Свет
Деца со лажни пушки предизвикале паника во училиште во САД
Група деца што се приближиле до основно училиште со пушки за пеинтбол, кои изгледале како вистинско оружје, предизвикале паника меѓу наставниците во училиштето Грахам, во сојузната држава Вашингтон.
Група деца што се приближиле до основно училиште со пушки за пеинтбол, кои изгледале како вистинско оружје, предизвикале паника меѓу наставниците во училиштето Грахам, во сојузната држава Вашингтон.
Канцеларијата на шерифот примила многу телефонски повици за тоа како група вооружени деца се движат кон училиштето. Кога полицијата ги привела шесте деца и запленила седум пушки, открила дека станува збор за копии на вистинско оружје.
Во училиштето инаку не се одвивала редовна настава, но во зградата имало наставници и ученици кои учествувале во воншколски активности. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.

