Сцена
Премиера на претставата „Деца изгубени во време"
Детски театарски центар, во вторник почнува со премиерата на детската претстава, предвидена за деца под 11 годишна возраст, „Деца изгубени во време”, која ќе се одржи во 19 часот, на сцената на Детски театарски центар – Скопје, во Стара Чаршија.
По премиерата ќе следат 30 бесплатни репризи за сите ученици од основните училишта од Скопје, секој работен ден од 11 и 13 часот, започнувајќи од среда.
Режија и кореографија: Ѓерѓ Превази, асистент: Лабинот Реџепи,,сценографија и костими: Крсте С. Џидров, музика: Самир Дургути.
Играат Мона Мустафа, Орхан Асани, Илир Речи, Фламур Гаши и Лабинот Реџепи
„Секој од нас бил некогаш дете. Секоја генерација има свои игри, свои соништа, своја имагинација, своја музика, свои филмови, околности и специфични услови во кои расте, се развива и се оформува…
Добро се сеќавам и денес на приказните на баба со Синиот Принц, со Ќерос кој секогаш беше бистaр, со паметниот Настрадин, со Аладин, Симбад, Дедо Мраз кој ни ги носеше подароци додека спиевме. Растејќи се повеќе мечтаевме да бидеме како Тарзан или како Херкул…
Потоа започна училиштето и нашето внимание постепено се придвижи кон лекциите кои не информираа, едуцираа и не созреваа секојдневно… Ретко родителите ни дозволуваа да гледаме ТВ, воглавно само филмови за деца како: Том Соер, Оливер Твист, но и Чаплин, Старецон и морето идр. Ретко ни се случуваше да и се прикрадеме на вниманието на родителите и да го вклучиме телевизорот за да гледаме некоја емисија за повозрасни.
Секако, мојата генерација порасна и воглавно се инспирираше со школските книги, од уметничките, историските и филозофските, со неореалистичната италијанската кинематографија, француската, подоцна со Холивудските, со музиката на Битлси, Дип парпл, Челентано, Абба, Џо Кокер, Тина Тарнер, Скорпионс идр…Додека денес постои една сосема превртена панорама што се однесува на начинот на кој растат, се едуцираат и
развиваат децата ментално и физички. Денес, како никогаш до сега, притисокот и насилството кое доаѓа од електронските медиуми, интернетот и технологијата, имаат енормно влијание во едукацијата, формирањето и иднината на новите генерации.
Анимирани филмови со терористи, авантуристи, оружје, убиства, гангстери и др, ги поробуваат срцата на многу деца кои се повече сакаат да личат на нивните виртуелни херои. Родителите се грижат се помалку (можеби поради многуте ангажмани) за да ги задржат децата подалеку од теленовелите, хорор филмовите, еротските и др.”, велат организаторите./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Соопштени наградите на МТФ Денови на комедија Куманово 2023
Жирито на 26 МТФ Денови на комедија 2023 Куманово во состав на претседателка Магдалена Ризова Черних и членови: Драгана Гунин, Кети Пауновска Стевковска, Петар Андоновски и Стефан Јакимовски ги донесе следниве одлуки за награди на Фестивалот:
- Најдобра претстава „Чекајќи го лекарот“ Театар Лесковац, Србија;
- Најдобра режија Дамјан Тенев „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
- Најдобра актерка Наталија Теодосиева „Илуминати“ Театар комедија – Скопје;
- Најдобар актер Александар Степанулески „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
- Најдобра споредна улога Бранко Атанасов „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
- Најдобра сценографија Радостина Тодорова „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
- Најдобра костимографија Раде Василев и Елена Вангеловска „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје
Култура
Претставата „Народен непријател“ гостува на два меѓународни фестивала во Црна Гора
Македонскиот народен театар во јули со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, ќе гостува на два меѓународни фестивала во Република Црна Гора.
Од 5 јули до 22 август ќе се одржи XXXVII фестивал „Град театар“ во Будва, кој оваа година е со слоганот „Сила, храброст и глупост“. Во текот на 49-те фестивалски дена на овој престижен собир на уметности ќе настапат околу 620 учесници во драмската, литературната, музичката и визуелната уметност, а нашата претстава ќе биде изведена на 16 јули во 21 часот.
Програмата е конципирана на повеќе локации: на сцената меѓу црквите, во црквата „Санта Марија“, Плоштадот на поетите, улиците на Стариот град, на платото пред хотелот „Авала“ и во амфитеатарот на манастирот „Стањевиќи“.
Второто гостување ќе се биде на XVIII меѓународен театарски фестивал „Пургаторије“ – Тиват, а покрај скопската претстава, чија изведба е закажана на 18 јули на летната сцена со почеток во 21.30 часот, во натпреварувачката програма ќе учествуваат уште 8 (осум) претстави од Белград, Загреб, Нови Сад, Подгорица, Тиват и од Сплит.
„Народен непријател“, во која играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски/Григор Јовановски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски, совршено кореспондира со кризата со која повторно се соочува нашето општество. Доктор Стокман е ангажиран маж, но е и идеалист, кој верува дека промената е можна и дека е неопходна итна жртва колку и да е тоа болно, а Ибзен е вешт и ги покажува механизмите како поединецот да зборува за системската неправда и автоматски се карактеризира како предавнички.
ПР
Култура
МНТ со „Нема да биде крај на светот“ гостува во Италија
Копродукциската претстава „Нема да биде крај на светот“ на Македонскиот народен театар, Перипетија продукција – Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР – Сараево, ќе учествува на италијанскиот фестивал „Монте Сакро“ во Фоџа.
Фестивалот „Монте Сакро“ (Monte Sacro) потекнува од Апулија во областа Гаргано, а се одржува во спомен на младиот прерано починат писател Матео Латино. Фестивалот е во режија на композиторот Артуро Анекино и има цел да ги вкрсти различните јазици на уметноста.
Фестивалот на музика, танц и театар – „Монте Сакро“, ја препозна режисерската и естетската актерска игра на Дарја Ризова, Саша Ханџиќ и Џана Џаниќ, која пред италијанската публика ќе се одигра на 25 јуни.
„Нема да биде крај на светот“ од својата премиера до денес е една од најнаградуваните претстави, а до сега доби повеќе од 10 (десет) награди.