Македонија
Кекеши: Дискусиите да се водат внатре во институциите
Унгарскиот амбасадор, Ференц Кекеши порача дека политичкиот дијалог во земјата треба да се одвива внатре во институциите. Ова е основната порака што тој денеска ја пренесе на средбата со претседателот на Нова Демократија, Имер Селмани
„Подвлеков дека сакаме да видиме политички дискусии внатре во парламентот и основните прашања да се решаваат во демократските институции. Ми беа објаснети позициите на Нова Демократија, зошто се надвор од парламентот. Мојот заклучок е дека е многу интересно што политичарите, без разлика на која страна се, позиција или опозиција, понекогаш имаат исти цели и затоа би било препорачливо да се направат консултации пред да се носат одлуки, бидејќи тоа ќе биде интерес на земјата и на политичките партии“, рече Кекеши.Селмани, пак, од своја страна, ги образложил причините за напуштањето на парламентот од страна на неговата партија. Смета дека решението е во предвремени парламентарни избори.„Ценам дека она што е став на Нова Демократија околу пописот, околу Уставот и Бадентер, околу Охридскиот рамковен договор и околу сите проекти поврзани со енциклопедијата и проектот „Скопје 2014-та“ е дека тоа се тотално погрешни политики на власта кои што и прават големи штети на иднината на оваа државата и на сегашноста. Затоа што побрзо да одиме на предвремени избори, а пред тоа да се направат сите неопходни подготовки за фер и слободни парламентарни избори. Тоа е единственото решение за излегување од ќорсокакот во којшто е навлезена државата“, рече Селмани по денешната средба со амбасадорот Кекеши.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

