Свет
Италијанските бискупи предупредија на опасност од мафијата
Италијанските бискупи предупредија дека дејствувањето на италијанската мафијата е „рак рана“ која е присутна во цела Италија, стои во документот кој денеска го објавија агенциите.
Италијанските бискупи предупредија дека дејствувањето на италијанската мафијата е „рак рана“ која е присутна во цела Италија, стои во документот кој денеска го објавија агенциите.И покрај ударите кои и ги зададоа италијанските власти, мафијата во Италија е се уште активна, предупредуваат италијанските бискупи.Организираниот криминал претставува „една од најдлабоките рани на југот на Италија“, кој ние најостро го осудуваме, стои во соопштението на италијанската Бискупска конференција.Според италијанските бискупи, мафијата не може и не смее да го диктира ритамот на економијата и политиката во југот на земјата бидејќи со тоа ја ограничува или во потполност ја оневозможува работата на државните власти.Организираниот криминал овозможува плодно тло за корупција и манипулација и ја „контаминира“ целата државна територија, сметаат италијанските бискупи.„Најмногу загрижува „влијателноста“ на мафијата, како и нејзината способност да закрепне и покрај сите „удари“ кои и ги зададоа италијанските власти“, стои во извештајот на италијанската Бискупска конференција која повикува на „национална солидарност“ и „граѓански дух и разум“./крај/хи/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте го прекори Зеленски за неговата критика кон Шолц
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте го прекори украинскиот претседател Володимир Зеленски за неговите критики на германскиот канцелар Олаф Шолц, нарекувајќи ги „неоправдани“.
Зеленски го критикуваше Шолц за неговиот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин. Тој, исто така, постојано јавно изразува неразбирање за одбивањето на канцеларот да испорача крстосувачки ракети Таурус.
Генералниот секретар на НАТО нагласи дека германската поддршка за Украина е без преседан и е втора по САД по обем и затоа Киев „треба да му биде благодарен на Шолц“.
Истовремено, советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден, Џејк Саливан, го повика идниот американски претседател Доналд Трамп да продолжи со воената поддршка за Украина.
Според Саливан, за да се постигне фер договор меѓу Русија и Украина, потребни се „лостови на влијание“.
РЕ-Ново
Фонтаната Треви повторно отворена по реновирањето: Пристапот е ограничен на 400 посетители
Фонтаната „Ди Треви“ во Рим денеска повторно беше отворена по завршувањето на вонредните работи за одржување во пресрет на јубилејната католичка „Света година“, која се слави на секои 25 години.
Работата за реновирање траеше три месеци и чинеше 327.000 евра, пренесе Анса.
На инаугурацијата на оваа знаменитост присуствуваа градоначалникот на Рим Роберто Гуалтиери, како и советникот за туризам на градот Алесандро Онорато, советникот за култура Масимилијано Смериљо и надзорникот за наследство Клаудио Паризи Пресиче.
Пристапот до споменикот сега ќе биде ограничен на 400 посетители во секое време за да се избегне голема гужва.
Посетителите засега нема да мора да плаќаат билет, иако во иднина не е исклучено воведување такса, изјави Гуалтиери.
За време на работите за одржувањето, беше поставена патека за туристите да можат да ја видат римската знаменитост додека се чистеше.
На посетителите им беше дозволено да ја фрлат својата паричка во „корпата“ во преминот, со што ја изразија својата желба да се вратат во Вечниот град.
Фонтаната сега ќе биде отворена секој ден за ограничен број посетители.
Свет
(Видео) Трамп: Ќе ја завршам војната во Украина, ќе ја спречам Третата светска војна
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера вети дека ќе го „запре трансродовото лудило“ на првиот ден од неговото претседателствување, додека републиканците, кои ќе ги контролираат двата дома на Конгресот и Белата куќа во новиот мандат, ќе го продолжат притисокот врз правата на ЛГБТК.
„Ќе потпишам извршни наредби за ставање крај на детското генитално осакатување и отстранување на трансродовите луѓе од војската и нашите основни и средни училишта“, рече новоизбраниот претседател на настанот за млади конзервативци во Феникс, Аризона.
Во говорот во неделата, Трамп даде големи ветувања за вториот мандат и ги окарактеризира како темна слика, четирите години што му претходеа под претседателот Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис.
Тој ја победи Камала Харис на претседателските избори во ноември 2024 година.
⚡️Trump announces plans to meet with Putin "as soon as possible" to end the war.
"President Putin said he wants to meet with me quickly. We’re waiting for that, but we need to end this war," stated the U.S. President-elect in Phoenix. pic.twitter.com/nPA95LjZ3r
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) December 22, 2024
„На 20 јануари САД засекогаш ќе ја свртат страницата по четири долги, страшни години неуспех, неспособност, национално распаѓање и ќе инаугурираме нова ера на мир, просперитет и национална големина“, рече Трамп, укажувајќи на неговата инаугурација.
„Ќе ја завршам војната во Украина. Ќе го запрам хаосот на Блискиот Исток и ќе спречам, ветувам, Трета светска војна“.
„Златното доба на Америка е пред нас“, додаде тој. Новоизбраниот претседател допрва треба јавно да објасни како планира брзо да ја заврши војната во Украина или да донесе мир на Блискиот Исток.