува./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Поради планирање на терористички напад обвиненија добија трoјца тинејџери во Германија
Суд во германската провинција Северна Рајна-Вестфалија поднесе обвиненија против тројца тинејџери за планирање на терористички напад, пренесува ДПА.
Осомничените, на возраст од 15 и 16 години, беа уапсени во април за време на велигденските празници. Тие планирале напад во согласност со целите на терористичката група „Исламска држава“.
Обвинителството тврди дека тинејџерите ги разменувале плановите преку апликацијата „Телеграм“ и разговарале за напади во цркви и полициски станици.
Европа
(Видео) Новиот шеф на НАТО ненадејно дојде во Киев, разговараше со Зеленски за планот за победа
Новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, беше во ненајавена посета на главниот град на Украина, Киев.
Информациите за пристигнувањето на Руте во Киев ја објави портпаролката на НАТО, Фара Дахлалах, на социјалната мрежа „Икс“, каде што сподели линк од неговата прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Mark Rutte’s first visit as NATO Secretary General @SecGenNATO is to Ukraine, and this is truly significant. It immediately and clearly outlines the priorities, highlighting where the shared values of the entire Euro-Atlantic region are being defended right now. It also… pic.twitter.com/cknjtn7SsY
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) October 3, 2024
Дополнителни детали за посетата на Руте не беа веднаш објавени. Зеленски на „Икс“ напиша дека разговарале за неговиот план за победа.
Руте, поранешен холандски премиер, во вторникот ја презеде функцијата нов генерален секретар на НАТО на местото на Норвежанецот Јенс Столтенберг, кој ја предводеше алијансата во изминатата деценија.
Европа
(Видео) Се запали моторот на авионот на „Рајанер“ во Италија, патниците евакуирани
Патници се евакуирани од авионот на „Рајанер“, чиј мотор се запалил на летот Бриндизи – Торино во Италија.
Локалните медиуми јавија дека избувнал пожар на моторот на летот на „Рајанер“ со број 8826, кој требало да полета од градот Бриндизи на југот на Италија кон Торино на север. Од авионот се евакуирани 184 лица.
Ryanair Boeing 737-8AS aircraft (9H-QCB) engine caught fire at Brindisi Airport, Italy, nearly 200 passengers evacuated through emergency evacuation slides .
Flight FR8826 was preparing for take-off at Brindisi Airport in Italy when flames appeared from the Right engine.
The… pic.twitter.com/UBziP9pKf0
— FL360aero (@fl360aero) October 3, 2024
Италијанската противпожарна служба соопшти дека нема повредени. Исто така, беше наведено дека сите летови на аеродромот во Бриндизи се суспендирани.